Ковид ги расцепка на рати ниските хонорари

Натпревар за млади новинари на „Media for All“

Натпревар за млади новинари на „Media for All“

 минути читање

00-BHSC-Payments-are-made-to-contractors-in-instalments-due-to-COVID-19.png

Животот на младите актери и актерки за време на пандемијата

Kога ќе сфатиш дека веќе шест години работиш и имаш добри препораки, а немаш ниту еден ден работен стаж, тогаш тоа што се пишува е чист апсурд. Кога ова би му го кажала на некој што работи во областа на економијата, медицината, менаџментот или која било струка во која било друга држава, би ми рекол: Па вие имате сериозен проблем!“ – вака актерката Јасмина Дедиќ-Ибриќ ја започна својата приказна за судирот на желбата за работа и сивата зона помеѓу вработеноста и невработеноста. 

Дедиќ има дипломирано на Академијата за драмски уметности во Тузла во 2016 година, но започнала да се занимава со актерство уште за време на студиите. Досега, има глумено во Театарот за младинци во Тузла, Домот на млади и Босанскиот културен центар, а во моментов е надворешен соработник со склучен договор за дело во Народниот театар во Тузла.

Јасмина Дедиќ-Ибриќ (горе) и Елвира Аљукиќ во претставата „Чисто лудило“ во Народниот театар во Тузла

Недостатоците да се работи како надворешен соработник, особено кога се работи за подолг период и повеќе проекти, и тоа како влијаат на мотивацијата – надворешните соработници немаат право на здравствено осигурување и работен стаж, немаат постојани примања и „живеат“ од проект до проект. Дедиќ вели дека општествената положба на актерската професија не им оди во прилог на младите актери.  

„Сите си мислат дека ние актерите сме боеми, недостижни луѓе, но тоа не е точно! И ние сме работници. Секоја струка има свои работници и вршители на дејноста. И театарот е компанија. Народниот театар Тузла е компанија, исто како што е „БХ Телеком“, Водовод или Топлификација. Но, никому не му е јасно како во системот на овие компании е предвидено вработување, а овде кај нас не е. Како сме ние полоши или подобри од другите луѓе?“

Истото прашање го поставува и млада актерка од Војводина којашто сакаше да остане анонимна, бидејќи смета дека доколку јавно проговори за овој проблем тоа може да доведе до проблеми со нејзиниот ангажман. Таа вели дека работата на актерите не зависи само од нивниот труд и талент, туку и од социјалната интеракција со луѓето кои носат одлуки.

Што ме спречува да најдам постојано вработување во мојата струка? Искрено, тоа што не се дружам со луѓе од лична корист. Би сакала да имам желудник за тоа, но немам. Не правам работи само за да ме вработи некој, туку чесно си ја вршам работата и ги исполнувам своите задачи, па длабоко во себе се надевам дека некој ќе го уважи тоа.“

Таа дипломирала на Факултетот за театарски уметности во 2018 година. Започнала да се занимава со актерство уште за време на студиите. Иако има многу помалку кастинзи за женски улоги отколку за машки улоги, нашата соговорничка во моментов е ангажирана во три театри во Војводина. Меѓутоа, ни примањата од трите хонорарни ангажмани не се доволни за стабилно и самостојно живеење.

Бројките кажуваат сè

Актерките од овие две земји ја делат истата судбина со уште многу други млади актерки и актери кои по дипломирањето долго време чекаат да бидат вработени. Според евиденцијата на Националната служба за вработување, во моментов во Србија чекаат да бидат вработени 56 актери, од кои деветмина се помлади од 30 години. Од сите овие актери, една петтина се од Војводина и повеќето се жени.

Во Босна и Херцеговина, во евиденцијата на невработени фигурираат 46 актери, од кои 38 се во Федерацијата БиХ, а 8 се во Република Српска. Иако Академии за драмски/сценски уметности има само во Сараево и Тузла, каде што има и најмногу невработени, театри има во повеќето градови. Во Мостар и Зеница има по еден театар, три во Тузла и пет во Сараево.

Статистики за Босна и Херцеговина:

КАНТОН

Невработени дипломирани актери

Невработени актери кои се магистри и доктори

Вкупно актери

Унско-сански101
Посавски000
Тузлански13215
Зеничко-добојски101
Босанско-подрински000
Среднобосански202
Херцеговско-неретвански000
Западнохерцеговски000
Кантон Сараево16319
Кантон 10000

ВКУПНО

36238

Сојуз на драмските уметници во Војводина: Порано имаше помалку школувани актери, а повеќе стабилни ангажмани

Нерамнотежата во системот најмногу се отсликува во политиката за запишување на Факултетот за драмски уметности во Тузла. Академијата запишува студенти на студиската програма Актерство секои две години во предвидената квота од 15 студенти по класа. Класата во којашто дипломирала Дедиќ е првата класа во која се запишале поголем број студенти (13, во однос на 6 или 7 од минатите генерации), а понатаму се повторува истата практика.  

Во последните четири класи, на Академијата студирале 48 студенти. Според овој број, Тузла секоја втора година добива во просек по 12 млади актери.  

Од друга страна, во последните четири класи на Академијата за сценски уметности во Сараево, на која се запишуваат студенти секоја година, дипломирале вкупно 30 студенти. Сараево секоја година добива во просек по седум или осум млади актери.  

Настрана од студентската сцена на „Театар Кабаре“- Тузла и Театарот на младинци во Тузла коишто немаат ансамбл, во Тузла постои само еден професионален театар. Дедиќ објаснува дека „пазарот не може да го поднесе тоа“.

Во Сараево секоја година има уписи за нови студенти, но има и пет театри. Кај нас секоја втора година има уписи, а примаме студенти како да има уписи секоја година… Порано беше подобро кога ќе дојдеше да студира глума некој од Осиек, Нови Сад, Жупанија, бидејќи знаевме дека ќе си отиде. Ако тоа им го олеснува уписот на факултет, во ред е, шестмина ќе се вратат назад, ама важно ќе ни дадат по сто марки или ако се запишат со самофинансирање по илјада – но, тоа не е решение.“

Според податоците од анкетата за дипломирани актери и актерки на ФДУ во Тузла во последните две класи, во којашто учествуваа 14 од 25 студенти, повеќето од овие студенти во моментов се невработени.

Дипломираните актери и актерки, доколку сакаат да останат во Тузланскиот кантон, го имаат само Народниот театар во Тузла. Меѓутоа, според директорот Мирза Чатибушиќ, последниот конкурс за позицијата актер/актерка е распишан пред 10 години, односно последен пат актер бил примен како постојан член на ансамблот во 2013 година. Ангажманите се сведуваат на договори за дело. 

Чатибушиќ вели и дека недостигот од можности за вработување не е само на штета на актерите, туку и на установата.

„Несомнено, Народниот театар има потреба од млади актери и актерки. И тоа нема само потреба од актерки и актерки, туку и од голем број други видови работници. Театарот е сложен механизам и за да се овозможи квалитетно и професионално вршење на неговата дејност, навистина мора да имаме на располагање низа специфични работни места, работници поради чии работни задачи театарот ќе биде театар. Сè друго е импровизација. За жал, во моментов се соочуваме со сериозен дефицит на кадар. Да речеме дека оптималниот број на вработени е помеѓу 60 и 80. Во моментов имаме вкупно 36 вработени.“

И покрај ова, Народниот театар не може самоиницијативно да распишува конкурси, иако потребата и дефицитот на работници се евидентни, туку мора да добие согласност од соосновачите – Владата на Тузланскиот кантон и Градот Тузла. Значи, без согласност нема конкурс. Сепак, Дедиќ објаснува дека Народниот театар навистина се труди на секој начин да им пружи можности на младите актери. 

Кога би морала да заминам од овде, би била емотивно растргната, но за тоа ниту некој те прашува, ниту некому му е гајле. Еден надворешен соработник помалку – супер!!! Но тоа не важи за театарот, театарот се обидува на секој можен начин да нè задржи, да останеме, тука да сме – но, системот воопшто нема слух за нови луѓе. 

Тешко е да се истакне само еден негативец во целата приказна. Директорот Чатибушиќ вели дека „во суштина и не постои само еден виновник за тоа“, туку дека сите подеднакво носат одговорност. 

„Живееме во една навистина комплицирана држава и проблемот за којшто зборуваме, за недостигот од луѓе т.е. за празните работни места, не е вчерашен или неодамнешен, туку е проблем со кој се соочуваме последниве 20 години и кој сигурно е показател и за односот на општеството кон културата.“

Професионалниот ансамбл на Народниот театар во Тузла го сочинуваат 15 членови. Доколку ги поделиме вработените по возраст и според параметарот дека за млади се сметаат лица на возраст до 30 години, во Народниот театар во Тузла НЕМА вработени млади актери. Најмладиот вработен актер е роден во 1986 година

Соодносот на надворешни соработници и членови на ансамблот во Народниот театар во Тузла во последните две сезони:

Од 20 надворешни соработници кои беа ангажирани за последните осум претстави, сите со договор за дело, 15 се млади луѓе. Дедиќ глумеше во три, а покрај овие улоги, таа глумеше и како замена во репризи на постари претстави. 

Јасмина Дедиќ-Ибриќ (во средина) во претставата „Тетка му на Чарли“, во Народниот театар во Тузла. И останатите три млади актерки на фотографијата се надворешни соработници.

Што се однесува до Војводина, Академијата за уметност во Нови Сад секоја година отвора по 10 места што ги покрива буџетот на студиската програма за глума на српски јазик. Покрај тоа, секоја втора година се одвиваат уписи за глума на унгарски јазик на кои се запишуваат осум студенти. Минативе четири години, на програмата за глума на српски јазик на Академијата дипломирале 27 актери, а на програмата за глума на унгарски јазик 14 млади актери. Минатата година ниту еден студент не дипломирал на Академијата на програмата за глума на унгарски јазик.

Предраг Момчиловиќ, професор на Академијата за уметности во Нови Сад и претседател на Сојузот на драмски уметници во Војводина, смета дека оваа статистика се должи на тоа што глума се изучува на премногу места. Тој вели дека порано имаше помалку простор за ангажирање актери, но и дека имаше помалку академии. 

„На времето, кога завршував на Академијата, постоеја академии само во Белград, Нови Сад и Загреб. Притоа, во Нови Сад на Академијата немаше уписи секоја година, туку на секои две или три години. Дипломиравме најмногу 20-25 актери на Академијата, а имаше многу повеќе ангажмани и имаше многу повеќе простор. Денес, само во Белград имате околу пет академии, а каде е Нови Сад, Бања Лука, Сараево… Да не ги набројувам. Тие годишно вадат по 10 актери, што значи, од истиот простор излегуваат многу поголем број школувани актери, а постојаните ангажмани се речиси сведени на минимум.“

Тој вели и дека природното движење на населението, односно пензионирањето на постарите колеги, нема да создаде простор за нови, млади колеги, бидејќи секоја година дипломираат многу поголем број актери од тоа што има потреба на пазарот на труд.

Бројки од Војводина

Српскиот народен театар во Нови Сад има 50 професионални актери. Сите се со договори за вработување, а по потреба секоја сезона се ангажираат и 10-15 актери со авторски договори. Последниве три години, во овој театар се вработени 14 актери и актерки. Пред да се вработат, тие беа хонорарни соработници и поради нивните улоги во претставите од репертоарот беа квалификувани за вработување. Единаесет актери се помлади од 30 години и тие се главно вработени на неопределено. 

Српскиот народен театар

Народниот театар во Суботица во својот ансамбл има 35 вработени и 15 хонорарни соработници. Вработувањето нови лица зависи од Градот Суботица и Покраинската Влада како основачи на театарот. Доколку се испразни работно место и основачите дадат одобрување, од овој театар велат дека предност за вработување имаат младите актери кои глумат со авторски договори. Во моментов, едно лице кое е ангажирано со договор за привремена или повремена работа и пет актери кои се ангажирани на определено време спаѓаат во категоријата млади луѓе.

Народниот театар во Суботица. Авторка: Наталија Јаковљевиќ

Иако Градскиот театар во Бечеј не е професионален театар, во театарот глуми една дипломирана актерка со договор за дело, а планираат и да вработат уште едно лице, за што им е неопходно одобрување од Министерството за финансии. Останатите актери се ангажирани со договор за дело или договор за привремена или повремена работа и сите се помлади од 31 година. 

Народниот театар во Сомбор има 14 актери во својот ансамбл, коишто се ангажирани со договори за вработување на неопределено или определено време. Покрај нив, за претставите се ангажираат и актери како надворешни соработници и такви се вкупно 18 во претставите кои се моментално на репертоар. Велат дека новите актери главно се некои од надворешните соработници. Тројца од вработените актери спаѓаат во категоријата од 18 до 30 години и се ангажирани на определено време. Осуммина од надворешните соработници се млади, вели директорката на театарот, Бојана Ковачевиќ

Покрај ова, би додала и дека ситуацијата значително се влоши со забраната за вработување којашто стапи на сила во 2014 година. Таа видно го отежнува вработувањето млади актери, како и пополнувањето на испразнетите работни места кои се ослободиле поради заминување во пензија, природен одлив и така натаму.“ 

Директорката на Театарот за деца во Суботица, Марта Ароксалаши, е на чело на оваа установа веќе 11 години. Како што вели таа, со години се обидува да ангажира млади и школувани актери, токму поради тоа што смета дека ги има премногу на пазарот на трудот, а премалку во театрите. 

„Навистина ми е жал што по завршувањето разни академии, на повеќето млади актери не им се укажува можност за постојан ангажман во професионален театар, со исклучок на неколкумина на кои им се насмевнала среќата. Театрите можат да ангажираат млади актери по потреба и по сопствена иницијатива, но само доколку од сопствениот буџет издвојат средства за хонорари. Театрите коишто се во подобра финансиска состојба полесно се одлучуваат да ангажираат млади актери“, вели Ароксалаши. 

Таа објаснува дека нејзиниот театар практикува постојано да го освежува ансамблот со млади актери, на кои им се доверуваат главни улоги во претставите. Како што вели таа, законот им дозволува да вработат двајца млади актери на определено време. Од друга страна, во претставите што се на репертоар редовно глумат четворица актери на српски јазик и четворица актери на унгарски јазик, но само како хонорарни соработници.

„За жал, колку и да имаме потреба, во самиот колектив нема усогласен став за потребата да се ангажираат млади актери – што се должи на стравот дека повозрасните колеги нема да добиваат улоги во претставите. Сепак, повозрасните актери едвај чекаат да ги заменат помлади колеги, бидејќи со тоа сметаат дека со помалку работа ќе ја дочекаат пензијата, притоа ќе добиваат пристојна плата“, вели директорката на оваа институција.  

Со маски и без маски

Уште една отежнувачка околност е влијанието на коронавирусот на собирањето, работата на театарот и директно на положбата на младите актери. За нив дополнително се зголеми неизвесноста, бидејќи се доведоа под знак прашалник и онака нередовните приходи.

Јасмина Дедиќ, којашто е ангажирана хонорарно во Народниот театар во Тузла, опишува со што се соочуваат во театарот откако изби пандемијата. Според Дедиќ, исплатата на месечните хонорари се претвори во „раздолжување“ на рати кои се исплаќаат на почетокот, на средината и на крајот од тековниот месец, како и на почетокот од следниот месец. 

Не знаеш кога ќе ти легнат парите на сметка и колку си заработил, а тој систем не е повеќе привремен, туку го усвоија како модел. Ние не глумиме на рати. Не дека велиме: Добровечер! Сега ќе го глумиме првиот чин, бидејќи само толку сме платени. Следната недела дојдете пак, ќе го глумиме и вториот чин.“   

Дедиќ вели дека ова не е само нејзин став. Од единаесет колеги со кои има дипломирано во иста класа само тројца работат по струка и тоа не се во редовен работен однос. Уметниците не го критикуваат ваквиот систем за да добијат на подарок нешто што не им следува, туку само тоа што го заслужуваат. 

„Работиме за публиката, работиме за луѓето, работиме и за тие што доаѓаат и за тие што не доаѓаат, работиме и за тие што нè финансираат и за тие што не нè финансираат, работиме и за тие што нè плаќаат на рати, но не глумиме на рати. Само даваме и тоа е тоа што е добро. Не е добро тоа што и понатаму, и покрај сè, сме на маргините. Секогаш сме на маргините – не само ние актерите и театарот, туку и општо уметноста.“

Поради пандемијата, животот на младата актерка од Војводина ѝ се преплави со предизвици. Откако се појави коронавирусот има сè помалку претстави, па нашата соговорничка за првпат размислува и да смени професија. 

„Годинава почнав да размислувам што би можела да работам освен мојата професија, иако навистина мислам дека местото ми е на сцената и во никој случај не би сакала да се откажам од мојот животен повик. Но, со примањата како хонорарен соработник едноставно не можам да живеам самостојно – а имам 26 години. Огромна желба ми е да се осамостојам, да живеам сама.“ 

Поголемиот дел од нејзините колеги и понатаму немаат стабилни примања. Сепак, таа вели дека не е сè така црно.

„Можам да кажам дека вака или онака, минатава година голем број млади се вработија по театрите во Војводина, Белград, Србија. Тоа е се должи на укинувањето на забраната за вработување во државните институции. Тоа е позитивна работа.“ 

Проектите како потенцијално решение

Предраг Момчиловиќ, професор на Академијата за уметности во Нови Сад и претседател на Сојузот на драмски уметници во Војводина, како решение за невработеноста на младите актери го предлага проектното финансирање. Од нив сега се очекува, покрај со актерството, да се занимаваат и со продукција и организирање на нивната работа. 

„Тоа е уште една можност да се ангажираат млади актери. Тоа што некогаш се сметаше за единствена можност беше по завршувањето на Академијата или по некој актерски ангажман да си се „вдомите“ во некој театар, па целиот работен век да го поминете како бели мечки на истото работно место – без да се секирате за статус или плата. Тоа верувам ќе се среќава сè поретко, но не значи дека ќе се уништат можностите за работа во областа на културата.“ 

Како пример, тој наведе еден потег од неговите студентски денови.

„Мојата генерација го создаде „Театарот на промени“. Ние со таа промена бевме на Академијата и успеавме да се претставиме на територијата на цела Југославија. Тоа беше еден обид надвор од институциите и Академијата да правиме претстави скроени по наша желба.“  

Со време, активностите на театарот замреа, но новите генерации повторно го заживеаја „Театарот на промени“.

И во Тузланскиот кантон, младите актери и актерки многу често прибегнуваат кон алтернативни решенија – почнуваат да работат на сопствени драмски работилници, проекти, или во случајот на актерската брачна двојка Садика и Ермин Евдиќ – на Арт центарот „Анката“. Преку „Анката“, којшто започна со работа во 2018 година, брачната двојка Авдиќ досега има организирано преку 20 претстави за другите општини од Тузланскиот кантон. Ермин објаснува дека нивното здружување има двојна функција: да се подигне свеста за уметноста во помалите средини и да се создаде платформа за работа за младите актери. 

Садика и Ермин Авдиќ за време на изведбата на претставата „Што се белее во зелената гора“ во Сапна 

„Првенствено создаваме простор за ангажман за себе, а со тоа и за ангажман на нашите колеги. Во моментов, екипата која работи на ‘патувачкиот театар’ ја сочинуваат шест актери и двајца членови на уметничкиот кадар, ако може така да се изразам. Сите тие се магистри по уметност, актери и актерки, невработени…“, објаснува Ермин

Една од претставите што се изведуваа како дел од проектот на Арт центарот „Анката“ е и монодрамата „Ich liebe Deutschland“ на Јасмина Дедиќ-Ибриќ. „Ваквите заеднички проекти може да послужат како поттик за унапредување на културата“, вели таа. 

„Во нашава работа без партнер не можеш ништо… Актерството е колективен чин, па ајде да бидеме општествено одговорни како колектив и да бидеме за пример, пример што ќе го следат и другите институции.“ 

Авторки: Шејла Џиндо (БиХ), Сања Ѓорѓевиќ (Србија) и Сања Косовиќ (Србија)

За авторот:

Натпревар за млади новинари на „Media for All“

Дванаесет тимови, составени од по тројца млади новинари, од најмалку две различни земји од Западен Балкан, со поддршка на искусни ментори, осум седмици работеа на создавање на регионални приказни, фокусирани на младите. Приказните беа развиени низ програмата, „Media for All“, која е финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Одговорноста за содржината и ставовите изразени во овие приказни, ја имаат самите автори.

Author

  • Натпревар за млади новинари на „Media for All“

    Дванаесет тимови, составени од по тројца млади новинари, од најмалку две различни земји од Западен Балкан, со поддршка на искусни ментори, осум седмици работеа на создавање на регионални приказни, фокусирани на младите. Приказните беа развиени низ програмата, „Media for All“, која е финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Одговорноста за содржината и ставовите изразени во овие приказни, ја имаат самите автори.

Поврзани статии:

Според спроведените истражувања во сите земји од регионот, жените се значително помалку застапени во медиумските содржини од мажите, што

Врвни стории од Journalift:

Capacity-building-as-a-necessary-investment-for-media-outlets
Post Author
Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се потребни на организациите и заедниците за да преживеат, да се прилагодат и да напредуваат во светот кој брзо се менува, е една од клучните алатки кои Фондацијата Томсон (ФТ) ги користи, заедно со менторството и грантовите, за поддршка на
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат
Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy

Теми:

Најнови статии:

Градењето капацитети како неопходна инвестиција за медиумите
Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се
Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден