Северна Македонија, ТВ М: Зголемен сообраќај преку ангажирање на публиката

 минути читање

Регионалниот медиум, ТВ М, од Охрид, успешно го имплементираше проектот „Ти си твојот град“, чија цел е да ги доближи граѓаните до медиумот, охрабрувајќи ги да станат граѓани новинари.

Идејата е да се зголеми обемот на огласувачите, односно, да се зголемат приходите на медиумот, со зголемување на сообраќајот, досегот и видливоста на веб-страницата на ТВ М, од една, и гледаноста на програмата, со нудење содржина генерирана од публиката, од друга страна.

„Врз основа на строго дефинирани критериуми, граѓаните беа охрабрени да поставуваат видео и фотосодржини на профилите на ТВ М на социјалните мрежи, преку електронска пошта и на веб-страницата на медиумот, за теми што ги сметаат за важни и релевантни (инфраструктурни прашања, корупција, незаконски активности итн.)“, вели, Ирена Арнаудова, од ТВ М, додавајќи дека содржината од висока релевантност и важност, генерирана од корисниците, била дополнително покриена од новинарите на ТВ М. 

Во подоцнежна фаза од проектот, 4 граѓани новинари, кои ќе покажат интерес за соработка, ќе добијат основна новинарска обука и стабилизатори (гимбали) и ќе започнат редовно да известуваат за страниците на социјалните мрежи на ТВ М.

„На овој начин, сите наши канали ќе добијат внимание, видливост и ќе привлечат нови огласувачи“, нагласи Арнаудова.

Досега ТВ М има добиено околу 100 фотографии и видеа, од кои 80 се избрани и објавени. Околу 15 случаи беа целосно развиени во новинарски прилози. Овој пристап резултираше со зголемен број на посети на нивната веб-страница и на профилите на социјалните мрежи.

„Да се биде дел од проектот „Media for All“, значи многу за нас. Знаењето и поддршката што ја добивме од експертите и од нашиот ментор, заедно со обуката и курсевите за е-учење, ни помогнаа дополнително да напредуваме во нашата работа и да испорачаме нови и свежи содржини, за нашите гледачи“, наведе Арнаудова.

ТВ М, како локален медиум, е основана во 1993 година. Со текот на годините стана независен медиум со препознатлив и угледен статус. Во 2014 година се трансформира во регионална ТВ станица, која емитува програма во Охрид, Струга, Вевчани и во Дебарца.

ТВ М од Охрид е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од проектот „Media for All“, кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто
E-COMMERCE AND E-PAYMENTS: UNUSED POTENTIAL FOR MEDIA OUTLETS
Се сеќавам на точниот датум кога станав новинар кој известува за животната средина. Беше тоа 20 јули 2007 година,
environmental_reporting_final_course2_

Врвни стории од Journalift:

Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите очи? На многумина од нас, првото нешто што ни поминува низ мислите, е да го извадиме телефонот и тоа да го документираме, со фотографирање или со видеоснимка. Паметните телефони речиси секогаш ни се при рака, а податоците покажуваат дека
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација – зошто темите со кои се занимаваат и

Теми:

Најнови статии:

Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени
Како приказните за активизмот и човековите права, завршија на најчитаните портали во Босна и Херцеговина?
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација - зошто темите со кои се занимаваат и резултатите