Пишување вести: Уметноста на раскажување приказни

Овој курс е дизајниран да ве научи на напредните техники за раскажување приказни, со совети од водечки новинари. Ќе ви бидат прикажани различни начини да раскажете новинарски приказни и ќе добиете стручни совети за известување од терен.

Иан Мекаскил

Иан Мекаскил е вашиот водечки инструктор. Тој е новинар речиси 50 години, од кои најголем дел како репортер, работејќи со новински организации ширум светот. Мекаскил поминал 22 години во Гардијан како уредник за надворешна политика, шеф на бирото во Вашингтон и дописник за одбрана и разузнавање. Добитник е на Пулицерова награда за текстовите поврзани со откритијата на Едвард Сноуден за активностите на американската тајна служба НСА. Тој е и добитник на Еми награда.

При пријавувањето, ве молиме внесете го вашето полно име и презиме, бидејќи тоа ќе биде информацијата напишана на вашиот сертификат.

Бесплатен курс

Ќе бидете пренасочени на надворешна веб-локација

  • 01. Напредни техники на раскажување приказни
  • 02. Подигнување на нивото на вашата приказна
  • 03. Раскажување приказни на различни платформи
  • 04. Раскажување приказни и вонредни вести
  • 05. Последни подобрувања…финализирање на вашата приказна
  • 06. Анкетат за крај на курсот

Warning: Undefined array key 0 in /home/jlft/public_html/wp-content/plugins/elementor-pro/modules/dynamic-tags/acf/tags/acf-text.php on line 33

Warning: Undefined array key 1 in /home/jlft/public_html/wp-content/plugins/elementor-pro/modules/dynamic-tags/acf/tags/acf-text.php on line 33

Во овој курс ќе научите:

Добре дојдовте на вториот курс од нашата серија Пишување вести: Уметноста на раскажувањето приказни

Замислете дека сте заробени во хотелска соба со најпознатиот свиркач (whistleblower) на светот кој сака да ви ја раскаже својата приказна. Како би ја напишале приказната?

Токму ова му се случи на добитникот на Пулицеровата награда и добитник на Еми, Иан Мекаскил (Ewen MacAskill), кој воедно е и водечки инструктор на овој курс. Овој курс е втор во серијата Пишување вести: Уметноста на раскажувањето приказни и ви дава уникатна можност да научите повеќе преку искуствата на Иан Мекаскил. 

Во првиот курс, Иан ги објасни основните техники на пишување вести. Во овој курс тој ќе ве научи на напредни техники. Дел од овој курс се и некои од највлијателните новинари во светот, кои ќе ви ги пренесат своите совети и препораки за да станете подобар раскажувач.

Наставниците на овој курс:

Иан Мекаскил

Новинар

Иан Мекаскил е вашиот водечки инструктор. Тој е новинар речиси 50 години, од кои најголем дел како репортер, работејќи со новински организации ширум светот. Мекаскил поминал 22 години во Гардијан како уредник за надворешна политика, шеф на бирото во Вашингтон и дописник за одбрана и разузнавање. Добитник е на Пулицерова награда за текстовите поврзани со откритијата на Едвард Сноуден за активностите на американската тајна служба НСА. Тој е и добитник на Еми награда.

Други курсеви:

Кетрин Меки
Секој новинар сака публиката да му верува. За возврат, публиката од новинарот очекува да биде прецизен, фер и непристрасен. Ако на оваа равенка се додаде и вештачката интелигенција (ВИ) работите може да станат покомплицирани ако не сте подготвени. Алатките за вештачка интелигенција се многу корисни за голем број редакции, но тие имаат своја цена. Цената, ако немате соодветни политики, може да биде на сметка на репутацијата, правни проблеми и загуба на довербата од публиката. Значи, ако користите вештачка интелигенција или планирате, време е да го прифатите етичкиот пристап.
Томсон Медиа
Овој курс ќе ве научи како да ги препознавате различните видови на насилство и закани, кога станува збор за работата на новинарките од Западен Балкан. Ќе слушнете лични приказни и искуства на некои од најдобрите новинарки во регионот, ќе научите кои се вашите права, како да се однесувате во случај на напад, како да пријавите насилство, да изградите отпорност и да се зајакнете за да им помогнете на колешките.
Александар Манасиев
Курсот е наменет за сите новинари кои сакаат самостојно да креираат новинарска содржина. Преку објаснување на техниките и најдобрите практики за креирање содржина со мобилен телефон новинарите ќе станат подготвени самостојно, без никаква помош да создаваат ангажирани приказни, визуелно моќни видео-приказни, интервјуа и да ги објавуваат на кој било медиум.
Билјана Степановиќ
Вредноста на овој курс е во тоа што знаењето и советите ги делат „инсајдери“, долгогодишни економски новинари кои знаат со какви професионални и лични предизвици и стравувања се соочуваат младите новинари.
Иан Мекаскил
Овој курс е дизајниран да ве научи на напредните техники за раскажување приказни, со совети од водечки новинари. Ќе ви бидат прикажани различни начини да раскажете новинарски приказни и ќе добиете стручни совети за известување од терен.
Александар Манасиев
Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.