“Оној кој раскажува приказни, владее со светот“ – Индијанска поговорка

 минути читање

Vidi Vaka foto

Првото нешто што ќе го забележите штом ќе влезете во канцелариите на Види Вака, се исцртаните ѕидови на кои се гледаат најпознатите стрип херои. Тука доминира стрип јунакот Текс Вилер – одметникот со силно чуство за праведност и чест. Ова е и повеќе од симболика. 

Како што ќе дознаете низ нашата приказна, и медиумот Види Вака, веќе 5 години функционира „одметнички“ и бунтовно на мејнстрим медиумската сцена на која доминираат погрешни херои, обидувајќи се да им обезбеди простор на оние на кои најмногу им е потребна - на обесправдените, на безгласните, на дискриминираните, но и на младите и перспективните, заборавени од институциите.

Почетоците на Види Вака

Приказната за Види Вака започнува пред пет години, кога Мите Кузевски, извршен директор на Фондацијата ИДЕА ЈИЕ која стои зад брендот Види Вака, заедно со Горан Игиќ, програмски директор на фондацијата, ги обезбедуваат првите средства за започнување на медиумот.

„Во ИДЕА се бавевме доста со темите на младинско образование, дебата, медиумска писменост, нови медиуми. А воедно, нашата заедничка позадина е новинарството,“ вели Игиќ. Пет години подоцна, Види Вака е медиум со милионски прегледи на содржините на месечно ниво, со лојална публика и со имиџ на медиум кој е гласник на безгласните во општеството.

„Просечниот процент на публика што влегува во интеракција со една содржина на фејсбук е 5%. Кај содржините на Види Вака, тој процент е 54% или 10 пати повеќе. И има само една причина за тоа - нашата умешност за раскажување приказни,“ вели Мите Кузевски. 

Развојните планови и проектот „Media for All"

Пубиката мошне брзо го прифати концептот на Види Вака, споделувајќи ги видеата и мултимедијалните содржини на своите профили на социјалните мрежи, правејќи речиси секоја објава да стане вирална. Дека Види Вака се движи во добар правец покажа и фактот што, уште пред да биде изградена конкретна стратегија за комерцијално нудење на раскажувачки услуги, голем број органзиации и комапнии, посебно субјекти од граѓанскиот сектор, почнаа “да го бараат продуктот уште пред да биде понуден.”

Процесите и работата со Фондацијата Томсон

Првата работа што Мите и Горан едногласно ја истакнуваат, кога станува збор за искуството со проектот „Media for All" е професионалноста и фокусираноста на вистински, опипливи резултати.

„Партнери во вистинска смисла на зборот. Сите со кои имавме контакт во било која фаза од проектот го гледаа проектот како свој, се грижеа еднакво како нас, се радуваа со нас на секоја успешно реализирана фаза што сме ја зацртале. Неверојатно позитивно искуство,“ вели Игиќ.

Прва фаза беше креирање на бизнис план. Во оваа фаза поддршката се однесуваше на обезбедување двајца искусни конуслтанти кои требаа да помогнат во креирање на бизнис планот. Откако бизнис планот беше завршен, се пристапи кон негова оптимизација, со ментор кој имаше мошне значајно искуство во истиот сегмент во кој Види Вака планираше да функционира - Јернеј Вербиќ.

Јернеј имаше клучна улога во прилагодување на бизнис планот, бидејќи веќе го имаше успешно изодено патот и точно знаеше на што треба да се стави фокус, а на што може да се заштетат витални ресурси.

Уште една клучна работа, што можеби и е најважната во целиот процес беше фактот што за разлика од другите програми за поддршка кои обезбедуваат консултантска поддршка за развивање на бизнис план, тимот на Види Вака можеше да смета и на средства за ефектуирање на бизнис планот.

Според Мите и Горан, ова беше клучно за успехот на целата операција, бидејќи им даде простор и слобода да ги имплементираат своите идеи и замисли без да прават компромиси на сметка на квалитетот и амбицијата.

Нови луѓе и нови процеси, но и нови предизвици

Првата задача предвидена со бизнис планот беше регрутација на човечки ресурси кои ќе го понесат развојот на раскажувачкото студио. Мите и Горан имаа јасна идеја околу профилите на луѓе кои ќе им бидат потребни, но беа согласни дека првично треба да изберат некој кој ќе ја води целата операција - некој кој е вешт во делот на бизнис развој, но воедно има одлично познавање на дотогашните главни активности на брендот - новинарство, комуникации, нови медиуми, технологија. На оваа позиција наскоро ќе дојде Дарјан Раденковиќ, долгогодишен познаник и соработник на Мите и Горан.

Први резултати, успеси и развој, нови продукти

Зацртаниот план за првата година се движел во две главни насоки. Да ја засилат продажбата кон постоечките клиенти од граѓанскиот сектор и од пасивна, односно сами да пристапуваат како досега, да ја направат активна преку проактивен пристап кон нив.

Втората насока е да стигнат до нови комерцијални клиенти, компании, нудејќи ги постоечките услуги - native video advertising, brandocumentary, storytelling strategy, додека ги градат и промовираат новите иновативни продукти на раскажувачкото студио како interactive video, immersive storytelling, data storytelling, edutainment и слични.

„Одличен прв сигнал беше нашето ангажирање од страна на маркетинг агенција за кампања за општествена одговорност за еден од најголемите национални брендови - Скопска пивара,“ вели Кузевски.

Токму оваа доверба кон брендот придонесе раскажувачкото студио да успее да пилотира голем дел од зацртаните нови продукти многу порано од планираното. Благодарејќи на довербата на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) беше изработено првото регионално интеракртивно видео за промоција на туризмот за најголемиот домашен туроператор Фибула.

Истовремено, беше остварен и првиот проект базиран на data storytelling за Westminster Foundation for Democracy, со што портфолиото на раскажувачкото студио, во само неколку месеци беше зголемено, а палетата на продукти кои се нудат солидно проширена.

Сепак, на крајот на денот, најдобрите индикатори за успехот секогаш се бројот на клиенти и остварените приходи. Пресекот направен пред и по добивањето на поддршката од проектот „Media for All" го покажува следното. Бројот на клиенти од 14 во 2020 е зголемен дури на 23 во 2021 година. Во исто време, приходите пораснале за 30%.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Медиумите многу често строго ги следат принципите на етичко новинарство. Ова значи дека тие имаат тенденција да избегнуваат одредени
Линеарната телевизиска програма, барем во поразвиените земји, наскоро најверојатно ќе се најде на смртна постела. Сè помалку гледачи седат
01-Razmišljajte-izvan-TV-kutije.png
Претприемништвото отсекогаш била најбурната и најдинамичната гранка на бизнисот. Многумина се обиделе и не успеале. Повеќето претприемачи кои се
5-stvari-koje-mediji-mogu-nauciti-od-preduzetnika

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за