Северна Македонија, Универзитетско радио УГД ФМ: нова веб-страница и мобилна апликација

 минути читање

JL naslovna Blog - Govornici GoceMK

Списокот на медиумски платформи, кои се дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, е збогатен со нова веб-страница и мобилна апликација, примарно фокусирани на потребите на младите и студентите. Goce.mk е новата платформа која има за цел да ја пополни празнината на медиумската сцена во Северна Македонија. Веб-страницата е дел од медиумското семејство на Универзитетот, кое се состои од радио – УГД ФМ, канал на Јутјуб и веб-страница.

Креиравме нова веб-страница и мобилна апликација, бидејќи во моментов нема мобилна апликација која им нуди можност на младите/студентите за брзи и корисни информации за нивните студии или настани што се од нивен интерес“, посочуваат од универзитетското радио, УГД ФМ.

Goce.mk, единица на Универзитетското радио УГД ФМ, ангажираше млади луѓе за креирање на содржините. Во моментов во Goce.mk работат осум млади новинари, претежно студенти, под менторство на искусните новинари од УГД ФМ. Новата веб-страница е креирана од нула – нов тим, идентитет на бренд и присуство на социјалните мрежи.

Сите млади новинари имаа обуки од наша страна, но и преку проектот „Media for All“ и сега се целосно подготвени да ја вршат својата работа“, вели, Игор Стојанов, проектен координатор и главен уредник во Goce.mk, додавајќи дека во претходниот седум месеци тие „објавија повеќе од 900 текстови и 2000 визуели за социјалните медиуми. И денес имаме повеќе од 5.000 фанови на Фејсбук и 20.000 посети на Goce.mk“.

Зборувајќи за „Media for All“, Стојанов посочува дека благодарение на проектот, тие успеале да направат целосна трансформација на Универзитетскиот медиумски центар. „Целосно ја променивме нашата претходна работна парадигма и се фокусиравме на дигиталната трансформација, за да бидеме поодржливи“, нагласи Стојанов.

Универзитетското радио УГД ФМ, ја искористи можноста – менторството и онлајн курсевите – за да го зголеми своето знаење не само за новинарството, туку и за развојот на бизнисот. „Нашите млади креатори на содржини се менторирани во овој дух, да размислуваат за содржини што може да се продаваат“, посочуваат од УГД ФМ.

Универзитетското радио УГД ФМ, работи во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“. Неговата програма се емитува во Штип и неговиот регион, но може да се следи и онлајн. Со работа започна во 2009 година, а програмата низ овие години, главно се фокусира на младите и студентите, но и на академското општество.

Универзитетското радио УГД ФМ е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од „Media for All“ грант шемата за развој на бизнисот. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од страна на Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Лошата практика на современото новинарство, според која, во борбата против конкуренцијата прво се објавуваат одредени информации а потоа се
Onlajn-novinarstvu-najvise-nedostaje-strpljenja
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со
00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion

Врвни стории од Journalift:

Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето и на користењето на платежните институции кои се нудат. Според голем број извештаи на релевантни институции и медиуми, тоа беше период на раст на е-трговијата и различните модели на претплата, кои се задржаа и денес, иако можеби не до
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор

Теми:

Најнови статии:

Зошто не треба да се откажеме од моделот на претплата?
Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето
Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени