Journalift Talks со Гери Емири, главен уредник на Аmfora.al

Amfora.al, медиум со седиште во Драч, е уникатна и интересна студија на случај, судејќи според нејзиниот примарен фокус – археологијата. Во рамките на проектот „Media for All“, овој медиум воведе два нови сегменти – видео серијалот, „Култура во 1 минута“, и серијата поткасти, „ Гласот на културата“, двата фокусирани на историјата, културното наследство и на општествените прашања.

Преку менторството и поддршката за градење на капацитетите, овој медиум, на крајот од проектот, значително ги зголеми своите технички капацитети и човечки ресурси. Друг неверојатен резултат е зголемувањето на посетителите во периодот од март 2021 до март 2022 година, за 516%, во однос на истиот период една година претходно,.

Amfora.al е онлајн медиум основан во 2017 година, како медиум управуван од младите, фокусиран на културното наследство и археологијата. Тие се еден од осумте медиуми од Албанија, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот, на проектот „Media for All“. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од страна на Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Во ова специјално издание на Journalift Talks, во Улцињ, Црна Гора, Емири разговараше со Сања Лазиќ од Фондацијата Томсон, за главните достигнувања на порталот во рамките на проектот „Media for All“, за стратегијата за ангажирање на заедницата, за резултатите од бизнис планот и за идните планови на Amfora.al.

Publication year: 2022