Новата веб страна на порталот Дума е со поголем број на посети, a воедно и времето кое читателите го поминуваат на веб страната е подолго, покажуваат податоците од редакцијата на Дума од Велес. Дневната посета е зголемена за 30%, додека времето кое читателите го поминуваат на страната е зголемено за 35%.
“Новиот дизајн е одлично изработен, функционалноста е оптимална и е супер приспособен за мобилни уреди,“
рече Убавка Јаневска, главен и одговорен уредник на Дума. Таа, исто така, додаде дека во последните три седмици, од кога е пуштена во функција новата веб страна, имаат околу 1.000 нови следбеници на друштвените мрежи.
Од Дума се надеваат дека со воведувањето на стриминг услугата (емитувањето на настани во живо е главен столб во нивниот бизнис планот) и истражувачките стории уште повеќе ќе го зголемат бројот на посетители.
Новата веб страна ќе им овозможи да ја остварат оваа цел полесно. Имено, таа е дизајнирана за емитување на настани во живо – од седници на општинскиот совет, до спортски и културни настани.
Дума.мк, основана во 2012 година, е првиот локален портал во Велес. Покрај градот, известува и за случувањата во Вардарскиот плански регион.