Неколку предлози како од Јутјуб да го извлечете максимумот

 минути читање

Nekoliko predloga kako da od YouTube-a izvučete maksimum

Прво, да ги поставиме на место основите и да одговориме – колку навистина е голем и важен Јутјуб ?

Јутјуб  е втората најпосетена страница во светот, пред Фејсбук, Википедија, Амазон, Инстаграм и многу други. Сепак, можеби е поважно да се знае дека Јутјуб  е и втор најпопуларен пребарувач во светот и дека сè поголем број, особено млади луѓе, го започнуваат своето пребарување токму тука.

Во просек, корисниците дневно поминуваат 19 минути на Јутјуб , а повеќе од 90% од популацијата на интернет, го посетува овој сајт секоја недела. Корисниците што го посетуваат преку мобилен телефон, трошат малку помалку време, но гледаат двојно повеќе различни клипови за време на нивните сесии.

Најбројната публика е на возраст од 25 до 44 години, но мрежата е толку голема, што покрива публика од 9 до 99 години. Јутјуб,  во 2021 година, генерира приходи од реклами во висина од 28 милијарди долари, што претставува зголемување од 46% на годишно ниво.

Накратко - – Јутјуб е проклето голем и важен, и одлична можност да прикажете дел од вашите содржини, но и да пренесете порака - затоа што луѓето веќе се таму.

Исто така, за многу автори, Јутјуб е можност и тие самите да станат медиум, а тој претставува и сериозен извор на приходи, по многу вертикали, но најчесто - од прегледи, партнерства и спонзорства, претплати и донации, продажба на сопствени производи (гардероба, шминка, музика, игри, реалити ТВ) и бројни други работи.

Како изгледаат работите од локална перспектива?

Како изгледаат работите од локална перспектива?

Ако сте независен креатор на Јутјуб, свртен кон локалниот или регионалниот пазар, сликата не изгледа премногу розова кога станува збор за комерцијализацијата. Брендовите соработуваат со најголемите, им треба многу време за да забележат нови канали, а заработката од прикажувањето е една од најниските во светот. Дури и кога постои можност за донации и членарини, нашите корисници просто немаат навика да плаќаат за содржина, а често и не се во можност, поради нискиот животен стандард.

Големите креатори на содржина, сепак, и од ова заработуваат значително, но многумина кои ќе се свртат кон одредени специфични ниши, едноставно никогаш не можат да имаат толку масовна публика.

Потенцијалната можност, која не треба да се занемари, е тоа што имаме бројна дијаспора во најразвиените земји во светот, па тие можат да бидат потенцијален извор на приходи.

Кога станува збор за вториот аспект на сeто ова, а тоа е популарноста – привлекувањето на внимание, промоцијата и допирањето до публиката, ситуацијата е многу подобра, бидејќи нашите луѓе навистина многу го конзумираат Јутјуб и постојат реални шанси, доколку следите некои едноставни правила, со текот на времето да изградите значителна публика на оваа платформа, но секако и социјална мрежа.

Во време кога речиси сите други мрежи прават сè за да го намалат органскиот дофат на вашите објави, има смисла да се фокусирате на оние места, кои ѝ овозможуваат на вашата содржина да допре до публика, на која таа може да ѝ биде интересна.

Што навистина е важно, доколку сакаме да настапиме на Јутјуб?

Тешко е ова за почеток да се сведе на некоја разумна рамка, бидејќи секогаш постои простор за унапредување, но, ајде да тргнеме по ред:

1. Направете канал и одвојте време, пополнете го убаво и опремете го со брендинг, додајте ги сите релевантни линкови и профили на социјалните мрежи, пополнете ги убаво и детално сите текстуални описи, за да може, доколку некој ве бара, лесно да ве најде. Што се односува до времето, овој експеримент е нешто што има смисла на долг рок - орочете го на најмалку 6 месеци. Можеби ќе полета и порано, но ако немате среќа, 6-12 месеци се оптимално време да видите дали вашата приказна има смисла.

Набавете оптимален сет на опрема за снимање.

2. Набавете оптимален сет на опрема за снимање. Многу е неблагодарно да се каже што е ова, но факт е дека денес речиси сите, во својот џеб, носиме уред кој има доволно добра камера, во пристојни услови на светлина, да направи добро видео со Full HD или 4K квалитет. Без разлика дали на располагање имате телефон, GoPro или некоја посериозна камера, тоа е само еден дел од равенката.

Вториот, често и многу поважен елемент, е звукот. Многу е важно тој да биде чист и јасен. Ако се работи за говорна содржина, предлогот е да купите бубачка, а доколку имате и соговорник, постојат и двојни бубачки што се користат за интервјуа и тоа ќе ве чини околу 30 евра. Доколку снимате амбиентални звуци (на пример, готвење, работење во работилница итн.), и ако тоа е поважно од самата приказна, купете мал, насочен (т.н. shotgun) микрофон, кој можете да го најдете во продавниците за фотоопрема, веќе од околу 40 евра.

Оптималната продукција значи - доволно добра. Не се работи за телевизија или за  високобуџетна реклама или серија. Јутјуб трпи недостаток на продукциски квалитет, доколку содржината е интересна и динамична.

3. Направете план на активности. Јутјуб сака редовност и предвидливост, а најмногу сака доколку секој ден објавувате содржини. Ова е т.н daily upload (секојдневно прикачување) и тоа ви гарантира дополнителна видливост и фаворизирање, во рамките на платформата. Се разбира, тоа не значи дека треба секој ден да снимате содржина, можете еден ден да снимате материјал за цела седмица, а потоа истиот да го поделите. Можете дадената содржина да ја препакувате во пократки формати (погледнете како тоа го прават подкастерите или оние кои снимаат долги форми на интервјуа).

Размислувајте долгорочно. На пример, освен она што го снимате според планот, да кажеме интервју со некого, по снимањето замолете го гостинот да остане уште неколку минути и направете сет на блиц прашања и одговори. Освен што можете и ова да го објавите како интересен материјал, можете да комбинирате и повеќе гости, кои ќе одговараат на исто прашање, а со текот на времето тоа може да стане интересен лексиконски формат, што ќе го објавувате еднаш неделно. Истражувајте, инспирирајте се од другите и креирајте сопствени верзии на формати, кои добро би функционирале и за другите.

4. Посветете време за подготовка на содржината за објавување. Помогнете ѝ на вашата потенцијална публика да ве забележи и да ве најде, но помогнете му и на Јутјуб адекватно да ве сервира.

За секое видео направете добар наслов, што ќе ги содржи сите најважни работи што луѓето ги бараат, напишете детален и целосен опис со релевантни линкови до социјалните мрежи и до содржините на кои се повикувате во видеото. Пополнете ги ознаките правилно, односно, во нив запишете ги сите зборови и фрази (2-3 збора заедно), кои се однесуваат на содржината на тој видеозапис. Одвојте време и направете релевантна, но интересна и атрактивна визуелна (thumbnail) содржина. Доколку содржината е долга, направете временски печати (timestampѕ) т.е. поделете го на секции, за да може корисникот лесно да го најде тоа што го бара.

Зошто го правите ова? Текстуалната содржина му помага на алгоритамот да разбере кому да ве сервира, а визуелната (thumbnail) ви помага да ги привлечете корисниците на кои им се сервира содржината, да ви обрнат внимание. Колку поголем процентот на луѓе, кои го гледаат вашето видео на листата, ќе кликнат на него, под услов тука да останат подолго од неколку десетици секунди, толку повеќе алгоритамот ќе ве форсира.

5. Занимавајте се со вашата заедница. Следете ги коментарите, одговарајте на нив и уважувајте ги доколку имаат смисла. Во вашата содржина, прашајте ги луѓето и поканете ги да ве следат/да се претплатат, да го ‘лајкнат’ видеото ако им се допаѓа (да, ова успева) и поканете ги да ви постават прашања и коментари на Јутјуб. Толку многу пати споменатиот алгоритам сака интеракции и во својот внатрешен систем на бодување, фаворизира содржина што предизвикува интеракции.

Јутјуб, воедно, ви нуди можност да го активирате jaзичето Заедница (Communtity), што во суштина е место каде што можете да објавувате вести и содржини за дискусии, како и анкети за корисници и ова е, исто така, одлично место за собирање на повратни информации и за генерирање на активност на вашиот канал.

6. Следете ја аналитиката и приспособувајте се. Можеби ова е премногу напорно, но, со оглед дека денес сè повеќе медиуми се свесни и имаат знаења за Гугл Аналитикс (Google Analytics) и слични алатки, тогаш има смисла да се впуштите во сите метрики што постојат во рамките на аналитиката на Јутјуб.

Многу брзо ќе дознаете кои се претставниците на вашата публика по сите параметри - пол, возраст, геолокација и слично. Ќе дознаете колку време, во просек, поминуваат гледајќи ја вашата содржина, во кој момент постои значителен пад на интересот, ќе видите што функционира подобро, а што полошо.

Користете ‘во живо’ (live) и премиери, кога имате услови и потреби

7. Користете ‘во живо’ (live) и премиери, кога имате услови и потреби. Уште една  работа што Јутјуб ја сака, се корисниците кои ја репродуцираат содржината во живо (ѕtreaming). Ова бара труд, не остава простор за грешки кои можете да ги решите при монтажа, но може да биде многу интересно. Исто така е особено вредно доколку за време на сесиите во живо, имате интеракција со вашите гледачи во делот за разговор, бидејќи тоа потоа ја подобрува дискусијата и го прави самиот материјал подобар и порелевантен.

Доколку снимањето во живо не е опција, можете, во однапред закажано време, како премиери да пуштате однапред снимени материјали, каде што ќе имате и можност за интеракција и коментирање со вашите гледачи, како да е во прашање сесија во живо.

Заклучок

Јутјуб бара време, знаење и ресурси, но може да ви даде многу. Доколку сте веќе видливи, имате медиум и соработка со спонзори, отворањето на ваков дополнителен канал за пласирање на промотивни содржини, може да ви претставува сериозен стимуланс, бидејќи колку добро и да поминуваат класичните реклами, фактот што луѓето можат да ја  брендираат содржината, да имаат свој производ или лого во видното поле на камерата, има навистина посебна магнетска привлечност за многумина.

Анализирајте и следете што прават другите. Немојте да ги копирате, туку размислете како можете да ги оплемените и прилагодите нивните идеи, кон вашата публика.

Во таа смисла – ова инвестирање, пред сè инвестирањето на време, е значајно, но потенцијалот е голема и добра можност за исчекор. Со добро планирање и организација, ова воопшто не мора да биде толку голема задача, а може да биде многу динамично и интересно искуство, но и одлична можност да стекнете нови знаења и уште подобро да ја запознаете вашата публика.

Иван Миниќ е професионалец за маркетинг и ИТ со меѓународно искуство. Тој е основач на една од најголемите онлајн заедници во балканскиот регион, која брои повеќе од 2 милиони корисници (Бурек форум), и самостоен претприемач со неколку покренати бизниси (Моја Пијаца, Бургос – бургер бар). Иван е домаќин и уредник на Појачало – подкаст за претприемништвото, кој достигнува до 5.000 претплатници. Тој соработувал и со медиуми од Србија и од Босна и Херцеговина, на кои им помогнал да го развијат своето присуство на интернет и да ја зголемат својата публика. На студентите по дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград, им предавал Менаџмент на проекти.

Поврзани статии:

Жените и натаму се недоволно застапени во медиумите на Балканот, што ја потврдува родовата нерамнотежа и покажува постоење на
BIRD Directory: Bridging the Gender Gap in Balkans
Поткастот како формат, во последниве години, доживеа раст како на глобално, така и на локално и регионално ниво. Има
7-pitanja-na-koja-treba-da-date-odgovor.

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за