Западен Балкан: Како да ги чуваме новинарите безбедни кога известуваат за протести

Целта на овој курс е да ги подготви новинарите/ките за можни непредвидени ситуации што можат да ги сретнат додека известуваат од протести и различни демонстрации. Во последниве години, повеќето од протестите што се случија во регионот станаа насилни во одреден момент со тоа што новинарите станаа мета. Овој курс носи корисни совети за тоа како да избегнете или да се справите со проблеми на вакви настани.

Наташа Ковачев

Сите модули се состојат од кратки видео лекции, придружен текст, но и дополнителни материјали и задачи. Ќе ги опфатиме практичните концепти такашто можете веднаш да започнете да ги користите во вашата работа.

При пријавувањето, ве молиме внесете го вашето полно име и презиме, бидејќи тоа ќе биде информацијата напишана на вашиот сертификат.

Бесплатен курс

Ќе бидете пренасочени на надворешна веб-локација

  • Модул 1 – Вовед
  • Модул 2 – Известување за протести
  • Модул 3 – Подготовки
  • Модул 4 – На протестот
  • Модул 5 – Вашите права
  • Модул 6 – Дигитална безбедност
  • Модул 7 – Што потоа?

Во овој курс ќе научите:

Насилните протести стануваат се почести во регионот, како и инцидентите и нападите врз новинарите што ги покриваат. Репортерите/ките не биле нападнати само од незадоволни граѓани, туку и од полицијата. Затоа е клучно за новинарите/ките да бидат добро подготвени за да бидат безбедни додека се на мисија. За новинарите/ките навикнати да ја ставаат приказната на прво место, честопати дури и пред нивната сопствена безбедност, тоа не е лесна задача. Сепак, да знаете како да ја „прочитате толпата“ и да препознаете потенцијално опасни ситуации пред да се појават, може да биде вредно во околности што го загрозуваат животот.

Целта на овој курс е да ги подготви новинарите/ките за можни непредвидени ситуации што можат да ги сретнат додека известуваат од протести и различни демонстрации. Во последниве години, повеќето од протестите што се случија во регионот станаа насилни во одреден момент со тоа што новинарите станаа мета. Овој курс носи корисни совети за тоа како да избегнете или да се справите со проблеми на вакви настани.

Што ќе научите:

  • Зошто известувањето за протести стана една од најризичните работи во новинарството;
  • Кој е ставот на Западен Балкан во врска со безбедноста на новинарите/ките кои известуваат за протести во споредба со остатокот од светот
  • Опасностите со кои може да се соочите при известување за насилни протести;
  • Планирајте пред да излезете на терен – за што треба да бидете свесни, што да понесете со вас и каква заштитна опрема можеби ќе ви треба.
  • Како да се справите со солзавец, како да мѕ се обраќате на полицијата и што да правите во случај на стампедо;
  • Ваши законски права – што, како новинар/ка, можете да снимате или фотографирате и што полицијата може и не може да бара од вас;
  • Дигитални безбедносни техники – како да го заштитите вашиот телефон или компјутер и како да ја заштитите и шифрирате комуникацијата;
  • Како да се намали стресот и да се препознаат знаците дека е време да се побара стручна помош.

Овој курс можете да го завршите за 4 часа – одеднаш или во текот на неколку сесии.

Наставниците на овој курс:

Наташа Ковачев Крстин

Репортерка

Наташа Ковачев – репортерка со 15 годишно искуство во телевизиско новинарство. Во моментов, сум дописник од Војводина, кој работи за Еуроњуз Србија. Претходно работев за Н1 телевизија, Ал Жезира Балканс, РТВ Војводина. Имам покриено приказни од локалната политика, економијата, до претседателските избори во САД во 2016 година, украинските кризи, масовните протести во Романија, последиците од бомбашки напади во Брисел и Анкара, бегалската криза во Европа, обидот за воен удар во Турција, многу различни демонстрации низ цела Балкански земји.

Други курсеви:

Натан Коешал, Милош Јанковиќ, Сања Лазиќ
Целта на овој курс е да ви помогне да почнете да размислувате за вашата заедница на вистински начин, како и да ви обезбеди основни и практични концепти за градење и ангажирање на таа заедница.
Ламија Алечковиќ
Целта на овој курс е стекнување на знаење што ќе ви овозможи не само да разберете, туку и да ги прилагодите и создадете работните процеси што ќе ја модернизираат вашата редакција и да научите како да управувате со тоа за да медиумите станат поконкурентни во дигиталното опкружување.
Александар Манасиев
Курсот е наменет за сите новинари кои сакаат самостојно да креираат новинарска содржина. Преку објаснување на техниките и најдобрите практики за креирање содржина со мобилен телефон новинарите ќе станат подготвени самостојно, без никаква помош да создаваат ангажирани приказни, визуелно моќни видео-приказни, интервјуа и да ги објавуваат на кој било медиум.
Александар Бировљев
Овој курс е ризница на практични искуства, кои ќе Ви помогнат да не застанете на креираниот бизнис модел, туку да го наплатите својот труд, бидејќи Вие бизнисот сте го почнале со намера да ги продавате своите содржини, своите услуги или своите стоки и да заработите пари. Може да слушнете искуства од прва рака, за тоа како електронските плаќања станаа индустрија сама за себе и како тие ја преобликуваа електронската трговија (ecommerce), во последните 10 години.
Александар Манасиев
Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.
Наташа Ковачев
Целта на овој курс е да ги подготви новинарите/ките за можни непредвидени ситуации што можат да ги сретнат додека известуваат од протести и различни демонстрации. Во последниве години, повеќето од протестите што се случија во регионот станаа насилни во одреден момент со тоа што новинарите станаа мета. Овој курс носи корисни совети за тоа како да избегнете или да се справите со проблеми на вакви настани.