Во регионот на Западен Балкан, донаторите и меѓународните агенции за имплементација, одиграа клучна улога во поддршката на развојот на независните медиуми – медиуми кои се ослободени од владини, деловни или политички влијанија, врз нивните уредувачки одлуки. Тоа се претежно мали класични медиуми, како што се локалните или регионалните радио и ТВ станици, но и разни тематски специјализирани веб-медиуми, кои можат да бидат водени од