Journalift Talks со Дамир Џапо, главен уредник на РТВ Слон

РТВ Слон, со седиште во Тузла, во рамките на проектот „Media for All“, започна со продукција на поткасти, насочени кон огромната дијаспора од регионот на Тузла, која претежно живее во европските земји. Поткастите се фокусираат на локални реткости, коишто се уникатни за тузланскиот регион – без оглед дали станува збор за луѓе, настани, предмети – но главната идеја е Тузла да се приближи до дијаспората и обратно. Серијата подкасти беше емитувана на оваа ТВ станицата, како и на каналот на РТВ Слон на Јутјуб.

РТВ Слон е еден од 9-те медиуми од Босна и Херцеговина, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот на „Media for All“. Овој проект е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и од ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Во ова специјално издание на Journalift Talks, во Улцињ, Црна Гора, Дамир Џапо, главен уредник на РТВ Слон, разговара со Давор Марко од Фондацијата Томсон, за проектот „Media for All“, за серијата поткасти, за нивните главни достигнувања во рамките на проектот „Media for All“, како и за идните планови на РТВ Слон.

Publication year: 2022