Родово-одговорните политики и младинските медиуми

Селма Борачиќ-Мршо

Селма Борачиќ-Мршо

 минути читање

Според спроведените истражувања во сите земји од регионот, жените се значително помалку застапени во медиумските содржини од мажите, што особено се забележува во процентот на цитирани експерти, присутни соговорници или коментатори на различни теми, на што укажува и кусиот преглед на литературата „Родот и медиумите“, објавен со поддршка на Британски совет, БИРН и Фондацијата „Томсон“.

Ова е особено случај кога станува збор за вести и „сериозни“ теми, вклучително политика и економија.

Во пракса, во повеќето случаи жените се прикажани во традиционални и семејни улоги, како мајки или сопруги, или се сексуализирани и објективизирани, што особено важи за жените коишто се јавни личности.

Сепак, дури и кога жените се вклучени како експертки, именките коишто обично се користат не се родово-сензитивни, што придонесува за нивно бришење од јазикот, а според лингвистката и феминистичката авторка Свенка Савиќ, ваквите регулативи доведуваат до тоа жените да останат невидливи во социјалната и политичката сфера. Тоа на крајот само ја зацврстува патријархалната концепција на жената во општеството.

Не треба да навлегуваме премногу во детали при истражувањето на медиумските содржини за да видиме дека доаѓа до израз употребата на машкиот род, особено кога се спомнуваат професии и титули, и покрај тоа што во граматиката на нашиот јазик постои женски род,” објаснува Селма Зулиќ Шиљак од „Медиа Центар“.

Во периодот од септември до декември 2021 година, четиринаесет младински медиумски редакции од шесте земји од Западен Балкан работеа поддржани со насочено менторство, со цел да ги унапредат уредувачките практики и креирањето содржини од различни области, вклучително почитувањето на родово-одговорните политики во нивните редакции, како и изготвувањето медиумски содржини посветени на проблемите и пречките за постигнување родова еднаквост во Западен Балкан. Оваа едукативна програма за младински медиуми се спроведе како дел од „Youth Strand“, во рамките на проектот „Media for All“ којшто го спроведуваат Британски совет, БИРН и Фондацијата „Томсон“, со координативна поддршка од „Медиа Центар“ од Сараево.

Од особена важност е да се овозможи менторство за родово-одговорните политики во медиумските редакции.

 Според извештајот на „Global Media Monitoring“, со оглед на актуелниот светски тренд на деградирање на положбата на жената во медиумската професија, ниската застапеност на жените во раководните структури на медиумите, и секако родовиот јаз во платите (на англиски јазик: gender pay gap), којшто доаѓа до израз во медиумската индустрија и е на штета на жените, медиумите имаат уште многу да работат за да создадат подобра и поправедна работна средина.

Во однос на светските трендови, девет младински медиуми, кои особено се фокусираа на родово-одговорни политики, доловија една малку поинаква слика за работата на медиумите кои ангажираат млади и пишуваат за млади. Имено, младинските медиуми го препознаваат проблемот со родовата нееднаквост во медиумите и се свесни за важноста да се промени оваа практика, како што и самите истакнаа за време на нивното претставување на регионалниот настан „Youth Strand“ и панел-дискусијата „Родово-сензитивните практики и младинските медиуми“, коишто се одржаа на 16 декември 2021 година.

Редакциите коишто се опфатени со програмата работеа на неколку значајни политики кои се својствени за работата на младинските медиуми. На пример, тие изготвија насоки за соработниците и соработничките, волонтерите и волонтерките кои се залагаат за употреба на родово-сензитивен јазик, како и насоки за спречување сексуално вознемирување на работното место и во работната средина, и ги развија своите мисии и визии на начин што укажува на важноста да се почитува родовата еднаквост во медиумите.

„Насоки за употреба на родово-сензитивен јазик“ е документ којшто е наменет за новинарите и новинарките од редакцијата, како и за соработниците и соработничките, волонтерите и волонтерките, коишто се ангажирани и работат во редакциите на младинските медиуми.

„Во основа, овој документ треба да биде дел од уредувачката политика, така што поимите што означуваат називи на работни места, професии, занимања, титули и работни места на жените да бидат наведени во женски род,” објаснува Селма Зулиќ Шиљак.

Милена Вујовиќ, којашто ја претстави работата на порталот „Мингл“, што работи во рамките на Белградската отворена школа, вели дека за општеството во Србија родовата еднаквост е сѐ уште далечен поим, но и дека младинските портали како „Мингл“ ја препознаваат важноста на овој проблем и во рамките на нивниот домен известуваат за овој проблем во Србија.

Новинарката од порталот „Мингл“, заедно со нејзината менторка за креирање родово-сензитивни содржини или содржини за прашања поврзани со родовата еднаквост, ги создадоа текстот и видеото „Зошто имам право да сум погодена од (не)воочливите практики на непочитување на жените?“, посветени на значењето на употребата на женскиот род во јазикот. Според Вујовиќ, Белградската отворена школа, како чадор-организација на порталот „Мингл“, и пред проектот имала своја политика за родова еднаквост, но за потребите на процесот на менторство делови од неа се дополнително разјаснети и елаборирани, за да биде појасно како ќе се применуваат.

Радио „О“ од Нови Сад, којшто е еден од медиумите со национална фреквенција во Србија, се залага за унапредување на родовата еднаквост.

„Сите ние веќе водиме сметка да употребуваме родово-сензитивен јазик. Но, немаме документи, ниту пак имаме креирано конкретни политики за тоа. За жал, во Србија нема доволно медиуми во кои се зборува на овие теми,“ вели Јелена Божиќ, новинарка од Радио „О“.

Младите од Новосадската школа за новинарство ги прават нивните први чекори како новинари во Радио „О“.

„Горди сме што можеме да употребуваме родово-сензитивен јазик во нашите стории, а ги учиме и младите како да го употребуваат. Сите сакаме да употребуваме родово-сензитивен јазик, но понекогаш не знаеме како да го спроведеме тоа во пракса, па прелистуваме книги и достапни извори за да научиме како да употребуваме родово-сензитивен јазик,“ вели Божиќ.

Едона Шала, новинарка од „KosovaLive“, вели дека нејзините колеги им предложиле на уредниците заедно да изготват документ за родовата еднаквост и употребата на родово-сензитивен јазик во нивните стории.

„Отсекогаш сме воделе сметка за тоа, но сега имаме и конкретен документ по којшто се водиме. Во моментов сме во фаза на финализирање на документот и потоа ќе почнеме да го користиме. Верувам дека ова е добар начин да се промовира родовата еднаквост и дека ќе биде од корист за сите,“ вели Шала.

Помладите генерации новинари се посвесни за употребата на родово-сензитивен јазик. Добар пример за тоа е Zoomer.rs, младински интернет портал создаден во рамките на заедницата „Е8“, со цел да влијае на ширењето на медиумската писменост и култура.

Немања Мариновиќ, којшто е извршен уредник на порталот, вели дека ги надополниле постоечките документи за родова еднаквост и дека сега имаат документи кои им служат како платформа за работа.

„Ја унапредивме употребата на родово-сензитивниот јазик, се обидуваме да го применуваме во нашите аудио и видеозаписи, но кога не би имале документи за тоа, младите кои доаѓаат немаат баш и некоја можност да размислуваат на таа тема. Тие велат дека „нивниот текст не звучи добро“. Им порачуваме да употребуваат родово-сензитивен јазик кога пишуваат, бидејќи текстот и со тоа ќе им биде добар,“ објаснува Мариновиќ.

Милена Вујовиќ од порталот „Мингл“ вели дека најлесно е да се работи на воведување родово-сензитивен јазик во медиумите и дека тоа е најмалку што секој еден новинар може да направи.

„Нашите јазици лингвистички и граматички го препознаваат родовиот јазик. Имаме воспоставено родови политики на кои треба да се работи, особено на аспектите на насилство, дискриминација и толеранција и заштита на човековите права,“ вели Вујовиќ.

Меѓутоа, Вујовиќ нагласува дека на Балканот сè уште постои практика новинарите и новинарките, како и уредниците и уредничките на медиумите да не ги спроведуваат меѓународните и националните стандарди за родова еднаквост и покрај тоа што постои законска рамка за тоа.

Во земјите од Западен Балкан, без разлика дали постојат какви било документи поврзани со родовата еднаквост во медиумите, нивната примена честопати не е задолжителна, па понекогаш водиме борба со ветерници.

Уште во 2011 година, во Босна и Херцеговина беше претставен прирачникот „Начини за надминување на дискриминацијата во јазикот во образованието, медиумите и правните документи“ од Јасмина Чаушевиќ и Сандра Злотрг.

Прирачникот е резултат на шестмесечната работа на проектот „Родово-сензитивен јазик во образованието, медиумите и правните документи“, финансиран со средства од финансискиот механизам за имплементација на Акциониот план за родова еднаквост во Босна и Херцеговина.

Правната рамка за прирачникот е Законот за родова еднаквост на БиХ (2003) и Законот за забрана на дискриминација на БиХ (2009 година). Овие нормативни акти се темелат на Универзалната декларација за човекови права и Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост.

Во БиХ, Законот за родова еднаквост пропишува и употреба на родово-сензитивен јазик и ја дефинира употребата на само еден граматички род како „јазична дискриминација“. Едноставно, потребно е да не се откажуваме и да ја искористиме секоја прилика да укажеме зошто е тоа важно, особено за работата на медиумите,” смета Селма Зулиќ.

Карин Хенрот Форсберг, поранешна претседателка на групата за родова еднаквост при Советот на Европа, нагласи дека во Западен Балкан сè уште е практика жените да ги напуштаат компаниите и да се откажуваат од нивната кариера со полно работно време кога тоа го налагаат семејните потреби.

„Ова води до тоа жените да продолжат да бидат мнозинство меѓу невработените и ниско платените лица,” вели Хенрот Форсберг. Таа смета дека медиумите се клучна алатка, бидејќи можат да влијаат и да ги обликуваат политичките програми. „Медиумите можат да влијаат на обликувањето на јавното мислење и мислењата на носителите на одлуки и можат значајно да придонесат да се подигне свеста. Исто така, важно е влијанието што го имаат медиумите во градењето и негувањето на вредностите и нормите,” нагласува таа.

Како заклучок, Селма Зулиќ Шиљак напоменува дека од огромно значење е и да се работи со уредниците на медиумите и да се применуваат политиките во пракса, а проектите како што е „Youth Strand“ се доказ дека промените се возможни.

„Следен чекор би било политиката да се спроведе во пракса и да се остави да заживее, бидејќи јазикот што се употребува е „жив“ и треба да се искористи неговиот целосен потенцијал. Се разбира, во овој контекст, уредниците и уредничките имаат своја улога да ја препознаат важноста да се употребува родово-сензитивен јазик, но покрај тоа, тие треба и да се свесни дека родово-сензитивниот јазик е само еден аспект на родовата еднаквост и дека треба да се посвети многу поголемо внимание да се отстранат штетните родови стереотипи од медиумските содржини,” вели Зулиќ.

За авторот:

Селма Борачиќ-Мршо

Селма Борачиќ-Мршо, во 2008 година дипломирала на отсекот новинарство при Факултетот за политички науки во Сараево и оттогаш, па сѐ до 2021 година, професионално се занимавала со новинарството во Радио Слободна Европа. Работела како уредничка на ТВ и радиоемисии и секојдневно пишувала вести, стории, интервјуа и анализи за портали. Таа во моментов е слободна новинарка, која се занимава со теми кои ги тиштат повеќето луѓе во БиХ.

Author

  • Селма Борачиќ-Мршо

    Селма Борачиќ-Мршо, во 2008 година дипломирала на отсекот новинарство при Факултетот за политички науки во Сараево и оттогаш, па сѐ до 2021 година, професионално се занимавала со новинарството во Радио Слободна Европа. Работела како уредничка на ТВ и радиоемисии и секојдневно пишувала вести, стории, интервјуа и анализи за портали. Таа во моментов е слободна новинарка, која се занимава со теми кои ги тиштат повеќето луѓе во БиХ.

Поврзани статии:

Во текот на изминатата деценија, невработеноста кај младите од Западен Балкан е прашање кое опстојува. Младите од Албанија, Босна
01 BHSC - Job Scarcity Drives Balkan Youth Away
Медиумските организации кои работат на развиени пазари со силна инфраструктура можат да се потпрат на лесниот пристап до информациите
Mjerenje-trzista-Prelazak-sa-grube-na-informisane-procjene.

Врвни стории од Journalift:

Capacity-building-as-a-necessary-investment-for-media-outlets
Post Author
Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се потребни на организациите и заедниците за да преживеат, да се прилагодат и да напредуваат во светот кој брзо се менува, е една од клучните алатки кои Фондацијата Томсон (ФТ) ги користи, заедно со менторството и грантовите, за поддршка на
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат
Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy

Теми:

Најнови статии:

Градењето капацитети како неопходна инвестиција за медиумите
Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се
Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден