Жените и натаму се недоволно застапени во медиумите на Балканот, што ја потврдува родовата нерамнотежа и покажува постоење на различни форми на невидливост на жените. Ова го потврдија анализите на медиумите и истражувањето за родова еднаквост, спроведено во рамките на проектот „Media for All“.
Родовата нееднаквост е присутна во донесувањето на одлуки на работното место и во производството на содржини. Употребата на родово чувствителниот јазик во медиумите е мала, а улогите на жените често се стереотипни, најчесто прикажани во домашен домен, во образованието, животната средина или здравствената заштита.
Размислувајќи за тоа што би можело да се направи, за да се охрабри производството на квалитетни, етички, родово чувствителни содржини, кои ќе ги оспорат стереотипите што преовладуваат, ќе се спротивстават на патријархалните наративи и дезинформации и ќе го поддржат еднаквото вклучување на жените и мажите експерти, Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН ) дојде до идеја за создавање на онлајн директориум.
Директориумот за истражување на ресурси на БИРН (БИРД) е развиен со поддршка на тригодишната програма „Media for All“, имплементирана од Британскиот совет, БИРН, Интрак и Фондацијата Томсон, а финансирана од Канцеларијата на Обединетото Кралство за надворешни работи, Комонвелт и развој.
Како Директориумот го премостува родовиот јаз?

Активностите на „Media for All“, го поддржуваат промовирањето и развојот на родовата еднаквост на Балканот. Програмата ги препознава вмрежувањето и развојот на можностите за жените во медиумите низ целиот регион, како клучни за трансформирање на опкружувањето, ориентирано кон патријархатот.
Со БИРД директориумот, БИРН ја обедини мрежата на жени и мажи експерти на едно место.
Директориумот е база на податоци на експерти, што делуваат во различни полиња, од шест земји на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Никогаш досега не било полесно да се најде експерт/ка од Балканот, за медиумите, за правото, економијата или од областа на криминологијата. Базата на податоци може да се филтрира, со користење на различни критериуми, вклучувајќи ги и полето на експертиза, земјата на живеење или полот.
Што нуди базата на податоци?
Важна компонента на базата на податоци е нејзиното дизајнирање, на начин на кој контактите на експертките ги прави достапни за професионалните медиуми и за истражувачката заедница.
Базата на податоци моментално има повеќе од 1.400 имиња и контакти на експерти од 57 полиња, како што се човековите права, спортот, уметноста, ИТ секторот, политиката, безбедноста и меѓународните односи, од кои 500 се жени.
Од новинарки и советнички, до активистки и академици, жените во директориумот на БИРД, претставуваат моќна и вредна мрежа на знаења, вештини и професионализам.
Дополнително, базата на податоци е заедница што расте, којашто редовно се ажурира со нови контакти и референци.
Како да бидете дел од заедницата?

Директориумот на БИРД е дел од заедницата на БИРД, платформа развиена од БИРН и достапна за нејзините регистрирани членови. Заедницата на БИРД е безбедно место каде што новинарите и алумнусите можат да се сретнат со колеги од шесте балкански земји, заради комуникација, размена на идеи, на податоци и на информации, со цел соработка на постоечки проекти или започнување на нови.
Идејата за заедницата го одразува искуството на БИРН, поголемо од 15 години, во поврзувањето на новинарите ширум Балканот и пошироко, заради производство на комплексни регионални анализи и прекугранични истражувања.
Одредени функции на платформата, нудат уникатен начин за поврзување со заедницата на експерти: Базата на податоци на извори на БИРД (BIRD Source database), Форумот (Forum), Огласната табла (Bulletin Board) и, на крај, Директориумот (Directory). Директориумот на БИРД е првата референца за членовите на заедницата на БИРД.
Доколку барате експерт или веродостоен извор на информации за друга тема, земајќи ги еднакво во вид и мажите и жените професионалци, Директориумот на БИРД може да биде вашата почетна точка.
Доколку сакате да пристапите до директориумот на БИРД и да најдете експерт, регистрирајте се во БИРД заедницата, следејќи ја оваа врска.
Доколку сакате да предложите додавање на нови записи и контакти во директориумот, испратете ни го вашиот предлог на [email protected].