Зошто сите ние сега сме новинари кои известуваат за животната средина

 минути читање

environmental_reporting_final_course2_

Се сеќавам на точниот датум кога станав новинар кој известува за животната средина. Беше тоа 20 јули 2007 година, денот кога буквално се најдов среде најголемата еколошка катастрофа што некогаш го имаше погодено мојот град.

Поројниот дожд тој ден беше безмилосен и принуди стотици семејства да ги напуштат своите домови, бидејќи реките се излија од коритата, а надојдената вода се зголемуваше. Илјадници возачи поминаа страшна, студена ноќ, заробени во своите автомобили, гледајќи како патиштата околу нив исчезнуваат под водата.

Иако никогаш не го добив називот „новинар за животна средина“, сепак воочив, веројатно порано од повеќето, дека животната средина се провлекува во речиси секоја моја сторија. 

Сторијата за големата поплава очигледно беше приказна за животната средина, а нејзините бранувања оттогаш се чувствуваат и во многу други стории: од теми за тоа каде да се градат домови до зголемување на проблемите со менталното здравје. Ова повеќе не се само „локални“ приказни или неповрзани прашања за инфраструктурата и психолошката траума. Тие се поврзани со слични борби со кои се соочуваат заедниците ширум Велика Британија и ширум целиот свет.

За новинарите тоа значи дека не постои нешто што е само локална еколошка приказна. Како и пожарите, тоа е глобално прашање и вие известувате пред светот.

Што значи тоа за локалните известувачи на теренот? Тоа значи дека е време да се види пошироката слика. Климатските промени особено се глобално прашање. Политичарите ќе се соберат на Коп 26 - следната годишна конференција на ООН за климатските промени, во Глазгов, во ноември 2021 година. За секој репортер од Тирана до Скопје, ова е неговата приказна.

Која е врската со животната средина?

Ако мислите дека сте само политички, спортски или новинар кој известува за главните вести, време е да размислите повторно. Приказните од целиот спектар на вестите, се поврзани со промените на животната средина на локално ниво и со влијанието на климатските промени на глобално ниво.

Значи, секогаш кога приказната ќе се најде на вашата работна маса, време е да започнете да прашувате, која е врската со животната средина? Она што ќе откриете е дека обично има многу поголем наратив на работа; од фудбалски игралишта на кои тревата се суши како резултат на климатските промени, до фабрики загадувачи кои избегнуваат казни поради политичка корупција. Обелоденувањето на овие врски ќе ја едуцира вашата публика во врска со најголемото прашање со кое се соочува планетата и ќе помогне да се стави во контекст на прашањето, зошто одредени работи се случуваат таму каде што живеете.

Затоа, добредојдовте во тематската област за животната средина. Може да биде опасно, особено ако ја разоткривате корупцијата. Може да биде предизвик, ако ја објаснувате климатската наука, но може да биде и награда кога имате можност да ја ангажирате и да ја едуцирате вашата публика.

Мој совет е - не заборавајте да спакувате облека за дождливо време. Кога ќе се навратам на поплавата што се случи во јули 2007 година, си споменувам дека поминав ноќ во која паѓаше пороен дожд заробена во камп-приколка со камерманот и тонецот, но тоа е приказна за друга прилика.

Еколошко новинарство | Зошто локалните теми се важни: Извори

Еколошко новинарство | Зошто локалните теми се важни: Извори

Оваа обука е осмислена на начин да им даде на новинарите вештини потребни за да ги истражат локалните приказни за животната средина и да препознаат дали и како тие се поврзани со најголемото прашање со кое се соочува планетата: климатските промени. Ќе ве упати како да ги разоткриете политичките и економските двигатели кои стојат зад бројни локални еколошки прашања и каде да се обратите за сигурни податоци, извори и информации. Испитувањето на улогата на новинарот и балансираното одење по границата помеѓу непристрасноста и активизмот, е важен дел од обуката. Ќе се запознаете со дел од клучната терминологија што ќе ви помогнете во сфаќањето, а нашите експерти и известувачи за животната средина, ќе ви помогнат да ја препознаете уникатната улога што локалните новинари треба да ја играат во менувањето на наративот околу климатските промени.

Еколошко новинарство | Зошто локалните теми се важни: Известување

Еколошко новинарство | Зошто локалните теми се важни: Известување

Оваа обука е осмислена на начин да им помогне на новинарите да покриваат приказни за животната средина и да се осврнат на влијанието на климатските промени, со вклучување на нивната публика. Ќе ви биде објаснето како факторите на животната средина, влијаат на бројни новинарски стории, кои, на прв поглед, изгледаат неповрзани. Обелоденувањето на врските може да донесе контекст, објаснувања и изненадувања за публиката - зошто одредени работи се случуваат таму каде што таа живее. Низ обуката ќе бидат истражени техниките за известување, со цел тие стории да останат релевантни и стории што ангажираат. Ќе ви помогнеме да разберете како прашањата на локално ниво се поврзани со глобалната слика за состојбата на животната средина и климатските промени, без разлика дали говориме за деца кои не можат да стигнат до своето училиште или за поплавени домови. Уништувањето на животната средина и климатските промени, можат да поттикнат чувство на беспомошност кај публиката. Обуката ќе ја истражи важноста на новинарството базирано на решенија, за подобро информирање и поголемо ангажирање.

Еколошко новинарство | Зошто локалните теми се важни: Сигурност и безбедност

Еколошко новинарство | Зошто локалните теми се важни: Сигурност и безбедност 

Помеѓу 2000-2021 година, ширум светот беа убиени 1.645 новинари и медиумски работници, поради извршување на својата работа. Илјадници други беа малтретирани, беа нападнати или беа приведени под лажни обвиненија, без при тоа да се почитуваат нивните законски права. Јасно е дека за да ги заштитат своите стории, новинарите треба да се заштитат себеси. Особено известувањето за животната средина сега се смета за една од најопасните теми што треба да се покрие. Овaa обука е креирана на начин да им помогне на медиумските работници да останат безбедни кога се соочуваат не само со физички и дигитални закани, туку и со природни катастрофи. Експерти ќе ве упатат во вашите законски права и што да правите ако и кога тие се загрозени. Да се биде во ситуација кога сте физички изложени на ризик, може да влијае на менталната состојба. Обуката, исто така, ќе ви помогне да се справите со можното емоционално влијание при вршењето на работата.

Кетрин Меки (Catherine Mackie) е одговорна за креирање на програмите за обука на Фондацијата Томсон. Таа има повеќе од 30 години новинарско искуство, повеќето во Би-Би-Си, како пред, така и зад камерата. Пет години работела како специјалист за дигитални видеа, водејќи пилот-програма која опфаќала изготвување и реализација на програма за обука на вработените во Би-Би-Си, за дигитално известување и уредување, ширум земјата. Во 2018 година, станала добитник на стипендијата за новинарство Најт-Валас на Универзитетот во Мичиген, каде развила начини за зголемување на општествената разновидност во пласирање нa вестите и за поврзување со нова и недоволно опфатена публика. Кетрин е испитувач на Националниот совет на Обединетото Кралство за обука на новинари.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за