Автор

Елира Цанга 11 години работела како новинарка и уредничка во Албанија. Таа денес работи како медиумски проект менаџер во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во насока на модернизирање на јавниот сервис во нејзината држава и збогатување на наставната програма во новинарството. Таа претходно работела како новинар и продуцент за Би-Би-Си и како лидер на тимот за медиуми во УСАИД. Елира има искуство и во полето на развојот на медиумите и меѓународните односи. Таа поминала десет години работејќи на развојот на медиумите, за да го охрабри истражувачкото известување и проверката на фактите, како и да врши обука и да биде ментор на млади новинари, за медиумската и информациската писменост, но и кога станува збор за спротивставувањето на дезинформациите на интернет. Во периодот 2021-2022 година, таа е дел од програмата Фулбрајт, на Државниот универзитет во Аризона, САД, како добитник на стипендијата Хемфри.

 0