[Лично] Како Media Daily ја изгради својата медиумска заедница?

Зоран Ковачиќ

Зоран Ковачиќ

 минути читање

Сите ние кои работиме во медиуми добро научивме дека единственото нешто што е безбедно во нашите деловни животи е тоа дека – нема безбедност. Секој ден треба да ја слушаме нашата медиумска заедница, да се менуваме и да се прилагодуваме на пазарот. Забележувате дека намерно пишувам заедница, а не публика, бидејќи веќе подолго време тој процес не е еднонасочен.

Признавам, јас и самиот делумно бев во заблуда кога започнав со Media Dailyспецијализиран портал за медиуми. Идејата беше добра, знаењето, тимот и искуството несомнени, а желбата и упорноста на исклучително ниво. Сепак, малку бев разочаран од финансиските резултати на почетокот на мојот нов проект. Постојат неколку причини за тоа, па поминав неколку месеци на почетокот во преиспитување на детерминантите со кои започнав овој деловен потфат.

Од денешна гледна точка, никогаш повеќе не би го сторил ова

Бидејќи мојот портал е со претплата, знаев дека тоа ќе биде најтешкиот и најчувствителниот дел од мојот претприемачки потфат. Сите анализи на кои наидов за време на фазата на подготовка на проектот велат дека исклучително мал дел од читателската публика е подготвена да плати за новости на Интернет, па затоа за лична безбедност и заради двојна проверка, решив да направам моја анализа пред инвестицијата.

За чудо, моето истражување, спроведено на 500 луѓе од медиумите, ми даде различни, значително подобри резултати. Тука ја направив првата грешка затоа што го игнорирав фактот дека луѓето многу лесно ветуваат а многу тешко го исполнуваат ветеното, па влегов во инвестиции релаксирано и силно, сметајќи на тоа дека ќе станам само одржлив во рок од 6 месеци. Сакав да направам бум, но занемарив дека после бум скоро секогаш доаѓа трес.

Од денешна гледна точка, никогаш повеќе не би го сторил тоа.

Подобро е да се започне повнимателно и со помали очекувања, за да се распределат по оптимално парите наменети за инвестицијата.

Втората грешка ми беше што првенствено порталот го замислив на начин: Ние ви даваме новости, вие ни давате пари за таа услуга. На почетокот не обрнував целосно внимание на интеракцијата со нашите читатели. Во тоа време ми се чинеше дека вредноста на информациите што ги објавуваме е доволна за некој да стане наш претплатник. Сепак, не беше доволна и многу брзо морав да најдам начин да го сменам негативниот тренд на почетокот на порталот.

Чекор 1: Изградба на врска со заедницата

На почетокот на работата, им понудивме на сите претплатници можност да го читаат порталот 15 дена бесплатно и на тој начин создадовме база на податоци за луѓе кои веќе слушнале за нас и на кои повеќе не моравме да се претставиме кои сме, што сме и што нудиме.

Со луѓето кои го искористија слободниот период, а потоа не станаа претплатници на порталот, продолживме да комуницираме преку имејл. Во него, клучната содржина беше прашањето  што тие  сакаат и што не сакаат кај порталот, а не зошто не станале наши претплатници. Како награда за нивното потрошено време им дадовме дополнителни 30 дена бесплатно користење на порталот.

Оваа постапка ја повторуваме еднаш годишно, секако секој пат со некои други прашања. Анкетата ни помогна подобро да ги запознаеме нашите читатели и врз основа на одговорите да го смениме нашиот правец на работење. Се разбира, на овој начин се здобивме со одреден број нови претплатници.

Не застанавме тука, но тоа ни помогна и нè охрабри да започнеме да ја градиме нашата медиумска заедница.

Чекор 2: Да се вклучи заедницата во проектот

Со цел да ги вклучиме луѓето во нашиот проект што е можно повеќе, го направивме и изборот за најдобар регионален портал за вести. Во изборот учествуваа 30 портали од 6 земји, а траеше еден месец. Победникот се избираше со збирот на поени на жирито и гласањето на читателите, меѓу кои, се разбира, се и вработените во овие медиумски куќи, кои се наша примарна целна група.

Порталите на својата веб-страница објавија дека се номинирани во изборот и со тоа ни помогнаа во промовирање на целиот проект. Од друга страна, успеавме да ги ангажираме медиумски работници да ги поддржат своите медиумски куќи со глас и со тоа дополнително ја проширивме нашата медиумска заедница.

За време на изборот за најдобар регионален портал за вести, имавме пораст на бројот на корисници и интеракции за повеќе од 1000%!

За да додадеме вредност на нашиот портал, и во согласност со потребите на нашата заедница, ние сме исклучително активни на сите социјални медиуми каде разговараме со читателите за тековните медиумски настани и теми за кои другите не пишуваат.

Чекор 3: Да се создаде додадена вредност

Лансиравме и сопствена медиумска библиотека во која, во согласност со фидбекот од нашата медиумска заедница, објавивме книга 25 години приватни електронски медиуми во Хрватска, која ја немаше на пазарот, а е полна со историски факти за развојот на медиумите. Пред да ја објавиме книгата, на Тркалезната маса организирана во Домот на печатот во Загреб ги собравме клучните луѓе за кои пишувавме во книгата. Книгата доби и препорака од научната заедница како добредојдено четиво за студентите по новинарство.

Во моментов работиме на уште две книги, а овој пат тие се регионални изданија. Тоа се книгите Спорт и телевизија и Развој на јавни радиодифузни услуги од 1990 година до денес. Сакајќи да ги поврземе посетителите на порталот со нас што е можно повеќе, им ги подаруваме овие книги на нашите претплатници, а за сите други ќе бидат достапни на продажба во Media shop, нашата веб-продавница која штотуку ја лансиравме.

Чекор 4: Дополнително да се одржува заедницата

Имаме во план дополнително да организираме соодветни медиумски собири за нашата медиумска заедница, но пандемијата со Ковид-19 засега ја одложи оваа активност. Затоа, организираме епидемиолошки безбедни онлајн панел дискусии кои ги емитуваме во живо на социјалните медиуми, а потоа ги објавуваме снимките на нашиот YouTube канал. Се разбира, за време на преносот во живо, секој може да им постави прашања на нашите панелисти и со тоа активно да ја креира и насочи почетната тема на панелот.

Чекор 5: Да се понуди нешто ново на заедницата

Ангажманот на добро познати и признати медиумски експерти во рубриката „Гостин коментатор“ исто така беше полн погодок, бидејќи со тоа добивме дополнителен кредибилитет. Интересно е што досега никој не нѐ одби кога го контактиравме да напише преглед за нашиот портал за одредена ситуација во медиумите, за која проценивме дека соговорникот најдобро ја познава.

Со сето погоре наведено, нашите финансиски резултати значително се подобрија по разочарувањата на почетокот. Како што може да се забележи, негативниот тренд се промени во позитивен откако започнавме да ја претвораме нашата читателска публика во медиумска заедница со специфична додадена вредност. Од сегашна гледна точка, знам дека сите ние во медиумите сè уште треба да го правиме тоа, секој ден.

За авторот:

Зоран Ковачиќ

Зоран Ковачиќ е експерт за радиодифузија, телевизија, радио и дигитални медиуми. Тој е иницијатор и основач на првиот веб-портал специјализиран за медиумска и телеком индустрија во Југоисточна Европа. Покрај ова, тој има огромна експертиза како консултант за управување со медиуми, обучувач, развој и примена на дигитални деловни модели за медиуми. Објавил неколку книги специјализирани за историја на медиумите. Тој не се смета себеси за новинар, туку за некој што сака да пишува, да создава и да започнува работи. Во 2018 година, тој го лансираше MediaDaily.biz, регионален портал со уникатен деловен модел – со претплата на hardwall- што го разви во сигурен извор на информации за професионалната медиумска и новинарска заедница во ЗБ. Досега работел и давал консултации на различни медиумски актери во регионот, вклучително и јавни сервиси и портали во раните фази на нивниот развој.

Author

  • Зоран Ковачиќ

    Зоран Ковачиќ е експерт за радиодифузија, телевизија, радио и дигитални медиуми. Тој е иницијатор и основач на првиот веб-портал специјализиран за медиумска и телеком индустрија во Југоисточна Европа. Покрај ова, тој има огромна експертиза како консултант за управување со медиуми, обучувач, развој и примена на дигитални деловни модели за медиуми. Објавил неколку книги специјализирани за историја на медиумите. Тој не се смета себеси за новинар, туку за некој што сака да пишува, да создава и да започнува работи. Во 2018 година, тој го лансираше MediaDaily.biz, регионален портал со уникатен деловен модел – со претплата на hardwall- што го разви во сигурен извор на информации за професионалната медиумска и новинарска заедница во ЗБ. Досега работел и давал консултации на различни медиумски актери во регионот, вклучително и јавни сервиси и портали во раните фази на нивниот развој.

Поврзани статии:

Во регионот на Западен Балкан, донаторите и меѓународните агенции за имплементација, одиграа клучна улога во поддршката на развојот на
RETHINKING-SUSTAINABILITY-STRATEGIES-FOR-SMALL-INDEPENDENT-MEDIA

Врвни стории од Journalift:

Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички и да кликнуваат мудро. Како што вели УНЕСКО: „Медиумската и информациската писменост се меѓусебно поврзан збир на компетенции, кои им помагаат на луѓето да ги максимизираат предностите и да ја минимизираат штетата во новите информациски, дигитални и комуникациски пејсажи“
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто
E-COMMERCE AND E-PAYMENTS: UNUSED POTENTIAL FOR MEDIA OUTLETS

Теми:

Најнови статии:

Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден
Е-трговија и e-плаќања: Неискористен потенцијал за медиумите
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто време,