Недостигот на работни места ги брка младите од Балканот

 минути читање

01 BHSC - Job Scarcity Drives Balkan Youth Away

Во текот на изминатата деценија, невработеноста кај младите од Западен Балкан е прашање кое опстојува. Младите од Албанија, Босна и Херцеговина и Косово масовно го напуштаат Балканот во потрага по подобри можности за работа и шанса за поквалитетен живот.  

„Иако постои невработеност во Косово, сметам дека докторите, адвокатите и архитектите не треба да се без работа. Но, платите се многу ниски; повеќето доктори во Косово работат приватно [тезгарат] за да заработат повеќе од просечната плата, бидејќи не им е доволна само државната плата“, изјави Гениста, 20-годишна девојка од Косово која студира биохемија на Универзитетот во Тетово со желба да се префрли на медицински студии на истиот факултет.

Гениста живее во стан со уште пет други цимерки во Тетово, па затоа ја почекавме додека да најде тивка просторија. Академската година е на самиот почеток, а таа е далеку од својот роден град Феризај (Урошевац) во Косово. Не беше лесно да се остави семејството, пријателите и родниот град во потрага по својот сон. Исто како оние кои ја напуштаат земјата поради недостигот на работни места, таа го напуштила својот роден град во потрага по подобро образование, за на крај да си ги зголеми шансите да најде пристојна работа.

„Искрено, ако не студирав да станам докторка, ќе заминев во странство, некаде во Европа, да студирам нешто друго, да работам и да имам подобар живот. Не би останала во Косово“, вели Гениста.

Според Заводот за статистика на Косово (ЗСК) младинската невработеност во 2013 година достигнала 31.0%. 

Работите не се сменети на подобро. Само минатата година, младинската невработеност изнесувала 30.5%. Може да се каже дека за ова е виновна пандемијата на Ковид-19, но ситуацијата била уште полоша во 2019 година кога стапката на младинска невработеност во Косово достигнала 34.7%.

Percentage of Youth Unemployment Rate in Kosovo

Босна и Херцеговина со години се соочува со бројни политички проблеми, ѝ недостасуваше само уште оваа криза.

Ерол Ханџар (25 г.), млад новинар од Сараево, тврди дека политичката ситуација се влошувала со текот на годините, не се случила преку ноќ. Според Ханџар, граѓаните се жртви на празните ветувања на политичарите кои користат зборови како „просперитет и напредок“ само за време на кампања – кога пеат серенади за подобар живот. Тој смета дека на крајот, граѓаните ќе се обидат да набават авионски билети до некоја подобра ветена земја, бидејќи ситуацијата нема да се подобри во ниту еден поглед. 

Капката која ја прели чашата беше кога на младите од Босна и Херцеговина им се сервираше наративот за „можен конфликт“ до кој може да дојде.

Претходниот Висок претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, донесе одлука за воведување нов закон со кој се забранува негирање геноцид и со кој таквото дело е казниво. Тој потег создаде голема тензија кога Милорад Додик, член на Претседателството кој ги претставува етничките Срби во Босна и Херцеговина, го искористи како уште еден изговор за да го блокира функционирањето на државните институции. 

Поради нестабилната политичка ситуација, младата генерација од Босна и Херцеговина ќе се потруди повеќе да ја напушти земјата.

Number-of-young-people-who-left-Bosnia-and-Hercegovina

Што носи иднината за младите професионалци?

Стапката на младинска невработеност предизвикува проблеми на Западен Балкан, бидејќи иднината на овој простор е несигурна. Работните места се ретки и општиот недостиг на економски стандарди и финансиска сигурност се причина да си заминат сѐ повеќе и повеќе млади.

Според студијата на босанскохерцеговскиот макроекономист Фарук Хаџиќ, професор на Сараевската школа за наука и технологија, „Германија очекува пад на работната сила од 37% за 10 години или 16 милиони работници, а овој факт несомнено ќе влијае на земјите од Западен Балкан како главни извозници на работна сила.“

Западен Балкан со години има проблем со невработеноста. Според Заводот за статистика на Босна и Херцеговина (ЗСБХ) процентот на невработени лица во Босна и Херцеговина во 2019 година изнесувал 15.7%. 

​Во Албанија, најголемиот процент на млади невработени е забележан во 2010, кога 31.5% од младите беа невработени. Многу студенти за актуелнава ситуација го обвинуваат образовниот систем и отсуството на културата на работа за младите, барајќи да се најде начин за инклузија на практиките како оригинален дел од наставната настава, а не само како формалност.

„Главната причина за младинската невработеност е фактот што студентите ретко се стекнуваат со практично искуство за време на универзитетските студии и работната пракса која се одвива главно како дел од наставната програма е повеќе како формалност отколку добро искуство кое ќе им послужи на студентите да се изградат на професионален план. Како резултат на тоа, голем број студенти не се подготвени да влезат на пазарот на трудот, бидејќи на повеќето места таму се бара искуство“, вели Гевио Табаку, претставник на Националниот студентски одбор

Во 2019 година, процентот на невработени млади достигнал 26.6% според „Инстат“ – Институтот за статистика на Албанија. Иако се забележува благо намалување во последната деценија, процентот на невработеноста останува висок. 

Unemployed youth in Albania

Практични решенија?

Дјелза Криезиу, 27-годишна девојка која заминала за Германија овој јануари, изјави дека не верува дека би останала, „барем не во денешно време во Косово“. 

Во Германија почнала да работи како дадилка, но набргу потоа почнала со стажирање или „Ausbildung“. Тоа е уникатна студиска програма која опфаќа учење, работење и заработување, за жал за која нема еквивалент во ниту една земја од Западен Балкан.

„Кај државните институции, во 99% од случаите луѓето се вработуваат преку пријатели или роднини, зафаќајќи го местото на некој кој учел и кој е подобар, но не ги знае ’вистинските луѓе‘“, вели Криезиу.

Повеќе од 11.5 милиони евра се наменети за Министерството за култура, млади и спорт на Косово во Младинската стратегија за периодот 2019-2023 г. со цел да се подобри состојбата на младите на возраст 15-24 години.

Осман Гаши, раководител на секторот за комуникации во Министерството за култура, млади и спорт изјави дека Министерството започнало со програма за практична работа за студентите на Универзитетот „Хасан Приштина“ во Приштина.

„Во текот на 2021 година, МКМС создаде неколку програми со цел да ја стимулира младинската вработеност: програми за развивање вештини за претприемништво и бизнис, грант-програми за поддршка на млади претприемачи, програма со практична работа за студентите од Универзитетот „Хасан Приштина“ во Приштина и Програма за економско закрепнување. Финансиската вредност е околу 1.400.000,00 евра“, напиша тој.  

Кога прашавме за резултатите од овие програми, не добивме никаков одговор.

На ниво на ЕУ, се одвива соработка со локалните власти во насока на подобрување на образовниот систем во сите земји-аспирантки за членство во ЕУ и заклучоците од Рига имаат за цел да ги подобрат стручното образование и обука, политика која треба да се спроведе во периодот 2021-2030 година. 

Исто така, од средината на септември 2020 година, Европската Унија го финансира проектот „Образование за вработување“ како дел од Инструментот за претпристапна помош. Општата цел на проектот е развојот на човечките ресурси во согласност со потребите на пазарот на трудот, односно „зголемување на релевантноста на образованието за пазарот на трудот преку кариерен развој и квалитет во високото образование, како и подобрување на капацитетите на човечките ресурси на сите нивоа во образованието.“

На 22 октомври 2021 година, Албанија инвестираше речиси половина милијарда евра (51,540,000,000 леки) со одобрувањето на новата Национална стратегија за образование за 2021-2026 година, која има за цел да го поврзе системот на високото образование со потребите на пазарот на трудот. 

Покрај ова, претходните три Национални стратегии за вработување и вештини се однесуваа на периодите 2019-2022 г.; 2017-2021 г. и 2014-2018 г.. Сепак, кога се обративме до Министерството за образование на Албанија во врска со исходот од претходните стратегии, не добивме одговор ниту за постигнатите резултати, ниту за трошоците. Добивме информација само за Националната програма за практична работа преку која во јавната администрација се вработуваат штотуку дипломирани студенти во период од 3 месеци, „а најмногу на 200 од најдобрите им се нуди договор на 1 година.“ Оваа практика се спроведуваше во периодот 2017-2021 година. 

„Поради невработеноста, младите од Западен Балкан се оставени без надеж“, вели Дјелза.

Децении исполнети со корупција, непотизам и лоши јавни политики придонесоа за јаловоста пазарот на трудот на Западен Балкан кога станува збор за можности за младите. Владите на земјите од Западен Балкан треба да почнат активно да работат за подобрување на ситуацијата на младата генерација, во спротивно ќе се соочат со голем ризик од постојан „одлив на мозоци“, додека, пак, остатокот од работоспособното население старее.

Автори: Реџо Ефендиќ (Босна и Херцеговина), Иљда Курти (Албанија) и Аднита Пацоли (Косово)

Дванаесет тимови, составени од по тројца млади новинари, од најмалку две различни земји од Западен Балкан, со поддршка на искусни ментори, осум седмици работеа на создавање на регионални приказни, фокусирани на младите. Приказните беа развиени низ програмата, „Media for All“, која е финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Одговорноста за содржината и ставовите изразени во овие приказни, ја имаат самите автори.

Поврзани статии:

Гледајќи го од страна медиумскиот бизнис, но често вклучен како консултант или соработник на некои проекти, забележав дека постојат
Според Меѓународната организација на трудот, Ковид-19 диспропорционално ги зафати младите од Балканот, предизвикувајќи невработеност, несоодветно образование и проблеми со

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за