Новинарство на повеќе платформи – почетен курс

Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.

Александар Манасиев

Сите модули се состојат од кратки видео лекции, придружен текст, но и дополнителни материјали и задачи. Ќе ги опфатиме практичните концепти такашто можете веднаш да започнете да ги користите во вашата работа.

При пријавувањето, ве молиме внесете го вашето полно име и презиме, бидејќи тоа ќе биде информацијата напишана на вашиот сертификат.

Бесплатен курс

Ќе бидете пренасочени на надворешна веб-локација

Mодул 1 – Вовед во мултиплатформско новинарство
Mодул 2 – Креирање содржина за повеќе платформи
Mодул 3 – Од теорија кон пракса
Mодул 4 – Преглед на наученото

Во овој курс ќе научите:

Дигиталното време го смени изгледот на новинарските приказни, како тие се пишуваат и како визуелно ѝ се претставуваат на публиката. Без разлика дали сте искусен новинар или почетник во новинарството, во денешно време морате да креирате адаптирани мултимедијални новинарски приказни со цел да стигнете до поголема публика на различни платформи.

Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.

СОДРЖИНА НА КУРСОТ:

  • Дел 1 дава преглед на курсот и темите што ќе бидат опфатени и ве запознава со инструкторите.
  • Дел 2 ги опишува навиките на публиката при следење вести на различни платформи.
  • Дел 3 низ практичен пример се опишува процесот на приспособување вести за различни платформи.
  • Дел 4 ги опфаќа клучните поенти и крајни совети за приспособување вести за различни платформи.

Во посебните делови на овој курс има практични вежби и прашалници. Потребно е сите да ги завршите и да ги пополните за да го стекнете соодветното знаење, но и сертификатот за успешно завршен курс.

За да го завршите овој курс ќе ви требаат приближно 4 часа, низ повеќе сесии.

Наставниците на овој курс:

Andrija Vučković

Učitelj bezbrojnih mudrosti

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Duis vestibulum lectus condimentum turpis cursus, sit amet porta ipsum pulvinar. Class aptent taciti sociosqu ad litora torquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Quisque sollicitudin vestibulum nunc a euismod. Nullam venenatis ultrices nibh ac tincidunt. 

Александар Манасиев

Новинар

Александар Манасиев (новинар) е наградуван новинар од Северна Македонија со повеќе од 17 години искуство во печатени медиуми, ТВ и дигитални медиуми. Тој има искуство како истражувачки новинар, дописник и главен уредник во повеќе медиуми во регионот и пошироко. Тој исто така работи како регионален обучувач за мобилно новинарство, дигитални медиуми и истражувачко новинарство.

Други курсеви:

Кетрин Меки
Секој новинар сака публиката да му верува. За возврат, публиката од новинарот очекува да биде прецизен, фер и непристрасен. Ако на оваа равенка се додаде и вештачката интелигенција (ВИ) работите може да станат покомплицирани ако не сте подготвени. Алатките за вештачка интелигенција се многу корисни за голем број редакции, но тие имаат своја цена. Цената, ако немате соодветни политики, може да биде на сметка на репутацијата, правни проблеми и загуба на довербата од публиката. Значи, ако користите вештачка интелигенција или планирате, време е да го прифатите етичкиот пристап.
Билјана Степановиќ
Вредноста на овој курс е во тоа што знаењето и советите ги делат „инсајдери“, долгогодишни економски новинари кои знаат со какви професионални и лични предизвици и стравувања се соочуваат младите новинари.
Александар Манасиев
Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.
Томсон Медиа
Овој курс ќе ве научи како да ги препознавате различните видови на насилство и закани, кога станува збор за работата на новинарките од Западен Балкан. Ќе слушнете лични приказни и искуства на некои од најдобрите новинарки во регионот, ќе научите кои се вашите права, како да се однесувате во случај на напад, како да пријавите насилство, да изградите отпорност и да се зајакнете за да им помогнете на колешките.
Александар Манасиев
Курсот е наменет за сите новинари кои сакаат самостојно да креираат новинарска содржина. Преку објаснување на техниките и најдобрите практики за креирање содржина со мобилен телефон новинарите ќе станат подготвени самостојно, без никаква помош да создаваат ангажирани приказни, визуелно моќни видео-приказни, интервјуа и да ги објавуваат на кој било медиум.
Иан Мекаскил
Овој курс е дизајниран да ве научи на напредните техники за раскажување приказни, со совети од водечки новинари. Ќе ви бидат прикажани различни начини да раскажете новинарски приказни и ќе добиете стручни совети за известување од терен.