Journalift Talks со Адриатик Големи и Артур Рустеми, ТВ Аполон

ТВ Аполон, локален медиум од градот Фиер во Албанија, со помош на проектот, „Media for All“, воведе нов и иновативен Би2Би (B2B) бизнис модел, но, исто така, го подобри и квалитетот и релевантноста на своите содржини, со ставање фокус на прашања од заедницата, за кои недоволно се известува (на пример, за еколошките проблем, расизамот, за женските права). Овој медиум доби и нова, побрза и побезбедна веб-страница, а вработи и нов персонал во секторите производство и маркетинг.

Овој медиум е еден од 8-те медиуми во Албанија, кои се дел од проектот „Media for All“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и од ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Во оваа епизода од Journalift Talks, нашите гости зборуваат за дигитализацијата на медиумите во Албанија, за идните планови на ТВ Аполон, за медиумската сцена во оваа земја итн. За овие теми, но и за многу други интересни детали за наведениот медиум и неговата работа, во најновото издание на Journalift Talks, зборуваат, Аниса Курај, од Фондацијата Томсон, Адриатик Големи, проект менаџер во ТВ Аполон, и Артур Рустеми, сопственик на ТВ Аполон.

Publication year: 2022