Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ

 минути читање

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …). Но, дали можеме вештачката интелигенција да ја користиме во наша корист? Можеме ли да го ‘јаваме бранот’ на оваа технологија и да ја користиме вештачка интелигенција во прилог на нашата работа?

Сигурно дека сме сведоци на првите, сè уште бебешки чекори што се прават преку ЧетГПТ, кој е, како што беше споменато претходно, разговорен модел на јазикот за вештачката интелигенција, развиен од ОпенАИ (OpenAI) и како медиумски професионалци, треба да прифатиме дека промената ќе дојде и дека треба да се подготвиме за неа. Еве како.

Првиот чекор е да научите како да поставувате прашања, како да ги користите вистинските зборови во вашите прашања и како да ги структурирате. ЧетГПТ дава различни одговори на истото прашање, доколку тоа се постави на различни начини. Единствениот начин да сфатите како тоа треба да се прави, е да се обидувате, да тестирате и да експериментирате.

ЧетГПТ е добар во поедноставувањето на сложените теми, на академските трудови и долгите мислења за широката публика. Ова не произлегува од тоа дека е „паметно“, туку дека само применува математички модели на зборови, ги извлекува најважните зборови и ги става во редослед разбирлив за човекот.

Добар е за објаснување на тема која треба да ја истражиме пред да напишеме некој текст или за подготовка на прашања за интервју. Можете, на пример, да наведете прашања што веќе ги имате, и тој ќе формулира уште повеќе прашања.

Можете да побарате од него да ви даде резиме или апстракт, МЕТА опис или извадок за објавување на социјалните мрежи, а многу добро нуди различни верзии на ист текст, што можете да ги искористите за наслови. Сите знаеме како ги тестиравме насловите на социјалните мрежи и како понекогаш таа работа може да одземе време. ЧетГПТ може да помогне. Сепак, не е добар во броењето, колку и да звучи смешно. Но, тоа ќе го забележите наскоро.

За новинарите што пишуваат на англиски јазик - ЧетГПТ е многу добар подуредник - за проверка на написите пред да ги испратат до уредникот. Сепак, сè уште не е добар кога станува збор за текстови што не се напишани на англиски јазик, иако сум убедена дека и ова наскоро ќе се реши.

Вториот чекор е (имајте предвид дека ЧетГПТ е сè уште во повој) да проверите сè што дава како одговор. Тоа лесно може да биде лага или плагијат.

Најважната негативна работа за ЧетГПТ и другите големи јазични модели со вештачка интелигенција, е тоа што не може да им се верува. Овие модели се изградени да прават предвидувања и да го дадат најверојатниот одговор. Ако ЧетГПТ не го знае одговорот, нема да каже „не знам“, туку ќе го даде најверојатниот одговор - или едноставно ќе го измисли. Понекогаш генерира одговор кој е чисто погрешен. Тоа особено се однесува на регионите што имаат помалку податоци на интернет. Кога ќе побарате од него цитати или референци за текстот што го создал, може да измисли сè. Ова е сериозен проблем (исто така наречен халуцинирање) и иако креаторите на ЛЛ (LL) моделите напорно работат на тоа, тие сè уште не можат да го решат проблемот. Извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман (Sam Altman), призна дека и покрај очекувањата, ГПТ-4 „сè уште има недостатоци, сè уште е ограничен и сè уште изгледа поимпресивен при првата употреба, отколку откако ќе поминете повеќе време со него“.

Друг проблем што го има ЧетГПТ е тоа што тој е обучен на огромни количини на податоци, но не знае што е вистина, морал, етика, па дури и различни гледишта. Не препознава на кои извори на информации може да им се верува, а на кои не. Ја реплицира пристрасноста врз која е обучен. Ова добро го објаснува Стивен Л. Картер (Stephen L. Carter), колумнист на Блумберг мислење (Bloomberg Opinion), кој вели: „Секој голем јазичен модел, во извесна смисла е дете на текстовите врз кои е обучен. Ако ботот научи да лаже, тоа е затоа што од тие текстови, сфатил дека човечките суштества често користат лаги, за да ја постигнат својата цел. Гревовите на ботовите се слични на гревовите на нивните креатори“.

Како и со секоја нова технологија, почетоците се почетоци за сите, почнувајќи од пронаоѓачите, основачите и инженерите, па сѐ до нас, обичните луѓе и медиумите, и секако институциите и владите. Ние го немаме луксузот да се плашиме од уште едно дистописко сценарио, не можеме да се жалиме или да негираме. Наше е да бидеме информирани и да научиме да го користиме колку што можеме повеќе. А најдобриот начин да научиме, е да започнеме да го користиме.

Наташа Лаковиќ Ѓукановиќ е консултантка за стратегии, која живее во Белгија. Таа им помага на растечките компании да ги развијат своите стратегии за присуство и привлекување на пазарот и за раст, а им помага и во спроведувањето на овие стратегии. Наташа е менторка во проектот на Фондацијата Томсон, „Media for all“, и во две групи од Програмата за лидерство на жени на Европскиот совет за иновации (EIC).

Претходно, таа работела како главен маркетинг директор на Домен МЕ (Domain.ME), меѓународна технолошка компанија која управува со интернет доменот „.ME“. Таа е една од клучните луѓе кои влијаеја на развојот на дигиталната и старт-ап заедница во Црна Гора, коосновач е на digitalizuj.me, невладина организација која ја испитува трансформативната моќ на технологијата, преку различни проекти и предавања, и на spark.me, еден од најголемите технолошки/деловни конференции во Југоисточна Европа.

Поврзани статии:

Малите медиуми се борат за финансиска поддршка на нивната агенда на вести, што често ги принудува овие медиуми да
Brand-Newsroom-Organization-and-Workflow.
Со појавувањето на дигиталните алатки, визуелизирањето на податоците и создавањето на извонредни искуства за вашите приказни, никогаш не било
Digital-Journalists-toolkit.png

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за