Journalift Talks со Надежда Будимовиќ, главна и одговорна уредничка на КрушевацГрад

КрушевацГрад (KrusevacGrad), мал локален медиум со седиште во градот Крушевац, централна Србија, успеа да ја зголеми посветеноста и ангажманот на заедницата, како и да развие нови рекламни пакети за локалните бизниси, со унапредување на техничките капацитети и на знаењето на тимот.

Медиумот неодамна доби и нова веб-страница, која може да се разгледува и на мобилен телефон, а која е поинтерактивна во споредба со старата. Исто така, обуките за изградба на капацитетите, меѓу другото и за видеопродукција, заедно со новата видеоопрема, доведоа до создавање на визуелно атрактивни содржини.

За овие и за другите поинтересни детали за овој медиум, за неговата работа, за неговиот мал јубилеј, зборувавме во најновиот Journalift Talks со Сања Лазиќ и Надежда Будимовиќ, главна и одговорна уредничка во КрушевацГрад.

Publication year: 2022