Добре дојдовте на вториот курс од нашата серија Пишување вести: Уметноста на раскажувањето приказни.
Замислете дека сте заробени во хотелска соба со најпознатиот свиркач (whistleblower) на светот кој сака да ви ја раскаже својата приказна. Како би ја напишале приказната?
Токму ова му се случи на добитникот на Пулицеровата награда и добитник на Еми, Иан Мекаскил (Ewen MacAskill), кој воедно е и водечки инструктор на овој курс. Овој курс е втор во серијата Пишување вести: Уметноста на раскажувањето приказни и ви дава уникатна можност да научите повеќе преку искуствата на Иан Мекаскил.
Во првиот курс, Иан ги објасни основните техники на пишување вести. Во овој курс тој ќе ве научи на напредни техники. Дел од овој курс се и некои од највлијателните новинари во светот, кои ќе ви ги пренесат своите совети и препораки за да станете подобар раскажувач.