Како да се координира проект за редизајнирање на веб-страници за мали медиуми: Научени лекции и направени грешки

01 Danilo Bajraktarevic - How to coordinate website redesign project for small outlets

Кога го започнавме проектот „Media for All“, сите ние, што работевме заедно, имавме едно заедничко нешто, кое водеше кон една цел, а тоа е да помогнеме во создавањето на можности, да поттикнеме подобрувања и да ги прошириме постоечките капацитети на медиумите.

Самата програма беше предизвикувачка, смела и возбудлива. Донесе нешто сосема ново, барем во оваа форма, за нашите партнери од Западен Балкан и на повеќе начини за нас беше многу важно да се увериме дека на ова влијаеме со квалитет и одредени стандарди, што сакаме да ги постигнеме. Додека го пишувам овој текст, со задоволство можам да кажам дека успешно финализиравме нови веб-страници за 15 медиуми, во сите шест земји на Западен Балкан.

Во периодот од пет месеци, доживеавме подеми и падови, но колективно успеавме во стремежот и обидите да ги затвориме нашите поглавја, во областа на дизајнот, развојот, имплементацијата, соработката, управувањето со трета страна и на крајниот резултат. Во овој текст ќе се занимаваме со некои од овие теми.

Целта е да се одговори на сите предизвици, да се развие план, „тинк-тенк“ ако сакате, што ќе елиминира некои од овие проблеми и ќе спречи нивно појавување во некои идни делови и ангажмани во овој или некој друг иден проект.

Најважно е да ги премавнеме јазовите и неефикасноста и со тоа да ја зголемиме продуктивноста, при што ќе се задржи истиот капацитет, но со поголем учинок и побарувањa.

Намера и побарувањa

Намера и побарувањa

За да ги разложиме видовите на завршена работа и разните додадени елементи, работата ја поделивме на 3 вида:

  • Основна
  • Од среден размер и
  • „Од нула“

Во рамките на овие 3 категории, за нас најважна работа беше, дека на некој начин, стандардизиравме одредени елементи во областа на безбедноста, стабилноста и капацитетите. Значи, се погриживме сите медиуми да добијат стандардни подобрувања, без да се грижиме во која категорија тие спаѓаат. Еве некои од примерите: 

  • Оптимизација на веб-страницата, подобра реакција, стабилност и приспособливост на верзијата на десктопот/мобилниот телефон, оптимизација на пребарувачот, компатибилност на прелистувачот, оптимизација на брзината;
  • Подобрувања на серверот/хостингот, подобар капацитет и брзина;
  • Подобрување на дизајнот на корисничкото искуство/корисничкиот интерфејс (UX/UI);
  • Следење, аналитика;
  • Управување со банери/реклами, платформи за донации, е-трговија;
  • Услуги за поддршка (SEO, GDPR);
  • Безбедносни прашања, SSL, DDoS, ублажувања;
  • Објавување/оптимизација на содржината;
  • Визуелен идентитет и брендирање;
  • Платформи за стриминг и додатоци за радио/видео;
Предизвици, примери и можности

Предизвици, примери и можности

Како што претходно споменавме, сега - ќе разработиме некои од предизвиците и пречките на кои наидовме во текот на времетраењето на проектот. По природа тие се различни и се категоризираат во различни области, како што се: процесни/процедурални, потоа предизвици и пречки во искуството/комуникациите, во поддршката и сл..

Фаза на откривање

Една од првите фази на секој проект е фазата „откривање“. Во неа носиме  заклучок што треба да се направи во рамките на самите проекти. Она што го идентификувавме е дека поголемиот дел од медиумите, во нашата фаза на откривање, не заклучија што сè е потребно, и кога оваа фаза од дизајнирањето беше завршена, медиумите беа заинтересирани да додадат и други елементи и идеи, во нивната соодветна конструкција. Ова резултираше со проширување на границите на самите проекти и ја претстави потребата за проширување на постоечките капацитети во делот понуда и оспособување. Како една од основните фази во предработниот циклус, овие елементи треба да имаат сериозно подобрување.

Препорака: Зголемете го обемот и деталите на прашалникот, побарајте вклучување на сите засегнати страни и уверете се дека комуникациите и очекувањата се поставени и усогласени со проектот и неговите модули, пред да се премине на фазата дизајнирање.

Јазична бариера

Со оглед на фактот дека поголемиот дел од земјите од Западен Балкан зборуваат многу слични јазици, практиката ни покажа дека тоа, всушност, не е толку вообичаено и лесно како што мислевме. Во некои земји изостана застапеност на капацитетот за англиски јазик, што резултираше со доцнење во комуникацијата, работата и одобрувањата.

Препорака: Со цел да се избегнат проблеми со оваа многу важна тема, предлагаме сите засегнати страни да имаат назначен член со познавање на англискиот јазик, што ќе ги елиминира горенаведените прашања и на крајот ќе го забрза самиот процес.

Лист/образец за проценка на потребите

Лист/образец за проценка на потребите

Ова прашање е поврзано со „фазата на откривање“ и, откако овој документ беше завршен, се судривме со доцнење и недостаток на интегритет. Целта на овој документ е да се идентификува обемот на работата што треба да се направи и јазовите на коишто може да се наиде. Речиси со секој медиум имавме искуство со барања кои временски беа надвор од оригиналниот договор и надвор од опсегот. Превенцијата на вакво нешто во иднина, ќе биде од витално значење за сите засегнати страни.

Препорака: Слично како и во фазата на откривање. Проширување на прашалникот/документот и ставање поголем фокус на ова прашање. Да им се даде поддршка и подобро да им се објасни на медиумите што и како ќе се случи. Да се мапира целиот процес и да им се презентира на медиумите што ги превенира празнините во комуникацијата/очекувањата.

Визуелен идентитет и брендирање

Се подразбира дека модерните сајтови се градат со употреба на шаблони, кои се приспособени на специфични потреби. Во некои околности доживеавме незадоволителни коментари и повратни информации од медиумите за користењето на шаблоните. Имајќи го ова на ум, еден од клучните аспекти во овој проект, освен градењето капацитети, е тоа што продолжуваме да ги зголемуваме специфичните и уникатни дигитални отпечатоци и присуството на конкретните медиуми.

Препорака: Ние сакаме да обезбедиме, во фазата на дизајнирање, да биде додаден дополнителен фокус, кој ќе ни даде импулс и ќе го елиминира ризикот од одење напред-назад во дизајнерските решенија.

Вклучување на партнери

Во ретки пригоди, беа вклучени и проектни партнери, на начин што е корисен за медиумите, но и за тимот за оспособување. Не се сомневам дека бекхенд работата се вршеше во најдобар интерес на медиумите и во однос на насоката и препораките. Но, во некои случаи, дискусиите со медиумите за техничките решенија, без сите инволвирани страни да бидат информирани и без да се знаат нивните официјални мислења за ова прашање, беа контрапродуктивни. Сите овие видови на комуникации не се прогресивни и во идеален свет, партнерите, медиумите и надворешните страни, треба да бидат усогласени со техничкото решение, дизајнот и општиот тек на настаните.

Препорака: Да се осигураме дека процесот на заклучување е „без недостатоци“ и дека сите засегнати страни се согласни за тоа кои се следните чекори. На време елиминирајте го враќањето наназад без причина или поради менување на мислењето. Генерално, зголемете ја вклученоста на проектните партнери во секој важен разговор, за да имаат видливост.

Технолошки збир/Teхнологија

Повторно еден од критичните елементи. На среќа за сите страни, искусивме само еден конфликтен проблем, со тоа што избравме технологија и пристап што не беа многу јасни и рекламирани на соодветен начин. Ова резултираше со недостаток на доверба во испораката.

Препорака: Треба да се погрижиме технологијата да биде избрана и претставена, пред фазата на дизајнирање. Сите страни треба да го одобрат овој елемент, за да може потоа да започне фазата на изградба.

Кога зборуваме за овој вид на предизвици, многу е важно да се објасни, да се разбере и да се опише нашиот тип на клиенти, во овој случај-медиумите.

Нашиот типичен медиум е „самонаправен“, што значи дека обично има еден директор/сопственик, ова лице е главен уредник, продуцент и главна фокусна точка за сите процеси на донесување на одлуки во тој медиум.

Вообичаено, директорот/сопственикот има 3-4 вработени, кои имаат повеќе функции, на пример, тие се и новинари, и уредници, и репортери од теренот, и, непотребно да се каже, луѓе за техничка поддршка. Повеќе од често, сите вработени се грижат за содржината на веб-страницата, при што се грижат вестите/содржините да бидат соодветно „поставени“, достапни и разбирливи. Згора на ова, вработените ги вршат неопходните ажурирања во бек-ендот на самата страница.

Медиумот од нашиот пример, е мал и преоптоварен, пренапнат и пристапува  кон одредени теми по моделот „учиме во од“. Повеќе од често има недостиг од техничко знаење, бара насочување, поддршка и навигација низ различните теми што ги бараат современите медиумски стандарди, а да не зборуваме за многу тешката, огромна и богато финансирана конкуренција. И покрај тоа, нашиот медиум прави сѐ за да биде на врвот, генерира неверојатни резултати и покрива непознати територии (и познати) и што е уште поважно, апсолутно е задоволство да се работи со нив.

Заклучок

Заклучок

Ние сме во голема мера уверени дека и покрај некои работи што беа споменати погоре, завршниот резултат беше добар и оти со текот на времето тој ќе се подобри, оти целокупното искуство за медиумите ќе биде повеќе од позитивно и ова беше и ќе продолжи да биде нашиот главен двигател и фокус во наредните месеци, на овој дел од проектот „Media for All“. Со имплементација на одредени работи опишани погоре како предизвици, успешно ќе го затвориме целиот проект, со високо постигнати цели, со клучни индикатори за перформансите и со задоволни клиенти.

За авторот:

Данило Барјактаревиќ

Данило Барјактаревиќ поседува диплома за бизнис и ревизија. Во својата кариера, тој се фокусирал на ИТ услугите, поддршката за корисниците, на софтверските услуги, нивно применување, на деловните операции и се профилирал како висок извршен директор со силна финансиска и деловна способност. Тој бил одговорен за повеќе проекти, за примена и испорака до клиентите во областа на малопродажбатa, телекомуникациите и финансиите. Со повеќе од 12 години искуство, бил ангажиран во мали и средни бизниси, со голем фокус на компаниите. Ужива да работи во невладиниот сектор и да ги поддржува субјектите на кои им е потребна подршка.

Author

  • Данило Барјактаревиќ поседува диплома за бизнис и ревизија. Во својата кариера, тој се фокусирал на ИТ услугите, поддршката за корисниците, на софтверските услуги, нивно применување, на деловните операции и се профилирал како висок извршен директор со силна финансиска и деловна способност. Тој бил одговорен за повеќе проекти, за примена и испорака до клиентите во областа на малопродажбатa, телекомуникациите и финансиите. Со повеќе од 12 години искуство, бил ангажиран во мали и средни бизниси, со голем фокус на компаниите. Ужива да работи во невладиниот сектор и да ги поддржува субјектите на кои им е потребна подршка.

Поврзани статии:

Во последните неколку години на глобално ниво сè повеќе се зборува за потребата медиумите да бидат самоодржливи. Ова се
Kako-do-samoodrzivosti-medija
Промените условени од технолошките иновации секогаш доаѓаат од најразвиените земји каде се наоѓа седиштето на најголемите технолошки компании, но
Korak-po-korak-od-faze-bez-prihoda-do-monetizacije
Истражувањата покажуваат дека медиумите и локалните веб-страници, се најголемите губитници на пазарот на дигитално рекламирање. Сѐ повеќе се инвестира

Врвни стории од Journalift:

00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација и стигматизација. Сè уште официјално не е усвоена дефиниција за лице со попреченост во БиХ, иако БиХ ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Во Србија, пак, според законот, поимот „лица со попреченост“ значи „лица
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Теми:

Најнови статии:

Јун 27
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација
Јун 20
Во моментов, Рамизе Салихај е на одмор со семејството дома во Косово, за првпат откако започна да работи како медицинска
Јун 17
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата на
Јун 13
Ниска е свеста дека голем број деца и адолесценти страдаат од разни видови ментални здравствени проблеми, како и дека здравствените