Journalift Talks со Висар Хоти, директор на РТВ Тема

РТВ Тема oд Урошевац, во рамките на проектот „Media for All“, ги подобри капацитетите на својата видеопродукција, започна со емитување на две висококвалитетни ТВ серии, ја подобри онлајн продажбата преку in-stream видеореклами и воведе нова платформа, базирана на претплатници, како и in-store радио услуга. Со цел да оствари целосен бенефит од подобрувањата во продукцијата, РТВ Тема разви и нови теренски стратегии и стратегии за социјалните медиуми.

РТВ Тема е приватна, локална телевизија, формирана во 2000 година. Првично работи како радиостаница, а во 2005 година добива и лиценца за телевизиска станица, која покрива 10 општини во Косово, со приближно 700.000 жители.

РТВ Тема е еден од шесте медиуми во Косово, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот на „Media for All“. Овој проект е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и од ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Во ова специјално издание на Journalift Talks, во Улцињ, Црна Гора, Висар Хоти разговара со Аниса Цурај од Фондацијата Томсон, за главните достигнувања и предизвици на медиумот во текот на имплементацијата на проектот, за процесот на менторство и за идните планови на РТВ Тема. За ова, но и за други уште поинтересни детали, слушнете во следното интервју.

Authors: Journalift
Publication year: 2022