Добре дојдовте на курсот Вештачка Интелигенција (ВИ) во редакцијата: Етички пристап
„Без разлика дали користите ВИ за прибирање информации или пишување вести, или работа со кориснички податоци, потребно е да воведете механизми на проверка и контрола во вашите правилници, политики, работни текови и процедури“, Хосам Ел Нагар, Фондацијата Томсон
Овој курс ќе ве води низ вистинскиот пристап кој треба да го имате кога ја имплементирате вештачката интелигенција во вашата редакција, а воедно преку курсот ќе се стекнете и со сертификат од со Иницијативата за доверба во новинарството (Journalism Trust Initiative). Печатот за одобрување од страна на JTI ќе и даде до знаење на вашата публика и светот дека сте доверлив, транспарентен извор на вести.
Ова е курс по сопствено темпо, поделен на делови, од кои секој се однесува на една клучните точки за учење.
