Journalift Talks со Божо Булатовиќ, извршен директор на Радио Титоград

Радио Титоград, мултиплатформски медиум со седиште во црногорскиот главен град, Подогорица, минатата година ја одбележа својата петта годишнина. Овој медиум, освен преку радиобрановите, присутен е и на интернет. Радиопрограмата се емитува на 101,1 Mhz и ги опфаќа градовите Подгорица, Даниловград, Спуж и Цетиње.

Преку „Media for All“ проектот, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Британскиот совет во партнерство со БИРН, ИНТРАК и Фондацијата Томсон, Радио Титоград доби целосно нова веб-страница, воведе нова содржина – видеoподкаст и се фокусираше на поодржлив бизнис модел.

Во оваа епизода од Journalift Talks, Божо Булатовиќ, извршен директор на Радио Титоград, зборува за влијанието на КОВИД-19 врз медиумската индустрија, за проектот „Media for All“, новата веб-страница и за идните планови на медиумот. За овие прашања и за другите интересни детали за овој медиум, за нивната работа и малиот јубилеј, во најновиот Journalift Talks зборуваат Давор Марко и Божо Булатовиќ.

Publication year: 2022