Добредојдовте на курсот по економско новинарство.
Зошто курс по економско новинарство?
Потребата за новинари, кои имаат основни еконосмки познавања, никогаш не била поголема, не само поради економските турбуленции низ кои поминуваат земјите во регионот, туку и поради четвртата индустриска револуција, вештачката интелигенција, кои вртоглаво ги менуваат општеството, образованието, тековите на парите и стопанството во целина.
Таквата глобална транформација бара од новинарите дополнителни специјализирани познавања, кои ги надминуваат традиционалните секторски поделби на новинари што го следат општеството, културата или политиката. Финансиската и економската писменост на новинарите денес се пожелен личен капитал на секој новинар, токму како и дигиталната писменост, без разлика на темите што се истражуваат.
Ова е курс што можете да го следите по сопствено темпо. Тој е поделен во неколку лекции, со придружни видео и визуелни материјали за проверка на знаењето. Кандидатите кои успешно ќе го завршат курсот ќе добијат сертификат на електронската пошта која ја навеле при уписот.
Овој е-курс е креиран со финансиска помош на Европската Унија во рамките на проектот Strengthening Quality News and Independent Journalism in Western Balkans and Türkiye II. Содржината на овој е-курс е исклучива одговорност на Томсон Медиа (Thomson Media) и под никакви околности не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.





