Journalift Talks со Илмира Лика, извршна директорка на РТВ Теута

РТВ Теута, медиум со седиште во Улцињ, во рамките на проектот „Media for All“, ги исполни сите првични цели – го зголеми бројот на корисници / посети / претплатници, креираше нова двојазична веб-страница, воведе програма во живо и онлајн апликација, а ја зголеми и својата публика во дијаспората.

Благодарение на холистичкиот и мултиплатформски пристап, заедно со новосоздадената интернет страница и онлајн апликација, РТВ Теута бележи постојано зголемување на публиката, на нивните дигитални платформи – веб-страницата, Јутјуб, Фејбук и Инстаргам.

РТВ Теута, медиум основан во 2003 година, е првиот двојазичен медиум во Црна Гора, што ја емитува својата програма на албански и на црногорски јазик. Тие се еден од петте медиуми од Црна Гора, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот, на проектот „Media for All“.

Овој проект е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од страна на Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Во ова специјално издание на Journalift Talks, во Улцињ, Црна Гора, Лика разговараше со Аниса Цурај, од Фондацијата Томсон, за главните достигнувања во рамките на проектот „Media for All“, за вклученоста на дијаспората и на локалната публика во производството на содржини, како и за нивните идни планови.

Publication year: 2022