Северна Македонија, ТВ ВИС: Подобра поврзаност со публиката

 минути читање

Регионалниот медиум од јужниот град Струмица, успеа, преку граѓанско новинарство, да ја поттикне интерактивноста и да ја зголеми публиката и приходите. Имено, целта на проектот на ТВ ВИС беше да се создаде нов пристап во постоечкиот однос помеѓу медиумот и јавноста. Со помош на проектот „Media for All“, тие создадоа посебна потстраница на нивниот портал, што овозможи полесна двонасочна комуникација.

„Оваа алатка им овозможува на граѓаните, во секое време, да испраќаат фотографии, информации, приказни и да посочуваат идеи и предлози, како тие да се решат“, вели,  Мери Јанчева, проектна менаџерка во ТВ ВИС, додавајќи дека „забележале многу поголем ангажман на публиката како резултат на оваа алатка. Бидејќи таа овозможува полесен пристап до нашиот медиуми, а тоа е главната цел на нашиот проект. Исто така, добиваме објективни и брзи информации од секој дел од југоисточниот регион“.

А бројките го покажуваат токму тоа. Пред имплементацијата на проектот, имало околу 40.000 посети месечно на нивната веб-страница, а во декември минатата година, таа бројка изнесуваше околу 64.000. Од ТВ ВИС посочуваат дека нивната мисија е граѓаните да не бидат само пасивни набљудувачи, туку активно да се вклучат во информирањето и решавањето на проблемите, кои се во нивен интерес.

„На тој начин, тие ќе имаат одговорност да ја градат и зајакнат граѓанската култура“, велат од ТВ ВИС.

Овој медиум емитува програма во југоисточниот регион, на границата со Грција и Бугарија, повеќе од 20 години, првично како локален, а во последните 10 години и како регионален медиум.

Во однос на проектот „Media for All“, Јанчева посочува дека обуката, интервенциите за изградба на капацитетите и менторството, им помогнале да стекнат нови знаења и искуства од медиумската сфера.

„Вреден придонес за успешна реализација на проектот, дојде од нашиот ментор. Благодарение на редовната комуникација, во комбинација со нивното искуство, насоки и идеи, проектот успешно се реализира“, нагласи Јанчева. 

ТВ ВИС е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од проектот „Media for All“, кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето и на користењето на платежните институции кои се нудат. Според голем број извештаи на релевантни институции и медиуми, тоа беше период на раст на е-трговијата и различните модели на претплата, кои се задржаа и денес, иако можеби не до
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор

Теми:

Најнови статии:

Зошто не треба да се откажеме од моделот на претплата?
Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето
Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени