По карантинот – „Пандемската лузна“ на младите од Балканот

Натпревар за млади новинари на „Media for All“

Натпревар за млади новинари на „Media for All“

 минути читање

01-Posije-zaključavanja.-„Pandemijski-ožiljak-na-balkanskoj-omladini.png

Според Меѓународната организација на трудот, Ковид-19 диспропорционално ги зафати младите од Балканот, предизвикувајќи невработеност, несоодветно образование и проблеми со менталното здравје кои може да опстојат и по пандемијата. Ова остава простор за сериозна загриженост дека, дури и пред пандемијата, младите лица од Западен Балкан веќе се соочувале со значајни предизвици кои се однесуваат на вработувањето и социјалната инклузија. Но, дали е предоцна да се избегне „пандемска лузна“ на младите? Кои се решенијата за закрепнување во кои ќе бидат вклучени младите? 

Еден ден по Денот на ослободувањето на Албанија, кој е државен празник, ноќта на 29 ноември 2020 година беше страшна ноќ за граѓаните на малото албанско гратче Либражд. Млад човек скокна од 5-от кат од зграда во обид да си го одземе животот. Ужасната врева и неговите вресоци ги шокираа соседите. Младиот човек беше итно пренесен во локалната болница; но поради бројните повреди тој мораше да биде пренесен во Клиниката за трауматологија во Тирана. Дваесет и четиригодишникот, со иницијали Ј. С., падна на декоративна грмушка пред зградата која му го спаси животот, но тој остана доживотно парализиран. Вакво нешто се немаше случено во Либражд. Соседите веднаш се собраа прашувајќи се што го натерало да го стори тоа. Љушка, средновечна жена од Либражд, со вресок прашуваше зошто го стори тоа. Таа рече дека немало причина момчето да си го одземе животот.

Иако секој локален и национален медиум извести дека ова е обид за самоубиство, во полициската архива настанот официјално е заведен како несреќен случај.  Постојат две различни верзии на приказната. Зборувавме со неговото семејство. Татко му не се чувствуваше задоволен од извештајот на полицијата. Тој се чувствуваше лошо за време на случката и ја пријавил како несреќен случај поради културолошкиот притисок како и поради притисокот на јавното мислење.

Како само сиромаштијата да не беше доволна, сега тишината и тагата го надвиснаа ова семејство. Телевизорот беше исклучен бидејќи семејството не можеше да поднесе никакви звуци.

Младото момче го затекнавме парализирано, како лежи на ортопедски кревет, неспособно многу да зборува. Тој сѐ уште чувствува голема болка. Веднаш откако виде дека некој дошол да го интервјуира, тој заплака. „Барем сум жив“, рече тој. Го прашавме како е и што се случило таа ноќ.

„Не се чувствував добро кога го сторив ова. Имав свои лични проблеми и кризи. Не можев никому да се доверам, бидејќи сите ќе мислеа дека сум луд. Бев ментално болен и исполнет со негативна енергија. Јас сум свој непријател. Откако го сторив ова, сите се обидуваат да ме сослушаат, но сега е веќе доцна“, го завршува разговорот младиот човек.

Ја почитувавме приватноста на семејството. Тој не се чувствуваше пријатно да го продолжи разговорот, па татко му презеде од тој момент.

Сакам случајот на син ми да биде порака да ја подигнеме свеста и да ја почувствуваме болката на другите. Тоа нѐ прави луѓе. Другиот мој син ми кажа дека направивме огромна грешка. Не требаше да го пријавиме настанот како несреќен случај. Веќе не се срамиме да кажеме дека нашиот син беше ментално болен поради карантинот. Раскина со девојка му, падна на испити на факултет и седеше 24 часа гледајќи во ѕидот; тоа беше момент на слабост за него. Се чувствувам лошо како татко. Требаше да бидам поблиску до него и да обрнам внимание на неговиот чуден став. Требаше да постапам поинаку и да му кажам дека неуспехот е во ред. Жалам за својата грешка. Дури и како родители учиме од своите грешки.

Ова сиромашно семејство треба да ги надмине предрасудите и муабетите откако се случи ова. Преживеаниот не може да излезе, бидејќи ги изгуби двете нозе. Скршен му е ’рбетниот столб со што останува неподвижен за цел живот. Како ова да не беше доволно, неговите родители требаше да се справуваат и со љубопитноста и недоличните прашања од заедницата и соседството. Ал Назми, таткото на младото момче, им порачува на другите да не озборуваат за трагедијата, туку да внимаваат на своите деца и да се обидат да им се приближат.

Арјана Новаку, невработена жена која дома се грижи за сопругот со попреченост, зборува за влошената ситуација предизвикана од пандемијата.

„Пандемијата е многу тешка за моето семејство и за мене како жена, сама, невработена. Соочувањето со економската криза е доста стресно, а уште потешко ми е што треба да се грижам и за лице со попреченост.

Не можев сама, бидејќи и самата јас патам од хронична болест. Стресот не ги одмина ниту моите малолетни деца. Не можам да им ги задоволам потребите.

Јас сум таа која ги издржува. Имам испратено бројни барања за помош и имам добиено само празни зборови, никаква поддршка. Преку глава ми е од одење по локални институции со надеж дека ќе најдам решение – гледам дека тоа е невозможно“, заклучува Арјана.

Една од нејзините ќерки се обидела да изврши самоубиство за време на пандемијата на Ковид-19. Таа имала самоубиствени мисли и рекла дека не е среќна со животот.

Нејзините соученици постојано ја задевале поради нејзината тежина. Ја означувале во мемиња. Беше чудо што го забележав ова доволно рано; зборував со родителите на силеџиите и со наставникот. Тие беа свесни за мојата загриженост и веднаш презедоа чекори да ги едуцираат нивните деца и се извинија. Се сеќавам, еден од силеџиите дури и заплака кога дозна колку неговиот став и погрдни зборови влијаеле на ќерка ми.

Самоповредувањето кај тинејџерите е во пораст

Реџеп Шака, социјален работник во општината Либражд, вели дека албанските рурални заедници заостануваат зад други приоритети. „Немаме капацитет и средства. Можам да ги ислушам и секогаш се обидувам да бидам тука за нивните потреби, но потребни се повеќе психолози и психијатри за да се решат овие проблеми. Некои млади навистина се чувствуваат сами на светот. Вообичаените дејства вклучуваат сечење, гребење и кубење или влечење кожа или коса. Некои луѓе си ја удираат главата од ѕидот или удираат предмети или самите себе. Сепак, не секое самоповредување е поврзано со самоубиство. За да престане самоповредувањето може да бидат потребни години; барањето професионалец за ментално здравје може да им помогне на адолесцентите да преминат од самоповредување кон грижа за себе. Но, не сите се подготвени да престанат веднаш, а тоа е нешто што родителите треба да го имаат на ум.“

03-Rexhep-Shaka.png

Миљана Хасанај, психолог од ЕЦСИ (Еколошки центар за студии и истражување) решение за менталните болести на младите повеќе гледа во природата, отколку во традиционалната наставна програма. „Секогаш на младите кои се борат со проблеми во животот им велам да одат во природа, таа никогаш нема да ги изневери. Природата ослободува од стрес на начин на кој ни овозможува да се оттргнеме од работите кои всушност ни предизвикуваат стрес.

Министерството за образование и спорт во Албанија треба да ја истакне улогата на психологијата во училиштата. Идеално, секое училиште треба да има психолог. Треба да се наменат повеќе средства за вработување психолози. Понекогаш сѐ што им треба е да чујат глас.“

Тимот на новинари од натпреварот за млади новинари. Од лево кон десно: Амра, Јета и Арљис

Различни земји, исти проблеми

Доколку поминеме нешто повеќе од 400 километри кон северозапад, до Босна и Херцеговина, ќе разбереме зошто ова е проблем кој сериозно го засега Западен Балкан и дека во овој случај не постојат големи „разлики“ помеѓу земјите од регионот.

Нихад Бојиќ од Шериќи, БиХ, се сеќава на болните моменти кога дознал дека неговиот пријател извршил самоубиство, раскажувајќи ни колку е погрешно мислењето да не се разговара за самоубиство, бидејќи тогаш тоа се охрабрува.

„Дознав за страшната вест од неговите соседи. Навистина беше еден од најтешките повици, да дознаеш дека некој сакан го напуштил светот на таков начин те уништува.“

60 луѓе блиски до лицето ќе бидат засегнати од неговото/нејзиното самоубиство

Според резултатите од истражувањето „Извештај за светската популација“ („World Population Review“), стапката на самоубиство во БиХ е 10.9 на 100.000 жители. Зошто мора случаите на самоубиство да ги сфатиме сериозно и систематски ни укажува научно докажаниот факт кој со нас го сподели Вилдана Зрнановиќ-Хасановиќ, магистерка по психологија. Таа вели дека зад секое лице кое извршува самоубиство во просек има 60 луѓе блиски до него/неа кои се „засегнати“ од оваа смрт.

Како точно ова ги засега роднините и пријателите, Зрнановиќ-Хасановиќ објаснува: „Иако многумина сочувствуваат со роднините и пријателите на лицето кое извршило самоубиство, тие честопати се стигматизирани и изолирани. Стигматизацијата се однесува на ставот на нивната околина дека жртвата и нејзиното семејство и сакани не обезбедиле поддршка и не можеле да се справат со емоционалните проблеми и чувството на стигма и срам – што е бариера која ги дели од барањето поддршка и помош од професионалци.“

Исто така, Зрнановиќ-Хасановиќ потврдува дека роднините и пријателите честопати подлежат на висок ризик од самоубиствени мисли и обиди за самоубиство:

„Една студија спроведена од Питман (2016 г.), која опфати 3.432 млади кои изгубиле близок пријател или роднина како резултат на самоубиство, покажа дека тие имаат поголеми шанси да извршат самоубиство од луѓето кои изгубиле блиска личност поради друга природна причина. Ефектот е ист без разлика дали тие биле роднини или пријатели на жртвата.“

За среќа, во кругот на пријатели на Бојиќ, се истакнува потребата за сериозни разговори и заедничка поддршка по загубата на нивниот пријател.

„Подлабоко зборуваме за сечии поединечни грижи. Секој си носи свој товар и помагањето некому полесно да ја издржи тежината на товарот е најисконско изразување на човештвото како такво“, завршува Нихад.

Назад во училишните клупи со пост-пандемски мерки

Соочена со загубата на еден од нејзините студенти од средината на годинава, д-р Омердиќ, доктор на науки при Правниот факултет на Универзитетот во Тузла, напорно работи да внесе промени во системот во којшто работи.

„Кога по одреден период се сретнав со студентите со кои имав можност да се дружам пред пандемијата, кои присуствуваа на предавања со физичко присуство, кај нив забележав дека се присутни некакви промени.

Дали професорите треба да реагираат во случај на забележлива промена во менталната состојба на нивните студенти? Проф. Омердиќ објаснува дека „приватноста и правото на семеен живот треба секогаш да се заштитуваат, но истовремено постои обврска да се реагира на некаков начин доколку знаете дека постојат одредени однесувања и дејства кои се спротивни на применливите норми.“ Колку е важно да се работи во областа на менталното здравје за доброто на студентите во рамки на академската заедница и како проф. Омердиќ ги гледа промените кај студентите за време на пандемијата, може да се слушне од видеото подолу.

Интервју со д-р ЏАНЕТА ОМЕРДИЌ

Јавете на „Линија за живот“, во секое време има кој да ве ислуша.

Во отсуство на системско решение во Албанија и Босна и Херцеговина кое би придонело да се спречат самоубиствата кај младите, еден пример од Косово сѐ уште влева надеж.

Кога избувна пандемијата на Ковид-19 се отвори кол-центар за млади кои се соочуваат со ментални проблеми. „Понекогаш, сѐ што ни треба е да се прекине тишината за да разбереме колку другите се пронаоѓаат во нашата приказна. За оној кој се чувствува сам! За оној кој се чувствува немоќно! И за оној кој е уморен! Не си сам! Заедно закрепнуваме. Само зборувај и прекини ја тишината, јави се на „Линија за живот“ („Linja e Jetës“) на телефонскиот број 0800 12345 и отвори врата да излезе депресијата.“ Ова е моќна порака пренесена од една од познатите поп-ѕвезди во Косово во нејзиното видео на „Јутјуб“, кое има 29 милиони посети. Кампањата масовно се рашири кај славните личнисти и резултираше со голем успех.

Има надеж.

Овој кол-центар им помогнал на луѓето кои се јавиле и ги споделиле нивните проблеми поврзани со самоубиствени мисли. На другиот крај на линијата се добро обучени професионалци кои ги надгледува психолог, кој безусловно ги слуша без да го открие идентитетот на јавувачите.

Директорот на овој СОС кол-центар, Бинд Скеја, за Иницијативата на млади новинари изјави дека врз основа на истражувањето засновано на повици, пандемијата има сериозно влијание на здравјето на младите Косовци, но не само на нив. Тој рече дека откако е отворена линијата, речиси не минува ден без повици.

На фотографијата погоре: Бинд Скеја, директор на кол-центарот „Линија за живот“

„Ретко се случува да немаме повици. Имаме 4 до 10 повици дневно. На јавувачите им гарантираме анонимност за да ја стекнеме нивната доверба. Многу внимаваме кога станува збор за нашиот углед. Веќе две години работиме на тоа да ја стекнеме довербата на јавноста. Тоа е постојана работа, бидејќи сѐ уште се води борба со стигмата која ја доживуваат овие луѓе.“

Со оглед на тоа што Скеја е психолог, тој има мислење за влијанието на пандемијата, особено кај младите. Таа создаде голема празнина која ќе биде тешко да се пополни со текот на времето, посебно за оние луѓе кои беа затворени во себе. Во Косово тоа е проблем, бидејќи немаме истражување кое го рефлектира ова, но тоа е повик во 2022 година да се работи повеќе за да се крене свеста на институциите, да се инвестира во активности, свест и обуки за менталното здравје, продолжува Скеја.

Тој ги осудува косовските институции поради тоа што не го сфаќаат сериозно прашањето за менталното здравје. „Ова прашање не беше земено сериозно по пандемијата или претходно, почнувајќи од недостигот на психолози во училиштата. Центарот за ментално здравје во Приштина е преполн, нема психолог во Центрите за семејна медицина. Инвестициите се ниски и само 3% од државниот буџет за здравство оди за менталното здравје, завршува директорот на „Линија за живот“.

Младите со поддршка за младите

Лицата кои разговараат со јавувачите се доброволци, една од нив е и Љиригзона Рустеми, којашто ја смета оваа работа за доста важна. Ова е нејзината приказна:

Видео-интервјуто на Љиригзона

Статистиката на косовската полиција до која дојдовме покажува дека бројот на самоубиства и обиди за самоубиства бил поголем во 2020 и 2021 година, во споредба со претходните години.

Година

Број на обиди за самоубиство

Број на извршени самоубиства

201910131
202011140
202114234

За директорот на Здружението на психолози на Косово, Наим Тељаку, веројатно пандемијата и сите проблеми кои дојдоа со неа ги натерале луѓето да помислат на самоубиство.

На фотографијата: Наим Тељаку, претседател на Здружението на психолози на Косово за време на интервјуто со новинарката Јета

Тељаку вели дека постојат многу причини поради кои пандемијата влијае на менталното здравје на младите во моментов, а ова ќе има последици и во иднина.

Младите се една од најранливите целни групи зафатени од пандемијата.

„Пандемијата на Ковид-19 има негативно влијание на менталното здравје на целата популација, но некои конкретни групи се повеќе засегнати. Кај младите, покрај споменатите ефекти, се забележуваат проблеми од опсесивна природа, проследени со зголемување на количините на внесена храна, алкохол и дрога во функција на справување со високото ниво на стрес. За младите кои се дел од образовниот процес, пандемијата индиректно има многу негативни ефекти поради отуѓеноста од образовниот процес. Овие ефекти може да бидат долгорочни и може да се комбинираат со негативните ефекти на превентивните мерки и изолацијата и да му наштетат на менталното здравје на младите во наредните неколку години.“

Крајот на пандемијата можеби се наѕира, но ефектите кои таа ги има на младите ќе траат уште многу долго по неа. Недоволниот број на одговори од институциите и националните влади покажува дека во моментов се потребни понатамошни мерки во форма на политики, со кои ќе се адресираат долгорочните последици од пандемијата врз образованието, работата и менталното здравје на младите. Трите области на образовни загуби, економски загуби и слабо ментално здравје сега создаваат долгорочна „пандемска лузна“ кај младите. Ова може да ги следи младите до крајот на животот и се бара од владите и институциите да делуваат уште веднаш, со цел да испорачаат решенија за закрепнување во кои ќе бидат вклучени младите, се вели во извештај од Европскиот младински форум.

Ако си младо лице кое се соочува со проблеми, слободно јави се на некој од овие броеви. Има кој да те ислуша.

АлбанијаАлбанска национална линија за помош на деца: 116 111

Босна и Херцеговина „Виве жене“ („Vive žene“): +387 35 226 819 

Косово – „Линија за живот“ („Linja e Jetës“), кол-центар за спречување самоубиство: 0800 12345

Арљис Аљикај известува од Албанија

Амра Авдиќ известува од Босна и Херцеговина

Јета Сељманај известува од Косово

За авторот:

Натпревар за млади новинари на „Media for All“

Дванаесет тимови, составени од по тројца млади новинари, од најмалку две различни земји од Западен Балкан, со поддршка на искусни ментори, осум седмици работеа на создавање на регионални приказни, фокусирани на младите. Приказните беа развиени низ програмата, „Media for All“, која е финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Одговорноста за содржината и ставовите изразени во овие приказни, ја имаат самите автори.

Author

  • Натпревар за млади новинари на „Media for All“

    Дванаесет тимови, составени од по тројца млади новинари, од најмалку две различни земји од Западен Балкан, со поддршка на искусни ментори, осум седмици работеа на создавање на регионални приказни, фокусирани на младите. Приказните беа развиени низ програмата, „Media for All“, која е финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Одговорноста за содржината и ставовите изразени во овие приказни, ја имаат самите автори.

Поврзани статии:

Ако погледнеме неколку децении, па дури и векови наназад, ќе видиме дека медиумите и рекламирањето се неразделни. За тоа
Во текот на последната деценија, дигиталните технологии го трансформираа најголемиот дел на медиумската индустрија. Напредокот на технологијата ги принуди
Overview-of-the-most-popular-media-business-models
Конвенционалната мудрост вели дека ако сакаме да биде успешен, пред да започнеме нов бизнис мора да напишеме детален бизнис
KOLIKA-JE-STVARNA-VRIJEDNOST-BIZNIS-PLANIRANJA

Врвни стории од Journalift:

Capacity-building-as-a-necessary-investment-for-media-outlets
Post Author
Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се потребни на организациите и заедниците за да преживеат, да се прилагодат и да напредуваат во светот кој брзо се менува, е една од клучните алатки кои Фондацијата Томсон (ФТ) ги користи, заедно со менторството и грантовите, за поддршка на
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат
Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy

Теми:

Најнови статии:

Градењето капацитети како неопходна инвестиција за медиумите
Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се
Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден