Journalift Talks со Мите Кузевски и Горан Игиќ, основачи на „Види Вака“

„Види Вака“, со седиште во Скопје, е добро познат и почитуван мултимедијален медиум, благодарение на нивната препознатлива продукција на кратки информативни видеа и вистински социјални приказни. Но, како дел од проектот, „Media for All“, отидоа чекор понатаму. Имено, нивниот бизнис план предвидуваше формирање на посебно студио за раскажување на приказни, со фокус на брендираното раскажување на приказни. На крајот на краиштата, меѓу сите показатели, што можат да се искористат за да се прикаже напредокот и успехот, секогаш е најдобар оној кој се однесува на бројот на клиентите и на приходите. „Пресекот направен пред и по добивањето на поддршка преку проектот „Media for All“, го покажува следново: бројот на клиенти, од 14 во 2020 година, се зголеми на 23 во 2021 година. Во исто време, приходите пораснаа за 30 отсто“, изјави, Горан Игиќ, основач на „Види Вака“. „Види Вака“ е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот на „Media for All“. Овој проект е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и од ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан. Во ова специјално издание на Journalift Talks, во Улцињ, Црна Гора, Мите и Горан разговараа со Илчо Цветаноски, од Фондацијата Томсон, за главните достигнувања и предизвици на нивниот портал, во текот на имплементацијата на проектот „Media for All“, за процесот на менторство и за идните планови на „Види Вака“. За овие, но и за други многу поинтересни детали, повеќе во интервјуто што следи.