Решенија за електронски плаќања

Овој курс е ризница на практични искуства, кои ќе Ви помогнат да не застанете на креираниот бизнис модел, туку да го наплатите својот труд, бидејќи Вие бизнисот сте го почнале со намера да ги продавате своите содржини, своите услуги или своите стоки и да заработите пари. Може да слушнете искуства од прва рака, за тоа како електронските плаќања станаа индустрија сама за себе и како тие ја преобликуваа електронската трговија (ecommerce), во последните 10 години.

Александар Бировљев

Секој дел од курсот содржи кратко видео, а најинтересните теми содржат и придружен текст, практични примери, како и интересни прашалници.

При пријавувањето, ве молиме внесете го вашето полно име и презиме, бидејќи тоа ќе биде информацијата напишана на вашиот сертификат.

Бесплатен курс

Ќе бидете пренасочени на надворешна веб-локација

  • Модул 1: Вовед
  • Модул 2: Концепт на деловен модел
  • Модул 3: Воведување на методи на плаќање
  • Модул 4: Помош и поддршка за време на деловниот потфат
  • Модул 5: Концепт за воведување на методи на плаќање
  • Модул 6: Имплементација на методите на плаќање

Во овој курс ќе научите:

Порано или подоцна, сигурно сте се запрашале дали е потребно да се најдете на интернет. Веќе петнаесет години наназад, се вели дека оној што не е на интернет, сериозно задоцнил. Но, сигурно се прашувате дали вашите стоки или услуги ќе можат и како ќе можат да се продаваат преку интернет. Дали треба да направите веб-страница? Дали и како можете на постоечката веб-страница, да имплементирате некој од моделите на плаќање? Постојат бројни прашања, кои веројатно, ако веќе не сте си ги поставиле, ќе си ги поставите порано или подоцна.

Овој курс ќе се занимава со следната тематика – како на вашата постоечка или нова веб-страница да продадете услуга, стока, што и да сте замислиле, какви и да се Вашите содржини, и тоа да го наплатите и да користите соодветни начини на плаќање, со посебен фокус на тоа како да ги договорите  и да ги имплементирате тие методи на плаќање.

Секој дел од курсот содржи кратка видеосодржина, а најинтересните теми содржат и придружен текст, практични примери, како и интересни прашалници. Структурата на курсот вклучува:

Модул 1: Вовед – Краток опис на курсот и запознавање со авторот, кој, преку практични искуства, ќе Ви ги приближи предизвиците на електронската трговијата.

Модул 2: Концепт на деловен (бизнис) модел – Демистифицирањето на терминот „бизнис“ и едноставното претставување на деловниот концепт, ќе го прошири погледот на можностите што стојат пред Вас и ќе Ве охрабри да започнете нови деловни потфати.

Модул 3: Воведување на методи на плаќање (предуслови и претпоставки) – Одговорите на најчесто поставуваните прашања и сфаќањето на улогата на различните учесници во воведувањето на различни начини на плаќање, точно ќе Ве насочат во одговорноста на овие учесници.

Модул 4: Помош и поддршка за време на деловниот потфат – Ова продолжување на претходниот дел, се занимава со специфични активности на различни учесници, во процесот на имплементација на различните методи на плаќање.

Модул 5: Концепт за воведување на методи на плаќање од техничка и деловна гледна точка – Овој модул ќе Ви ја објасни разликата и поврзаноста помеѓу монетизациските модели и методите на плаќање, и ќе ви помогне во согледувањетo на нивната поврзаност од различни гледни точки.

Модул 6: Имплементација на методите на плаќање – Спроведување на сите активности според однапред дефиниран план, соодветни подготовки и тестирања, како и следење на бизнисот по започнувањето на проектот, се делови од курсот што ќе ви помогнат практично да го спроведете сето она што сте го научиле од претходните модули.

За да го завршите курсот, ќе ви требаат 4 часа работа, кои можете да ги распоредите во неколку сесии.

Овој онлајн курс е изработен во рамки на проектот „Медиуми за сите“, финансиран од страна на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и Развој (FCDO) и изготвен од конзорциум на организации предводени од Британскиот совет, во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), INTRAC и Фондацијата Томсон (ТФ).

Целта на проектот е да се развие и зајакне уредничката независност и деловното работење на медиумите низ шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) преку обезбедување грантови и техничка помош на низа медиуми.

Наставниците на овој курс:

Александар Бировљев

Eксперт за е- трговија и плаќање

Водечки регионален експерт во доменот на е-трговија, решенија за е-плаќање и дигитално бизнис планирање за различни клиенти, вклучувајќи и најголемите издавачи на медиуми во регионот (Axel Springer, United), најголеми банки за купување, трговци за е-трговија, обложување преку Интернет компании и трговци на интернет. Г. Бировљев е пионер во електронската трговија и електронските плаќања. Тој го разви и започна првиот трговски центар преку Интернет, првиот класифициран портал преку Интернет, имплементираше некои од карактеристиките на електронско плаќање што ги менува пазарот (токенизација на картички, плаќања со еден клик, итн.). Повеќе од 2.000 бизнис модели беа евалуирани од страна на г. Бировљев во периодот додека тој беше раководител на е-трговија во најголемата регионална банка и за неколку години после тоа. Во Србија, тој тесно соработуваше со медиумскиот проект на УСАИД за да обезбеди техничка помош за засегнатите страни во медиумите во развивање на полесно деловно опкружување за медиумите.

Andrija Vučković

Učitelj bezbrojnih mudrosti

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Duis vestibulum lectus condimentum turpis cursus, sit amet porta ipsum pulvinar. Class aptent taciti sociosqu ad litora torquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Quisque sollicitudin vestibulum nunc a euismod. Nullam venenatis ultrices nibh ac tincidunt. 

Други курсеви:

Натан Коешал, Милош Јанковиќ, Сања Лазиќ
Целта на овој курс е да ви помогне да почнете да размислувате за вашата заедница на вистински начин, како и да ви обезбеди основни и практични концепти за градење и ангажирање на таа заедница.
Ламија Алечковиќ
Целта на овој курс е стекнување на знаење што ќе ви овозможи не само да разберете, туку и да ги прилагодите и создадете работните процеси што ќе ја модернизираат вашата редакција и да научите како да управувате со тоа за да медиумите станат поконкурентни во дигиталното опкружување.
Наташа Ковачев
Целта на овој курс е да ги подготви новинарите/ките за можни непредвидени ситуации што можат да ги сретнат додека известуваат од протести и различни демонстрации. Во последниве години, повеќето од протестите што се случија во регионот станаа насилни во одреден момент со тоа што новинарите станаа мета. Овој курс носи корисни совети за тоа како да избегнете или да се справите со проблеми на вакви настани.
Александар Манасиев
Курсот е наменет за сите новинари кои сакаат самостојно да креираат новинарска содржина. Преку објаснување на техниките и најдобрите практики за креирање содржина со мобилен телефон новинарите ќе станат подготвени самостојно, без никаква помош да создаваат ангажирани приказни, визуелно моќни видео-приказни, интервјуа и да ги објавуваат на кој било медиум.
Александар Манасиев
Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.
Александар Бировљев
Овој курс е ризница на практични искуства, кои ќе Ви помогнат да не застанете на креираниот бизнис модел, туку да го наплатите својот труд, бидејќи Вие бизнисот сте го почнале со намера да ги продавате своите содржини, своите услуги или своите стоки и да заработите пари. Може да слушнете искуства од прва рака, за тоа како електронските плаќања станаа индустрија сама за себе и како тие ја преобликуваа електронската трговија (ecommerce), во последните 10 години.