Journalift Talks со Мери Јанчева, маркетинг и проект менаџерка во ТВ ВИС

ТВ ВИС, регионален медиум од градот Струмица, со помош на проектот, „Media for All“, успеа, преку граѓанско новинарство, да ја охрабри интерактивноста со публиката и истата да ја зголеми. Имено, целта на проектот на ТВ ВИС, беше да се создаде нов пристап во постоечкиот однос помеѓу медиумот и јавноста. Со помош на „Media for All“, тие создадоа посебна потстраница на нивниот портал, со што се овозможи полесна двонасочна комуникација. Мери Јанчева, која е дел од тимот за маркетинг и менаџмент на ТВ ВИС, во следното интервју подетално зборува за проектот, за неговата реализација, за резултатите и за идните планови на ТВ ВИС.

Publication year: 2022