Се сеќавам на точниот датум кога станав новинар кој известува за животната средина. Беше тоа 20 јули 2007 година, денот кога буквално се најдов среде најголемата еколошка катастрофа што некогаш го имаше погодено мојот град. Поројниот дожд тој ден беше безмилосен и принуди стотици семејства да ги напуштат своите домови, бидејќи реките се излија од коритата, а надојдената вода се зголемуваше. Илјадници возачи поминаа