Северна Македонија, КумановоЊуз: Од локален до регионален медиум

 минути читање

KumanovoMK

КумановоЊуз, со поддршка од проектот Media for All, полека прераснува од локален во регионален медиум. Овој онлајн портал успеа да го прошири своето работење за кратко време, и сега произведува мултимедијална содржина за значајни теми и настани не само од кумановскиот крај, туку и од целиот североисточен регион. 

„Нашиот портал постои повеќе од 13 години и ова е прв пат локалните медиуми да се во самиот центар на еден странски проект. Благодарение на поддршката која ја добиваме преку овој проект започнавме со производство на мултимедијални содржини. Покрај тоа, започнавме да развиваме и регионален пристап во нашата работа, а исто така и да воспоставуваме подлабоки врски со нашите сограѓани од регионот,“ рече Сузана Николиќ, главен и одговорен уредник на КумановоЊуз, додавајќи дека токму како резултат на регионалниот пристап бележат постојан пораст.

Од март 2021 КумановоЊуз има произведено око 1000 кратки вести, 1060 фотографии, 6 мултимедијални видео приказни, 3 анализи опремени со инфографики, како и уште 3 стории опремен со графики и визуали. Некои од овие стории беа дури и преземени и објавени од големи национални медиуми.

Мултимедијалниот пристап во работењето, споредено со истиот период лани, резултираше со севкупен пораст на читаноста од околу 25%.

„Кога објавуваме истражувачки или мултимедијални приказни посетата ни расте и до 25000 посети дневно. Исто тако и претплатниците на нашата Фејсбук страна пораснаа од 28000 на 31000,“ рече Николиќ додавајќи дека расте и посетата од целиот североисточен регион како и од дијаспората. 

Досега КумановоЊуз, со поддршка од менторите и експертите на Фондацијата Томсон, разви маркетинг стратегија, добија нова веб страна, вработи неколку нови работници, а воедно ја прошири и дописничката мрежа.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите очи? На многумина од нас, првото нешто што ни поминува низ мислите, е да го извадиме телефонот и тоа да го документираме, со фотографирање или со видеоснимка. Паметните телефони речиси секогаш ни се при рака, а податоците покажуваат дека
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација – зошто темите со кои се занимаваат и

Теми:

Најнови статии:

Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени
Како приказните за активизмот и човековите права, завршија на најчитаните портали во Босна и Херцеговина?
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација - зошто темите со кои се занимаваат и резултатите