Journalift Talks со Зоран Стрика, уредник на веб-страницата на Радио 021

Радио 021, мултиплатформски медиум со седиште во Нови Сад, Србија, има за цел да ги зголеми своите приходи со подобро планирање, унапредена координација и поефикасна комуникација со клиентите, преку развивање на база на податоци за деловните клиенти.

Овој медиум, основан пред 23 години, кој го сочинуваат радиостаница и веб-портал, како главни канали за комуникација, и кафуле, Радио Кафе (Radio Cafe), со споредна дејност, основано за да ја поддржи независноста на медиумот со несуштински деловни приходи.

Радио 021 е еден од 16-те медиуми од Србија, кои се дел од „Media for All“ грант-шемата за развој на бизнисот.

Сања Лазиќ, во последното издание на Journalift Talks, со уредникот на веб-страницата на Радио 021, Зоран Стрика, се фокусира на плановите на овој медиум, на имплементацијата на проектот и на она што тие го научија од проектот „Media for All“. За овие и за многу поинтересни детали за овој медиум, за неговата работа и за медиумската сцена во Србија, во следното интервју.

Publication year: 2022