Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?

 минути читање

Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за новинари од различни медиуми. Дури и без бројните проблеми со кои новинарството денес се соочува, тоа е професија во која има конкуренција и во која многупати можностите за соработка се губат некаде помеѓу „кој прв ги добива вестите“ и „чија приказна е подобра“.

Но, ако успееме да го надминеме тоа и да ги најдеме потребните услови за поддршка и соработка, можеме да видиме дека некои од најдобрите новинарски стории во медиумскиот бизнис, се раѓаат токму од соработката помеѓу новинарите или новинарските тимови. А доколку зборуваме за соработката помеѓу новинарите од различни градови, региони или земји, тогаш резултатите за висококвалитетни истражувачки новинарски стории, можат да бидат неверојатни.

Има голем простор за напредок и развој на медиумите, кога говориме за зајакнување на врските помеѓу истражувачките и локалните новинари или локалните истражувачки новинари. Толку многу приказни, ако не и повеќето од нив, се напишани за проблемите и предизвиците со кои се соочува главниот град, а многу работи што се важни во другите региони или помалите градови и села, во медиумите се игнорирани или маргинализирани. Добрата соработка со локалните новинари и локалните медиуми, може да ги промени овие трендови и да понуди нови, свежи перспективи, со важни приказни кои се битни за јавноста.

Зајакнување на врските со локалните новинари

Подобрувањето на контактите и врските со локалните новинари, е многу корисно за креирањето на добри истражувачки стории, но и за добро вмрежување и соработка.

Локалните новинари имаат големи сознанија за бројните случувања во нивниот град или регион, и многу пати имаат посвежи информации од оние што не работат и живеат во тие средини.

Преку редовни состаноци, неформални собири и настани или иницијативи, може да се дојде до унапредување на контактите меѓу локалните и истражувачките новинари и да се изградат односи, кои ќе формираат доверба за идна работа. Овие врски можат да бидат основа на која ќе се градат идните приказни или проекти, при што локалните новинари ќе бидат повеќе вклучени во истрагите или анализите за различни важни прашања во нашето општество. Да се посетат локалните новинари и локалните медиуми, со цел да се добие подобар увид во предизвиците што постојат, е, исто така, многу важно за секој истражувачки новинар, кој сака да изгради повеќе врски и да ја унапреди својата работа.

Вклучете млади новинари од други градови во работата

Во изминатите неколку години, во нашата медиумска организација ПИНА, откривме дека од голема вредност за младите, за новинарството и за граѓанското општество, е да се најдат и да се вклучат повеќе млади новинари во работниот процес и во приказните што ги креираме. Ова не важи само за младите новинари кои работат во главниот град, туку и за оние кои живеат во други градови. Преку менторство и работа со овие млади луѓе во медиумите, гледаме дека искуството навистина ги менува и ги гради како новинари, но и ни помага да дојдеме до нови приказни и содржини, кои не би можеле да ги имаме, доколку тие не известуваат за тоа. Работиме со млади репортери, нудејќи им можности за менторство и практична работа, со покривање на стории што тие ги прават, но и ги вклучуваме во тимови со друг новинар и ментор. Предлозите понекогаш доаѓаат од наша страна, но многупати и локалните новинари даваат одлични идеи за приказни, кои се фокусираат на важните предизвици со кои се соочуваат луѓето што живеат во тие средини. 

Одлично е кога постои отвореност за создавање на вакви соработки со локалните медиуми, но, исто така, треба да се има предвид дека ‘фриленс’односно хонорарното новинарство се стреми кон соработка, па можеме да бараме партнери и кај локалните новинари, од кои многумина се активни хонорарци односно фриленсери. Сите овие можности можат да ја подобрат соработката меѓу колегите во новинарството и да имаат влијание не само на подобрување на односите меѓу новинари, туку и на подигнување на квалитетот на новинарството воопшто.

Кристина Озимец е истражувачка новинарка од Скопје и претседател на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Таа е и главен организатор на Медиумскиот фестивал Скопје.

Таа е специјализирана за покривање на различни области како што се политиката, корупцијата, владеењето на правото, човековите права, граѓанското општество и образованието. Озимец има освоено повеќе награди за нејзините истражувачки стории и ѝ се упатени пофалби за нејзиното професионално покривање на прашањата што се однесуваат на маргинализираните заедници и човековите права.

Одржувала обуки и предавања за истражувачкото новинарство и за медиумите. Координаторка е на две програми во ПИНА – Програма за новинарки и Програма за мобилно новинарство, како и координаторка на програмата – Мрежа на млади новинари. Кристина дипломирала новинарство на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје.

Поврзани статии:

Истражувањата покажуваат дека медиумите и локалните веб-страници, се најголемите губитници на пазарот на дигитално рекламирање. Сѐ повеќе се инвестира
Унапредувањето на деловните модели на локалните медиуми во Западен Балкан и тестирањето на новите извори на приходи, во ситуација
Во последните неколку години, финансирањето од заедницата (или, генерално, онлајн собирањето на финансиски средства) стана вообичаена тема меѓу, примарно,
01-3-Medijske-kampanje-prikupljanja-sredstava-na-Zapadnom-Balkanu-koje-inspirišu-i-iz-kojih-se-može-naučiti

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за