Автор

Клодијана Капо ја води организацијата „Фактоје“ (Faktoje), која, од 2019 година, се занимава со утврдување на факти. Таа ја презела оваа позиција по тригодишно искуство како менаџерка за односи со јавноста и комуникација, во меѓународната детска организација Ворлд вижн (World Vision), каде неодамна беше наградена со „Глобал брен аворд“ (Global Brand Award) од централната канцеларија. Капо дошла во „Фактоје“ по 16-годишна кариера во најпопуларните медиуми во Албанија, и известувала главно за општествени прашања, поконкретно за образовниот систем, здравството, развојот на младите итн. Капо работела како новинарка во „Топ чанел“ (Top Channel) – каде направила десетици документарни филмови и лични стории, имала своја неделна колумна во весникот „Шќип“ (Shqip) и работела како главна уредничка во албанскиот јавен телевизиски сервис. Клодијана била дел и од низа успешни кампањи за подигање на свеста на локални и меѓународни невладини организации и е коавторка на две книги.

 0