Северна Македонија, ТВ Глоби: Дијсапората поблиску до вашите домови

 минути читање

GlobiMK

Регионалната телевизија од Гостивар, ТВ Глоби, започна со емитување на документарните емисии посветени на дијаспората. Емисијата ДиаСпора се фокусира на животните приказни, предизвиците во новите држави, како и врските со родниот град на иселениците од Гостиварско. Првата епизода, посветена на гостиварци кои работат и живеат во Швајцарија, беше емитувана во август. 

Ќе снимиме десет епизоди од емисијата ДиаСпора, а секоја емисија ќе биде долга околу 30 минути,“ рече Зоран Маџоски од ТВ Глоби додавајќи дека „втората епизода е во завршна фаза и се наоѓа во монтажа.“

Впечатоците после првата епизода се повеќе од позитивни. Како што истакна Маџоски „емисијата ќе има висока гледаност судејќи по првичните коментари и впечатоци од публиката.“

На основа на овие позитивни реакции и коментари ТВ Глоби сака да развие уникатен модел за монетизација. Имено, планираат да ја рекламираат емисијата на социјалните мрежи потенцирајќи дека истата може да се гледа само на одредени оператори. За возврат, очекуваат операторите да им дадат дел од претплатата од новите претплатници кои би биле добиени како резултат од заинтересираноста за новата емисија.

Како што истакнуваат од ТВ Глоби сите предуслови за успешно имплементирање на бизнис планот се тука. „Во моментов сме претежно фокусирани на промоција на нашата работа. Сакаме да ја зголемиме гледаноста што пак ќе резултира во поголем број реклами и развивање на долготрајни партнерства со компании,“ рече Маџоски.

ТВ Глоби е основана во 2013 година. Телевизијата може да се гледа на кабелските оператори во следниве три општини: Гостивар, Врапчиште, и Боговиње.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите очи? На многумина од нас, првото нешто што ни поминува низ мислите, е да го извадиме телефонот и тоа да го документираме, со фотографирање или со видеоснимка. Паметните телефони речиси секогаш ни се при рака, а податоците покажуваат дека
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација – зошто темите со кои се занимаваат и

Теми:

Најнови статии:

Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени
Како приказните за активизмот и човековите права, завршија на најчитаните портали во Босна и Херцеговина?
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација - зошто темите со кои се занимаваат и резултатите