Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?

 минути читање

Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за да добијам подобар одговор. Делови од овој напис, се одговорите што ги добив.

Важно е да започнете од почеток и да разберете што е ЧетГПТ и како собира информации:

Смешно е како влијае на мене кога комуницирам со тоа, како избегнувам да напишам „тој“ и „нему“, иако го мислам тоа, и како имам потреба на крајот да се заблагодарам. Симулацијата на разговор, сличен на оној со човек - постигната.

Како и да е, да се вратиме на тоа да се биде човек – како и секоја нова технологија, ЧетГПТ и ВИ, ќе ја пореметат секоја област од нашите работни места и нашиот приватен живот, почнувајќи од начинот на кој бараме информации, како пишуваме и како читаме. Тоа ќе го промени и новинарството и медиумскиот бизнис. И како и секоја нова технологија, и овaа има свои добри и лоши страни, и на нас е да одредиме што е добро, а што лошо.

ВИ создава нови можности новинарите да внесуваат иновативност и да го подобрат својот занает. Алатките како што се обработката на природниот јазик и машинското учење, можат да им помогнат на новинарите да анализираат големи збирки на податоци и побрзо и попрецизно да добијат увид, што ќе доведе до понијансирано и поинформативно известувања – размислете за резиме на спортските игри - и можност за добивање повевеќе слободно време за потемелни, лични и стручни мислења. Или анализа на ТВ дебата [соработникот на „Њујорк магазин“ (New York Magazine) Бен Џејкобс веќе ја тестираше].

Луѓето секогаш ќе ги користат технологиите на начини на кои нивните креатори немале намера - помислете на, во голема мера, лажните видеа. Ние мислиме дека сега можеме да ја видиме разликата помеѓу вистинското и лажното видео, но технологијата напредува многу брзо. Начините на кои можеме да манипулираме или да бидеме изманипулирани со вести, а особено со видеа, стануваат покреативни и технолошки понапредни. Да се надеваме дека алатките што го препознаваат лажното и ВИ проверувачот на факти, ќе се развијат истовремено. Она што веќе е проблем со проверката на факти, е што во нашите животи постојат две спротивставени мислења за секоја тема. Повеќе се свртуваме кон оние медиуми на кои им веруваме и стануваме уште попристрасни и заглавени во нашите меурчиња. Ова веќе се случува и може само да се влоши. Пристрасните вести и поларизацијата, не изгледаат како нешто што може да се реши со ВИ.

Што е со губењето на работата?

Во ситуација кога сѐ повеќе луѓе се прашуваат дали нивните работни места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција, „Дејли Мирор“ (Daily Mirror) веќе најави дека ќе користат ЧетГПТ за пишување на локални вести. Се поставува и прашањето, дали ЧетГПТ и ВИ,  ќе имаат влијание врз веќе тековниот пад на локалните вести (бидејќи онлајн вестите го нарушија медиумскиот бизнис)? Или, сепак, преостанатите локални вести покажаа одредено ниво на издржливост, со јасно чувство за мисијата, уредувачката визија и подобро разбирање на нивната публика? Локалните вести би можеле да бидат слепа точка за ЧетГПТ и можеби локалните медиуми можат да го најдат својот пат да преживеат и да напредуваат. Вистината е дека вештачката интелигенција ќе преземе некои работни места, но како и со секоја нова технологија, таа ги презема основните работни места - работните места за почетници. Оние кои не се приспособиле и кои не научиле како да ја користат вештачката интелигенција, ќе имаат потешкотии. Видот на новинарство, што ќе ја преживее вештачката интелигенција, се добрите текстови во кои се даваат мислење, добар стил, човечки допир, сарказам и шеги.

Без разлика на кој начин ЧетГПТ влијае врз новинарството и медиумите, промените доаѓаат од различни страни, не само од тоа како ја работиме нашата работа.

Тоа ќе влијае на начинот на кој луѓето пребаруваат – реченицата што сега ја кажуваме, „чекај да изгуглам“, сигурно ќе се промени. Гугл (Google) веќе (во последните 7 години) дава директен одговор, без да не однесе на веб-страницата од каде потекнуваат информациите. Дали од следната година ќе ги користиме Бинг (Bing) или Гугл, за да добиеме целосен одговор, без да кликнеме на 10 линкови за да собереме што е можно повеќе информации? Што значи тоа за нашите веб-страници? Оптимизацијата на пребарувачот (SEO-Search Engine Optimization) е на работ на нешто што никој сè уште не може да предвиди како ќе изгледа - ова влијае на клучните зборови што ги користиме во нашите текстови, фотографии, па дури и во структурата на веб-страниците. Дали веб-страниците ќе застарат и дали тие ќе бидат само извор на информации кој ВИ ќе ги користи за собирање на информации?

Овие, но и уште многу други прашања ми паѓаат на ум, но засега да се обидеме да научиме и користиме колку што е можно повеќе. Јас, во голема мера, верувам во човечкиот ум и креативност. На крајот на краиштата, ги преживеавме социјалните мрежи.

Наташа Лаковиќ Ѓукановиќ е консултантка за стратегии, која живее во Белгија. Таа им помага на растечките компании да ги развијат своите стратегии за присуство и привлекување на пазарот и за раст, а им помага и во спроведувањето на овие стратегии. Наташа е менторка во проектот на Фондацијата Томсон, „Media for all“, и во две групи од Програмата за лидерство на жени на Европскиот совет за иновации (EIC).

Претходно, таа работела како главен маркетинг директор на Домен МЕ (Domain.ME), меѓународна технолошка компанија која управува со интернет доменот „.ME“. Таа е една од клучните луѓе кои влијаеја на развојот на дигиталната и старт-ап заедница во Црна Гора, коосновач е на digitalizuj.me, невладина организација која ја испитува трансформативната моќ на технологијата, преку различни проекти и предавања, и на spark.me, еден од најголемите технолошки/деловни конференции во Југоисточна Европа.

Поврзани статии:

Економската перспектива за младите во Србија и Албанија и понатаму останува ограничена и честопати претставува главна причина поради која
Financial-Struggles-Delay-Youngsters-Independence-from-Parents.png
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација – зошто темите со кои се занимаваат и
Во текот на последната деценија, дигиталните технологии го трансформираа најголемиот дел на медиумската индустрија. Напредокот на технологијата ги принуди
Overview-of-the-most-popular-media-business-models

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за