Автор

Слаѓана Лучиќ е во ТВ-новинарството повеќе од 20 години, а моментално ја извршува функцијата заменик уредник на вестите во Ал Џезира на англиски јазик (Al Jazeera English) во Лондон. Таа има известувано од многу регионални и светски настани, но, исто така, за новинарските стандарди, продукцијата на содржини, визуелното раскажување на приказни и за создавањето на документарни филмови, обучувала и им била ментор на млади новинари од балканскиот регион. Документарниот филм на Слаѓана Лучиќ, „Куќа на малата ѕвезда“, беше прикажан на неколку филмски фестивали како Филмскиот фестивал Виндзор (во Канада), Филмскиот фестивал во Токио -Tokyo Lift-off, на SEE fest во Лос Анџелес, CinEast во Луксембург, како и на Интернационалниот филмски фестивал во Аман.

 0