Journalift Talks со Мамер Фуша, сопственик и директор на РТВ Беса

РТВ Беса, медиум чие седиште е во Призрен, ја искористи мултикултурната и јазичната разновидност на овој град, како клучна предност за својот понатамошен развој. Имено, тие решија да се отворат кон малцинските заедници во Призрен, со воведување на ТВ емисии на босански и на турски јазик. Тие, исто така, што се случува прв пат, обезбедија и превод на седниците на општинското собрание, кои ги пренесуваат на својот телевизиски канал и на социјалните мрежи (Фејсбук и Јутјуб).

Благодарение на грантот за развој на бизнисот, РТВ Беса ангажираше дополнителен персонал, за да го прошири производството на нови содржини. РТВ Беса е формитана во 2002 година како локална радио станица. Телевизискиот канал беше воведен две години подоцна, во 2004. РТВ Беса е еден од шесте медиуми од Косово, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот на „Media for All“. Овој проект е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и од ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Во ова специјално издание на Journalift Talks, во Улцињ, Црна Гора, Мамер Фуша со Давор Марко од Фондацијата Томсон, разговара за главните достигнувања и предизвици на овој медиум за време на имплементацијата на проектот „Media for All“, за процесот на менторство и за идните планови на РТВ Беса. За ова, но и за други интересни детали, слушнете во следното интервју.

Publication year: 2022