Гeнерацијата З (Ген З), сака содржина што е фактичка, интересна и лесно разбирлива: главен уредник на популарен словачки медиум, ги споделува своите сознанија

 минути читање

РЕФРЕШЕР (REFRESHER) е популарен онлајн медиум, кој објавува вести и обработува теми за животниот стил, кои се атрактивни за младата публика. Започнувајќи како средношколски проект, овој медиум е рангиран меѓу најпосетуваните веб-страници во Словачка, со 1,5 милиони читатели месечно. Нивната цел е да помогнат во изградбата на една модерна генерација, со отворен ум, не гледајќи на светот како бинарност на црното и белото. Во ова интервју со нивниот главен уредник, Матуш Бањович (Matúš Baňovič), ќе ги истражиме спецификите за тоа како Ген З ја конзумира содржината и како РЕФРЕШЕР ја прилагодува својата содржина, за да им ја направи попривлечна.

Матуш Бањович, главен уредник на refresher.sk

Младите консумираат вести во поголема мера, од која било друга генерација пред нив. - Матуш Бањович, главен уредник на refresher.sk

РЕФРЕШЕР е глас на модерната генерација. Како изгледа вашата публика?

Поголемиот дел од нашите читатели, се на возраст од 15 до 30 години, што е под Ген З, но ние им се обраќаме и на постарите генерации. Се фокусираме на тоа да понудиме содржини за секоја возраст. Во согласност со нашите вредности, ние ја поддржуваме слободата и толеранцијата, па затоа и целиме претежно читатели со либерално размислување, кои живеат во поголемите градови.

Кога зборуваме за Ген З, кои се спецификите на нивното конзумирање на содржина?

Ген З сака пристап до настанитем веднаш штом тие ќе се случат. Сакаат содржината да биде едноставна, интересна и фактички точна. Клучот за успехот е ставањето фокус на непознати теми, што се релевантни за нив. Но, исто така е точно, дека Ген З бара повеќе и потребно е повеќе напор за да се привлече нивното внимание. Не се случува тие да бидат толку заинтересирани за некоја тема, па да ја посетат веб-страницата со кликнување на објава на Инстаграм, туку доволно им е она што ќе го прочитаат на социјалните мрежи. Потребно е повеќе напор за да ги донесеме на нашата веб-страница.

Кои формати Ген З претпочита да ги користи?

Нашата најмлада публика навистина се интересера за видеата поставени на нашиот Јутјуб канал, но, исто така, многу популарни се и кратките анкети на нашата веб-страница, во што сме пионери меѓу словачките медиуми.

Користите модел на претплата за РЕФРЕШЕР. Можете ли да го споделите вашето искуство за подготвеноста на Ген З, да плати за онлајн содржина?

Според моето искуство, Ген З е поподготвена да плати за содржината, кога нудиме попуст на претплати. На пример, неодамна започнавме промоција од 0,33 евра за првата недела, што привлече нови претплатници. Ген З обично се вртат кон теми што не ги наоѓаат во другите медиуми, кон содржина што е уникатна или претставена на уникатен начин, како што се интервјуа, инспиративни приказни, контроверзни теми или одговори на нивните прашања (на пр. сексуално образование). Напротив, нив не ги привлекуваат тешки теми. Патем, ние секогаш работиме да им олесниме на нашите корисници да купуваат претплати, навистина само со еден клик. На пример, купување претплати со текстуални пораки. 

Што мислите за вообичаените стереотипи за Ген З, како на пример, дека се мрзливи или дека „младите не бараат вести, туку вестите нив ги наоѓаат“? Дали лично сте искусиле нешто вакво?

Според мене, овие хипотези се сосема погрешни. Се осмелувам да кажам дека младите луѓе, поточно оние на возраст од 15 до 25 години, доброволно консумираат содржини и често консумираат вести во поголема мера од која било друга генерација пред нив. Очигледно, тоа е поради пристапот до интернет и социјалните мрежи.

Нашето искуство и податоците покажуваат дека младата публика е заинтересирана за содржината на вести, доколку таа е испорачана на разбирлив начин, што објаснува како тоа влијае на нив. – МАТУШ БАЊОВИЧ, главен уредник во РЕФРЕШЕР.sk

Како ја прилагодувате вашата содржина, за таа да биде што попривлечна за Ген З?

Ние користиме поедноставни и полежерни наслови и секогаш користиме „ти“ во насловите. Важно е да се најде добра рамнотежа; не сакаме да звучиме како вести за таблоид или кликбајт, туку сакаме тие да бидат привлечни и лесно разбирливи. Обично не пишуваме за теми како што е надворешната политика; туку се фокусираме на теми кои имаат директно влијание врз животот на Ген З.

Но, имате вести на РЕФРЕШЕР, со кои информирате за актуелни настани како од Словачка, така и од светот.

Да, но тука нашата стратегија е да имаме наслови привлечни за Ген З, кои ќе бидат полежерни, фокусирани на влијанието на одреден настан врз нивниот живот. Клучот е во јазикот. Често објавуваме вести што ги објавуваат и другите, но, исто така, потребно е да најдеме теми за вестите што се уникатни или на тие вести да гледаме од поинаква, нова перспектива, за да можат вестите да го привлечат вниманието на Ген З.

Пример за наслов на вест објавена на Рефрешер Њуз, што го привлекува вниманието на Ген З: Рефрешер информира за фактот дека словачкиот фонд за земјиште, редовно објавува список на неидентификувани сопственици на земјиште, со наслов: „Дали сте наследиле земја од вашите предци? Дознајте лесно од нивниот нов список, можеби не сте ни знаеле за тоа”.

 

Како дојдовте до идејата да започнете со РЕФРЕШЕР Њуз и како таа се разликува од главната веб-страница, РЕФРЕШЕР?

Видовме интерес за вести кај нашите читатели. Во исто време, не сакавме РЕФРЕШЕР да ја изгуби целта како веб-страница за животен стил и не сакавме нашата почетна страница да биде полна со тешки, известувачки или аналитички теми. Разликата е, значи, во содржината. РЕФРЕШЕР Њуз објавува исклучиво вести и интервјуа за актуелни работи, додека РЕФРЕШЕР се фокусира и се позиционира како портал за животни стилови. Ги одвоивме и нашите сметки на социјалните мрежи, освен на Фејсбук, бидејќи најголемиот дел од нашиот сообраќај доаѓа токму од Фејсбук.

Улогата на социјалните мрежи е очигледно многу важна, кога се настојува да се привлече вниманието на Ген З. Кои платформи ги користите и како креирате содржина за секоја од нив?

Ги користиме сите платформи и, во основа, сите видови на содржини што тие ги нудат. Имаме канал на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм, ТикТок и Линкдин. РЕФРЕШЕР Њуз и РЕФРЕШЕР имаат посебни профили на Инстаграм, Јутјуб и ТикТок. Целната публика е различна на секоја платформа и ние нашата содржина и нејзината форма соодветно ја прилагодуваме.

Можете ли да дадете некои примери за тоа?

За исти вести, користиме различни наслови. На пример, во текст во кој се информира за можноста за одложување на даночната декларација, користевме вакви наслови:

Веб-страница: Овој трик ќе ви заштеди 600 евра, имате 10 дена да го искористите. Проверете дали можете да го искористите
Гугл срч: ЕКСТРА ПАРИ: Овој даночен трик ќе ви заштеди 600 евра

Дали некоја од платформите бара повеќе напор од другите?

Најголем фокус ставаме на нашиот Инстаграм канал, бидејќи бара поинаква презентација на темите, повизуелна. Таму продаваме текстови, преку серија приказни, и ги користиме сите можности на Инстаграм, за да привлечеме што е можно поголемо внимание. Според искуството на нашиот тим за брендирање, најефикасниот пристап на каналот ТикТок на РЕФРЕШ Њуз опфаќа прикажување на принт скринот на текстот во заднина и лицето на уредникот во преден план. Уредникот потоа ја прераскажува статијата „од Ген З до Ген З“ - користејќи речник прилагоден на Ген З. Иако оваа активност не носи многу сообраќај кон нашата веб-локација, таа е од клучно значење за подигнување на свеста за нашиот бренд.

@refreshersk

Sopozeraj dokonca a zisti jeho obsah 👀 Na svete je nový pracovný zošit určený pre ľudí vo veku 15 až 19 rokov. Týka sa partnerskej a sexuálnej výchovy a používať ho môžu gymnáziá či stredné školy. Dostupný je zadarmo online. #refreshersk #news #slovakia #slovensko #school #fyp #foryoupage #tiktok #like #coment

♬ original sound - REFRESHER

Можете ли пошироко да ја опишете улогата на тимот за брендирање? Кои критериуми треба да ги исполнува членот на еден таков тим?

Имаме тим од 5 луѓе кои работат само на објавите на Инстаграм и на ТикТок. Познавањето на социјалните мрежи и нивните променливи алгоритми е клучно, би рекол дека тие би требало да живеат со социјалните мрежи, да ги следат трендовите, да знаат што е, во дадениот момент, жешко на ТикТок, да ги следат странските медиуми и како тие ја нудат својата содржина на социјалните мрежи. Тие не треба да имаат новинарско искуство или образование, но, критичкото размислување е неизбежно, тие мора да ги разберат информациите што ги пренесуваат. Тоа е како келнер во ресторан.

Колку чини да се создаде содржина специјално за социјалните мрежи, во споредба со традиционалните формати?

Нашиот уреднички тим создава 99% од содржината, така што нашиот БЕТ тим служи како поддршка за темите за кои веќе се пишува. Нивната улога е да ја направат содржината попривлечна и секако, сакаме читателите на крајот да ја посетат нашата веб-страница. Социјалните ,мрежи служат како „јадица“ за генерирање на интерес. Покрај тоа, имаме посебен тим за видеа, но значителен дел од нивната работа е создавање содржина за платени партнерства.

Очигледно, социјалните мрежи чинат значителен дел од целокупниот сообраќај. Како изгледа во вашата редакција кога, на пример, Фејсбук не е активен неколку часа, како што тоа се случи пред неколку месеци?

Сè гори и нè фаќа паника 😀 Не многу одамна, бевме прилично зависни од Фејсбук и доживеавме значителен пад во сообраќајот на Фејсбук. Имаше времиња кога оваа мрежа ни носеше 50% од вкупниот сообраќај. Се обидуваме да ја елиминираме нашата зависност од Фејсбук колку што можеме.

Како го правите тоа?

Планираме да направиме некои подобрувања во нашата апликација. Исто така, ја користиме РЕМП [REMP (платформа за ангажирање и монетизација на читателите)], за да се одвоиме од платформите на трети страни. Кога зборуваме за апликацијата РЕФРЕШЕР, ние ја оптимизираме на начин таа да биде соодветна на потребите на Ген З, особено за да изгледа повеќе како навестување на социјалните мрежи. Сакаме нашата примарна целна публика да ја консумира нашата содржина првенствено од нашата апликација, наместо од Фејсбук.

Како ги поттикнувате читателите да дојдат до апликацијата и веб-страницата?

Преку пуш известувања и билтени. Пуш известувањата подеднакво добро функционираат и кога станува збор за будење на ангажманот кај Ген З, но и кај постарите генерации. Кога станува збор за маркетингот преку е-пошта, знаеме дека тоа функционира добро и со нетрпение очекуваме да ја пробаме РЕМП. Во моментов нашите билтени се автоматизирани, но имаме планови да поработиме и на нашата стратегија за билтените, односно да ги направиме нашите билтени поперсонализирани и уредувачки, наместо да бидат автоматски генерирана листа на неодамнешни текстови.

Што мислите за идејата да користите инфлуенсери за промоција на содржина? Дали тоа воопшто оди рака под рака со вестите?

Инфлуенсерите кои се популарни меѓу Ген З, помагаат да се создаде ‘кул’ слика за РЕФРЕШЕР, но таквите соработки најчесто се однесуваат за социјалните мрежи. Ги користиме првенствено за промовирање на нашите рекламни партнери и тоа е взаемно корисно партнерство. Сепак, нашата уредувачка содржина се произведува независно и слободно, и таа треба да се одвои. Според мојата перспектива, ако имате новинар, кој го следат многу луѓе (како што е Моника Тодова од ДенникН), што ја споделува нивната содржина на Инстаграм, тогаш тоа може да биде корисно за вашиот бренд. А доколку некој инфлуенсер најде интересна тема во нашата содржина и ја сподели, ние, нормално, имаме корист од тоа.

Колку години имаат членовите на тимот на РЕФРЕШЕР?

Нашиот уреднички тим е на возраст од 20 до 40 години. Нови млади, но и постари луѓе редовно доаѓаат и си одат, тоа е природен процес. Тимот за привлекување на виманието на брендот е исклучиво Ген З, со цел да може да ја „преведе“ содржината на јазикот на Ген З.

Дали мислите дека е возможно да се создаде содржина што ќе ја заинтересира Ген З, доколку вашата редакција е малку постара и помалку технолошки ‘поткована’? Што би му препорачале на еден ваков медиум, од каде да почне?

Забележувам дека тоа веќе се случува, многу редакции имаат млади практиканти од Ген З, кои, на пример, интервјуираат уредници или прават видеа во живо на Инстаграм. Топло би препорачал да ангажирате лица од Ген З, кои ќе бидат „преведувачи“ на јазикот на младите. Ова не е директно поврзано со придобивањето, но е многу суштинско за градење на свеста за брендот на социјалните мрежи.

Напомена: Овој текст првично е објавена на Фет Чили Медиа (Fat Chilli Media).

Фет Чили е компанија со седиште во Словачка, која им помага на медиумските издавачи, целосно да ги разберат своите читатели, да идентификуваат нови можности за раст и да ги максимизираат своите резултати со иновативни и ефективни решенија.

Поврзани статии:

Ако погледнеме неколку децении, па дури и векови наназад, ќе видиме дека медиумите и рекламирањето се неразделни. За тоа
Линеарната телевизиска програма, барем во поразвиените земји, наскоро најверојатно ќе се најде на смртна постела. Сè помалку гледачи седат
01-Razmišljajte-izvan-TV-kutije.png
Претприемништвото отсекогаш била најбурната и најдинамичната гранка на бизнисот. Многумина се обиделе и не успеале. Повеќето претприемачи кои се
5-stvari-koje-mediji-mogu-nauciti-od-preduzetnika

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за