Journalift разговори: Владимира Дорчова Валтнер – Личност на 2021 година во Србија, според изборот на ОБСЕ

“Владимира Дорчова Валтнер, искусна новинарка и уредничка, е добитничка на наградата на ОБСЕ за личност на 2021 година, за исклучителен придонес во развојот и промоцијата на етичкото новинарство, на слободата на изразување и, особено, на информирањето на јазиците на националните малцинства.

По успешната новинарска и уредничка кариера во нејзиниот Маглиќ, Владимира, чиј мајчин јазик е словачкиот, го основа порталот „Storyteller“, кој известува на словачки и на српски јазик. Таа, воедно, е и менаџерка за социјални медиуми на Независното здружение на новинари на Војводина и доста е активна и во името на своето здружение, и во името на Војводинскиот истражувачки центар – VOICE, во проектот поддржан од Media for All. Давор Марко од Фондацијата Томсон, разговараше со Владимира, во пресрет на новогодишните празници.”

Publication year: 2022