Северна Македонија, KumanovoNews: Регионален информативен лидер

 минути читање

KumanovoNews, мал медиум со седиште во Куманово, полека, но стабилно, прераснува во регионален информативен лидер. Благодарение на поддршката добиена преку проектот, Media for All, овој мал онлајн портал, успеа да ја зголеми и да ја прошири својата медиумска продукција. Како резултат на материјалната и на ноу-хау (know-how) поддршката, KumanovoNews го прошири своето портфолио и се фокусира на создавањето на мултимедијални содржини.

Од март 2021 година, KumanovoNews продуцираше околу 1.800 кратки вести, 1.900 фотографии и 11 видеостории (вклучувајќи и едно комерцијално видео). Исто така, тие го проширија своето портфолио и работеа на 64 реклами и 17 кампањи на суптилно рекламирање.

Сузана Николиќ, главна и одговорна уредничка на KumanovoNews, гордо истакнува дека дел од мултимедијалните стории уриваат рекорди.

Последната приказна што ја направивме, за едно талентирано дете, коешто е државен првак во гимнастика, а има само 6 години, веќе на Фејсбук страницата има преку 26.000 прегледи. Тоа нѐ радува и нѐ мотивира да продолжиме и понатаму да работиме“, вели Николиќ.

Овој медиум постои повеќе од 13 години и ова е прв медиумски проект во кој тие се вклучени. Како дел од проектот, Media for All, KumanovoNews, со поддршка на менторите од Фондацијата Томсон, разви стратегија за содржината и маркетингот, доби нова веб-страница и опрема, го зајакна својот човечки капацитет како внатрешно, со вработување на нови луѓе, така и надворешно, со ширење на мрежата на дописници во регионот.

Новиот пристап, креирањето на видеоприказни или инфографики за истражувачките или ударни стории, резултираше со зголемена читателска публика на дневна основа, за околу 20%, во споредба со периодот пред да стане дел од проектот, Media for All. Исто така, реакциите на јавноста сѐ повеќе од позитивни.

Посакувам сите мали медиуми да се најдат во ваква ситуација и да почувствуваат како е да се работи кога зад вас ќе застанат вистински професионалци и експерти, коишто си ја знаат работата. И она што најмногу од сѐ нѐ мотивира и поради кое сме среќни што сме дел од овој проект, е таа посветеност на луѓето. Тоа е еден млад тим, толку многу посветен, достапен буквално 24 часа за секаква поддршка и тоа нема цена, вреди многу повеќе од она што може материјално да се надомести“, нагласува Николиќ.

Повеќе детали за најновиот успех на KumanovoNews, за нивната работа, и идните планови, можете да слушнете во следното интервју, кое е дел од новиот серијал, Journalift Talks.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за