Journalift Talks со Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на Гоце.мк

Списокот на медиумски платформи кои се дел од Универзитетот „Гоце Делчев„ од Штип, е збогатен со нова веб-страница и мобилна апликација, кои првенствено се фокусираат на потребите на младите и студентите. Гоце.мк (www.goce.mk) е новата платформа која има за цел да ја пополни празнината на медиумската сцена во Северна Македонија. Веб-страницата е дел од медиумското семејство на Универзитетот, кое се состои од радио – УГД ФМ, канал на Јутјуб и веб-страница.

Гоце.мк е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од „Media for All“ грант-шемата за развој на бизнисот.

Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на Гоце.мк, во најновото издание на Journalift Talks се фокусира на идните планови на медиумиското одделение на Универзитетот, ангажманот на младите, повратните информации од публиката, интересните детали во имплементацијата на проектот и на она што го научија во рамките на проектот „Media for All“. За сето ова, но и многу повеќе, во следниот Journalift Talks со Илчо Цветаноски и Игор Стојанов.

Publication year: 2022