Стратешка употреба на податоци – од основa до донесување одлуки засновани на податоци

На овој курс, ќе имате можност да ги совладате основите на кои се базираат аналитичките алатки наменети за дигиталните медиуми.

Александра Радивојевиќ

Секое од поглавјата содржи главен дел од лекцијата во видео или текстуална форма, примери од пракса, како и практични вежби што треба да послужат за проверка на стекнатото знаење.
При пријавувањето, ве молиме внесете го вашето полно име и презиме, бидејќи тоа ќе биде информацијата напишана на вашиот сертификат.

Бесплатен курс

Ќе бидете пренасочени кон надворешна веб-страница

  • Модул 1 – Различни пристапи кон употреба на податоци
  • Модул 2 – Видови платформи за анализа на податоци
  • Модул 3 – Основи на анализа на податоци
  • Модул 4 – Демократизација на податоците во редакцијата
  • Модул 5 – Донесување стратешки одлуки со помош на податоци

На овој курс ќе научите:

На овој курс, ќе имате можност да ги совладате основите на кои се базираат аналитичките алатки наменети за дигиталните медиуми. Курсот треба да ви овозможи да ги анализирате перформансите на медиумските содржини на онлајн медиумите и да понудите конкретни примери за тоа како се анализираат перформансите на содржините низ индустријата на онлајн медиуми.

Покрај основите на аналитиката, ќе научите и за создавање увид од податоците и донесување одлуки засновани на податоци за посети на страници. Исто така, ќе добиете основно знаење за тоа како можете да ги користите податоците обезбедени од социјалните мрежи за да донесувате уреднички одлуки

Содржина на курсот:

  • Модул 1 – Различни пристапи кон употреба на податоци во редакциите на онлајн медиумите
  • Модул 2 – Видови платформи за анализа на податоци во редакциите и метрики на кои се засноваат
  • Модул 3 – Основи на анализа на податоци: actionable insights и метрики на социјалните мрежи
  • Модул 4 – Демократизација на податоците во редакцијата
  • Модул 5 – Донесување стратешки одлуки со помош на податоци, создавање увид врз основа на кој може да се донесуваат одлуки и запознавање со разни аналитички платформи

За време на курсот ќе имате можност да слушнете многу луѓе од медиумите и нивните искуства во работата со податоци. Исто така, за време на курсот, ќе зборуваат и претставници на софтверски компании кои се занимаваат со развој на аналитички решенија за медиуми. Меѓу гостите има поранешни уредници на Би-Би-Си, како и сегашни уредници на медиуми од Балканот – дневниот весник Данас, Српската радио и телевизија, Спортклуб итн.

Потребни ви се околу осум часа за да го завршите овој курс, но точното време ќе зависи од времето што ви е потребно за да ги завршите практичните задачи.

Овој онлајн курс е изработен во рамки на проектот „Медиуми за сите“, финансиран од страна на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и Развој (FCDO) и изготвен од конзорциум на организации предводени од Британскиот совет, во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), INTRAC и Фондацијата Томсон (ТФ).

Целта на проектот е да се развие и зајакне уредничката независност и деловното работење на медиумите низ шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) преку обезбедување грантови и техничка помош на низа медиуми.

Наставници на овој курс:

Александра Радивојевиќ

Виш оперативен менаџер

Александра Радивојевиќ е експерт за дигитални медиуми која работи на крстосницата каде што се среќаваат технологијата и новинарството. Таа има повеќе од 7 години искуство во работа со медиуми, рекламирање, консултанство со издавачи и едукација на редакции во областа на анализа на податоци. Александра ја започна својата кариера како директор за маркетинг на порталот за сатирични вести Njuz.net, работеше како менаџер на социјални мрежи за голема издавачка група, а во моментов работи како Виш оперативен менаџер за давател на услуги за анализа на податоци – смартокто.
Во „ smartocto “, таа води тим на консултанти, посветен на помагање и поддршка на малите и локалните медиуми во нивниот развој кон одржлив бизнис.

Други курсеви:

Thomson Media

Безбедносен курс за новинарки на Западен Балкан

Овој курс ќе ве научи како да ги препознавате различните видови на насилство и закани, кога станува збор за работата на новинарките од Западен Балкан. Ќе слушнете лични приказни и искуства на некои од најдобрите новинарки во регионот, ќе научите кои се вашите права, како да се однесувате во случај на напад, како да пријавите насилство, да изградите отпорност и да се зајакнете за да им помогнете на колешките.
Александра Радивојевиќ

Стратешка употреба на податоци – од основa до донесување одлуки засновани на податоци

На овој курс, ќе имате можност да ги совладате основите на кои се базираат аналитичките алатки наменети за дигиталните медиуми.
Александар Манасиев

Мобилно новинарство – почетен курс

Курсот е наменет за сите новинари кои сакаат самостојно да креираат новинарска содржина. Преку објаснување на техниките и најдобрите практики за креирање содржина со мобилен телефон новинарите ќе станат подготвени самостојно, без никаква помош да создаваат ангажирани приказни, визуелно моќни видео-приказни, интервјуа и да ги објавуваат на кој било медиум.
Владимир Тркулjа

Бизнис модели и модели на монетизација за медиуми

Целта на овој курс е да ви даде основни насоки за развивање на деловна идеја и разбирање на начинот на кој различните елементи на медиумскиот бизнис влијаат едни на други.
Ламија Алечковиќ

Редакциски менаџмент и организација во дигитална средина

Целта на овој курс е стекнување на знаење што ќе ви овозможи не само да разберете, туку и да ги прилагодите и создадете работните процеси што ќе ја модернизираат вашата редакција и да научите како да управувате со тоа за да медиумите станат поконкурентни во дигиталното опкружување.
Александар Бировљев

Решенија за електронски плаќања

Овој курс е ризница на практични искуства, кои ќе Ви помогнат да не застанете на креираниот бизнис модел, туку да го наплатите својот труд, бидејќи Вие бизнисот сте го почнале со намера да ги продавате своите содржини, своите услуги или своите стоки и да заработите пари. Може да слушнете искуства од прва рака, за тоа како електронските плаќања станаа индустрија сама за себе и како тие ја преобликуваа електронската трговија (ecommerce), во последните 10 години.
Натан Коешал, Милош Јанковиќ, Сања Лазиќ

Градење и ангажирање на заедница за медиуми

Целта на овој курс е да ви помогне да почнете да размислувате за вашата заедница на вистински начин, како и да ви обезбеди основни и практични концепти за градење и ангажирање на таа заедница.
Александар Манасиев

Новинарство на повеќе платформи – почетен курс

Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.
Наташа Ковачев

Западен Балкан: Како да ги чуваме новинарите безбедни кога известуваат за протести

Целта на овој курс е да ги подготви новинарите/ките за можни непредвидени ситуации што можат да ги сретнат додека известуваат од протести и различни демонстрации. Во последниве години, повеќето од протестите што се случија во регионот станаа насилни во одреден момент со тоа што новинарите станаа мета. Овој курс носи корисни совети за тоа како да избегнете или да се справите со проблеми на вакви настани.