За нас

На медиумите гледаме како на важни актери во создавањето на здрави и динамични општества во земјите од Западен Балкан. Некој кој ги придвижува општествените промени и развој. И кого граѓанките и граѓаните ги користат како клучен извор за информирање.

За да ја исполнат оваа мисија, медиумите мора да бидат подготвени да се прилагодат на надворешните предизвици, да се менуваат одвнатре, и да ги препознаат потребите на публиката. Journalift е создаден со цел да им помогне и да ги поддржи медиумите да се развиваат на овој начин.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област.

Journalift настојува да им пружи на новинарите, медиумските професионалци, сопствениците на медиуми, како и на експертите за медиуми, информации и подршка во областа на бизнис развојот, растот, и постигнување поголема одржливост. За да го оствариме ова, споделуваме локални искуствата и стории од релевантни медиуми на јазикот на медиумските професионалци.

Мапата ги прикажува локалните медиумски заедници на Западен Балкан со кои сме работеле досега.

Нашата цел е да генерираме и дисеминираме знаење и искуство за медиумскиот бизнис и развојот воопшто преку:

  • Споделување информации за развојот на медиумите во Западен Балкан и пошироко
  • Обезбедување едукативна содржина заснована врз искуство во медиумски бизнис, како што се студии на случаи, блогови, кратки анализи или слично
  • Нудење интерактивна едукативна содржина како што се курсеви за е-учење и веб-обуки
  • Споделување влијателни приказни за успесите и за неуспесите од кои локалните и регионалните медиуми можат да учат и да се инспирираат од нив

Ве повикуваме да ни се придружите во разговорите!

Идејата и луѓето кои стојат зад Journalift

Во Западен Балкан, и пошироко, работиме со визионери, ентузијасти и високо квалификувани професионалци кои се во можност да му дадат нов здив на развојот на медиумите.

+ 0
Вклучени
учесници
0
Земји во
програмата
+ 0
Медиумски
куќи

Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Во нашата работа, ние спроведуваме мешан пристап за учење, комбинирајќи материјали за е-учење со следење на менторството и градење на капацитети, истовремено поддржувајќи го растот на медиумите во доменот на новинарството, деловните активности и стратегиите поврзани со публиката и растот.

Ние ја развивме веб-страницата Journalift како дел од проектот „Медиуми за сите“, финансиран од страна на Владата на Велика Британија. Работејќи со медиуми низ Западен Балкан и обезбедувајќи стручно менторство, обука и поддршка, го создадовме овој уникатен ресурс за да им користи на сите медиумски професионалци во регионот.

Придружете се на разговорот

Дали неодамна сте се соочиле со важен деловен предизвик? Дали имате приказна или знаење во врска со медиумите што сакате да ги споделите со другите? Споделете го вашето искуство на Journalift.