Платформите за проверка на факти, како извори за новинарите: Како да дојдете до „непроблематичниот“ факт

 минути читање

01 Fact-checking platforme kao izvori za novinare

„Претседателот, Барак Обама, е роден во САД. Точка“, призна Доналд Трамп, за време на походот кон Белата куќа, кон крајот на летото во 2016 година. Тој со години го тврдеше спротивното, дека Обама е роден во Кенија, што би имало јасни последици, бидејќи американскиот претседател мора да биде роден на тлото на една од американските сојузни држави. Да не беше така, двата негови мандати ќе беа базирани на лажна претпоставка. Трамп инсистираше на ова многу долго, всушност онолку колку што му требаше во кампањата полна со лажни вести кои, на крајот, многу му помогнаа да дојде до претседателската фотелја.

Лагата на која се базираше т.н ‘теоријата за раѓањето’ (birther theory), беше разоткриена осум години пред Трамповото „турање на пепел“. Вистината ја потврдија и новинарите на американските редакции, но во 2008 година, на неа доста вредно работеа и експертите за проверка и утврдување на фактите, од, тогаш сè уште ретките, платформи за разоткривање на вистината. Интернетот ни одблиску не нудеше можности, какви што ги нуди денес, па проверувачите на факти од PolitiFact, мораа многу да се потрудат за да ги најдат изводите од матичната книга на раѓање и на венчани на Барак Обама, неговата возачка дозвола, документите за сопственост на разни недвижности или потврди за неказнување… Една година подоцна, тие ја добија Пулицеровата награда. меѓу другото, и за разоткривање на лагите на кои се базираше ‘теоријата за раѓањето’, но многу повеќе за следење на кампањата на изборите, на кои Обама победи за прв пат, и за исполнувањето на 514-те ветувања, што тој ги даде пред изборите.

Изборот на Обама, ја фокусираше светлината на рефлекторите на платформите за проверка на факти, иако некои од нив, во ваква современа форма (бидејќи некои медиуми, кои држеа до нивната репутација, имаа посебни одделенија за проверка на факти), постојат со години (првата платформа, FactCheck, постои од 2003 година). Во тоа прво искачување, тие главно се занимаваа со проверка на вистинитоста на наводите на политичарите и исполнувањето на нивните предизборни ветувања. Но, кампањата на Трамп и неговото влегување во Белата куќа, кампањата за излегување на Велика Британија од Европската унија (Брегзит), но и многу настани ширум светот, доведоа до вистинска експанзија на порталите за разоткривање на вистината, кои повеќе не се занимаваа само со веродостојноста на политичките пораки, туку и со разоткривање на лагите и манипулациите, кои се наоѓаа во коренот на феноменот ‘лажни вести’, кој и претходно постоеше, но кој доби крила со постоењето на порталите и социјалните мрежи.

Дисциплината ‘проверка’, како основа

Никогаш на платформите за проверка на факти, не им недостасувала работа, бидејќи тие секојдневно се соочуваа и се соочуваат со лаги во вестите, со дезинформации, со погрешни и злонамерни информации, спинови и манипулации, во сите нивни форми. За споредба, две години пред Брегзит и влезот на Трамп во Белата куќа во 2014 година, имаше 44 такви платформи во светот; нивниот број се искачи на 113 во 2016, а на крајот на 2021 година имаше вкупно 349, што е осум пати повеќе од пред седум години, а најголем дел од нив, всушност, се појавија како независни проекти или проекти на невладини организации.

Без разлика дали се поврзани со невладина организација, високообразовна институција или медиумска куќа, проверувачите на факти, како и новинарите, се занимаваат со она што е суштинско значење на новинарството, кое, според Бил Ковач и Том Розенстил, ја чини дисциплината ‘проверка’. Помеѓу двете професии и двата пристапи, покрај многуте сличности, има и многу разлики. Исто така, проверувачите на факти главно се занимаваат со проверка и утврдување, ставање во одреден контекст и објаснување на она што новинарите, а особено „антиновинарите“ (оние кои произведуваат лажни вести и се занимаваат со лажно новинарство; термини: Турчило и Буљубашиќ) го објавуваат, а од друга страна, медиумските куќи, секако, можат да се потпрат на платформите за проверка на факти, кога им се потребни веродостојни и проверени информации.

Целосно проверена информација, добиена од сите релевантни извори и разјаснета од секој аспект, е токму таа што ја носат проверувачите на факти. Таа може да биде и почетна основа, важен извор или важен сегмент на некоја нова приказна, некое ново истражување. Таквиот, како што проверувачите на факти го нарекуваат „непроблематичен факт“, може да стане сигурна основа за секоја идна добра новинарска приказна. И тука нема да има грешка.

Заборавеното правило „провери, па објави“

Заборавеното правило „провери, па објави“

Новинарите ги проверуваат информациите пред да ги објават; а проверувачите на факти, после објавувањето. Новинарите ги обработуваат и ги пренесуваат информациите; проверувачите на факти ја анализираат нивната вистинитост и точност. 

На овој начин, може поедноставно да се објасни разликата помеѓу овие две професии и она со што тие се занимаваат (или со што треба да се занимаваат). Но, не е се така црно-бело.

Ненамерна грешка е секогаш можна и треба да се уважи и прости доколку се случи, но кога намерно се пласира проблематична и манипулативна содржина, која во својата основа ја има лагата - не смее да има прошка. И таквите заслужено треба да се најдат на „столбот на срамот“ (во разни облици и под разни имиња) што го има речиси секоја платформа за проверка на факти. Со ова се информира јавноста, кои медиуми се занимаваат со нечесни работи и на кои не треба да им се верува, ниту да им се посвети минимум време и внимание, а кои редакции се проверени, од доверие и се придржуваат до професионалните и етичките принципи во својата професија.

За жал, современото новинарство секојдневно се соочува со истиот апел за „враќање кон корените“, односно користење на основниот принцип на професијата, што се огледа во јасната формула – „провери, па објави“. Меѓутоа, многумина го прават спротивното, според моделот „објави, па провери“. Затоа, улогата на проверувачите на факти е уште поважна, бидејќи тие ќе го проверат објавеното и на тој начин ќе придонесат, медиумската сцена, но и новинарството, да бидат многу подобри отколку што се денес.

Нема причина да се сомневаме во професионалноста, совесноста и етиката на платформите за проверка на факти, со што тие можат да бидат (и се) сигурен извор за корисниците, а особено за новинарите во редакциите, кои немаат доволно време да го проверат секој факт (како што рековме: грешка и пропуст, особено оние ненамерните, секогаш се можни - и простливи). Токму времето, односно недостигот на време, е клучното оправдување и чест ограничувачки фактор во работата на медиумските професионалци. Но, подобро е да се задоцни и да се донесе квалитетна информација, отколку да се биде прв и да се згреши.

Корисна работа за заедницата

Корисна работа за заедницата

Секоја професија има свои кодекси на дејствување и однесување, односно, правила кои мора да се почитуваат. Така е и со проверувачите на факти. На прво место им се непристрасноста и правичноста во работата, на начин, секоја информација да се проверува на ист начин, односно, без разлика од кого доаѓа. Тие јасно укажуваат на изворите на кои се повикуваат, за да може и самиот читател да следи некаква трага. Покрај точно наведената методологија по која работат, видлива е и организацијата, како и начинот на финансирање. И она што е, исто така, многу важно, е што сѐ што објавуваат детално и го објаснуваат, отворени се за корекции, сѐ со цел на публиката да ѝ дадат целосно точна и вистинита информација.

Според Марија Слијепчевиќ, професорка на Универзитетот ВЕРН од Загреб, сериозноста и пристапот ја покажуваат „интенцијата на организациите (за проверка на факти) ширум светот, да бидат коректив во принципот на делување на медиумите, кои често се дискутабилни на полето на транспарентноста на сопствениот бизнис, финансирањето и сопственоста“. Таа, исто така, се повикува и на извештајот на Ројтерс,  „Подемот на страниците за проверка на факти во Европа“ („The Rise of Fact-Checking Sites in Europe“), во кој се наведува дека „независните сервиси за проверка на информации, се нова демократска институција, со цел којашто е за пофалба - да се промовира вистината во политичкиот дискурс“. 

Тие дефинитивно прават корисна работа за заедницата, но дофатот на платформите за проверка на факти на интернет, е сè уште прилично мал, во споредба со многу други портали, бидејќи публиката почесто ќе се стреми кон тривијални содржини и ‘полесно четиво’ отколку да се „замара“ со сериозни, студиозни и долги форми, кои ја обелоденуваат лагата (така е, впрочем, и со истражувачкото новинарство).

Генерално, на новинарството би му било многу покорисно, повторно да стане „досадно“, односно да се врати на своите корени и постојано да се држи до проверувањето, кое мора да тече паралелно со собирањето на информации. Иако, не е лесно да се борите со голема количина на информации, со постојано наметнување на темпо во редакцијата, но и надвор од неа, особено кога доаѓа од конкуренцијата. Без разлика на сите тешкотии, потребно е да се направат проверки пред објавувањето, да се биде доследен до професионалните стандарди, бидејќи од нив зависи угледот на куќата во која работат, но и довербата на публиката која ја следи нивната работа. Без разлика што имаат во својата потсвест дека постои некој што ќе го „расчисти нередот“ зад нив, не треба да се потпираат на тоа, бидејќи, веројатно, не е воопшто пријатно кога при „сецирање“ на текстот или прилогот, ќе се утврдат пропусти, неточности, невистини, очигледни манипулации.

Што треба да имаат на ум новинарите?

Што треба да имаат на ум новинарите?

Не постои едноставна формула, ниту рецепт, како некоја информација, покрај сите други придружни елементи и неопходни дејствија, да се претвори во одредена медиумска содржина, прилагодена на платформата на која новинарите ги објавуваат своите дела. Исто така, ниту патот до целосно „непроблематичниот факт“ не е така лесен, бидејќи на него се наоѓаат навистина многу препреки. Како можат новинарите да ги заобиколат?

Пред се, треба да имаат автентични, сигурни и веродостојни извори, но и искрени информатори. Секој извор и/или информатор, му создава проблем на новинарот или на редакцијата, доколку им приоѓа „со шипинки в џеб“, односно има скриени намери или нешто крие, или не кажува, ако е пристрасен или има конкретни мотиви, доколку бара анонимност, а нема основа за тоа. Доколку приказната уште на самиот почеток тргне наопаку, не може ниту да заврши поинаку освен како анализа за проверка на факти. Затоа е важно:

  • да се биде целосно убеден во кредибилитетот и релевантноста на изворот,
  • темелно да се анализира достапната документација, да се прочитаат и разберат правните и другите акти, донесени од властите на сите нивоа,
  • да се проучат статистичките податоци и да се вдлабочите во истражувањата,
  • да се контактираат и другите актери во општеството,
  • да се следат социјалните мрежи и да се препознаат корисните, квалитетни и веродостојни информации.

Сè што е собрано потребно е:

  • детално да се провери,
  • да се утврдат сите факти,
  • секоја белешка внимателно да се „претресе“,
  • да се имаат докази за секое тврдење и изјава,
  • да се размисли дали постојат одредени интереси и задкулисни активности, буквално да се „дува и на ладно“,
  • на време да се поправи тоа што е потребно да се поправи,
  • повторно да се повикаат соговорниците и да се контактираат институциите, доколку нешто остане нејасно или сомнително,
  • да се биде скептичн кон собраните податоци, ништо да не се претпоставува и да се биде внимателен,
  • добро да се процени материјалот што се наоѓа на компјутерскиот монитор, во видео или аудио формат, во хартиите што лежат на маса.

А кога преземаат информации од секундарни извори, односно веќе некаде објавени, новинарите, на кои тие информации им се потребни за да ја развијат приказната, треба:

  • внимателно да ја прочитаат/ислушаат/погледаат целата објава,
  • да го проверат авторот и медиумот што ја објавиле, нивната релевантност, веродостојност и репутација,
  • да се уверат во веродостојноста на нивните извори и во она што го зборувале,
  • да дознаат дали и како другите известувале за тоа,
  • и уште еднаш да размислат за сè.
Да се користат вештини и алатки за разоткривање на вистината

Да се користат вештини и алатки за разоткривање на вистината

Покрај сите техники кои им стојат на располагање и искуството на кое може да се потпрат, неопходно е новинарите да „позајмат“ и дел од вештините и алатките што на располагање ги имаат проверувачите на факти, особено при проверка на информации од порталите и социјалните мрежи. И да создаваат идни медиумски содржини, држејќи се до сите постулати, пред се етички, на новинарската професија.

Кога целата работа ќе биде завршена и кога медиумската објава ќе го види светлото на денот, може да се очекуваат реакции, но и забелешки и предупредувања (од извори, актери на приказната, на ‘прозваните’ или на проверувачите на факти) дека нешто не е во ред или не соодветствува со вистината. Додека исправката на грешките во весниците, на радио или телевизија е доста комплексно и има свои правила, на порталите тое е многу поедноставно и сечија препорака е – тоа да не се крие. Прирачникот „Проверка на факти и онлајн новинарство“ (Fact-checking i online novinarstvo), подготвен од платформата „Раскринкавање“, дава предлог за можни решенија во текстовите на порталите и наведува дека е неопходно, доколку постоела материјална грешка:

  • јасно и видливо известување дека грешката постоела и оти е поправена,
  • исправка на неточниот дел од текстот,
  • додавање на белешка со која се информираат читателите за тоа што е, кога е и зошто е корегирано,
  • белешките треба визуелно да се одвојат од останатиот дел од текстот, на начин на кој тоа ќе го избере уредништвото на медиумот (како пример за добра практика е наведен „Њујорк Тајмс“ и рубриката корекции).

Се предлага да се направат слични забелешки, доколку во текстот се додадени нови информации, кои не претставуваат корекција на грешки. Доколку се прават корекции на печатни грешки или на форматирањето на текстот, тогаш не е потребно известување; доколку е направена сериозна материјална грешка и текстот во целост не ѝ одговара на вистината, неопходно е демантирање и негово бришење. Сето горенаведено важи и за објавување на спорни содржини на социјалните мрежи.

Последно, но не и најмалку важно, е тоа што очигледно е дека и двете професии - новинарството и форензичарите за проверка на факти, како што ги нарекува дел од научната заедница - се насочени една кон друга. Кога веќе не постои идеална ситуација, во која сите новинари, целосно и совесно, професионално коректно и до последен детаљ, без никакво сомневање, ги проверуваат информациите до кои ќе дојдат, јасно е дека ќе има работа за проверувачите на факти. Како и новинарите, и проверувачите на факти одамна станаа важна алка во јавниот простор. Затоа, и едните, и другите, со заеднички сили, можат само да бидат на добар пат, за враќање на довербата во медиумите.

Младен Обреновиќ е доктор по комуниколошки науки и професионален новинар. Со новинарство се бави од 1996 година. Првите 14 години работи за локални медиуми кои известуваат / работат во источниот дел на Хрватска. Потоа преминал на позицијата дописник (од Вуковар) за весниците „Glas Slavonije“ и „Jutarnji list“, а од 2010 до 2013 година бил дел од екипата на веб-порталот „Tportal“, со седиште во Загреб, каде известувал за политички теми и актуелности во хрватското општество – хрватското собрание и влада, како и правосудните институции. Во 2013 година започна да работи за „Al Jazeera Balkans“ во Сараево, на почетокот како новинар, а од 2019 година како уредник на вести. Од август 2020 година, тој работи како новинар во Балканската мрежа за истражувачко известување Босна и Херцеговина (BIRN BiH). Од октомври 2017 година до септември 2018 година, тој беше асистент предавач за теории за медиумите на Универзитетот VERN во Загреб. Учествувал на бројни обуки за медиуми, научни конференции и како резултат на тоа, објавил бројни научни студии. Тој е член на Советодавната група за промовирање на медиумска и информативна писменост во Босна и Херцеговина.

Поврзани статии:

Лошата практика на современото новинарство, според која, во борбата против конкуренцијата прво се објавуваат одредени информации а потоа се
Onlajn-novinarstvu-najvise-nedostaje-strpljenja
Поткастот како формат, во последниве години, доживеа раст како на глобално, така и на локално и регионално ниво. Има
7-pitanja-na-koja-treba-da-date-odgovor.
Во фокус група организирана минатата година за употреба на локални медиуми, покрај локалната телевизија и радио, учесниците повеќепати споменуваа
Lokalni-mediji-gube-na-znacaju-i-to-nije-dobro-za-kosovsko-drustvo

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за