Дали знаете дека во последните десет години, поради нивната работа, се убиени повеќе од 70 новинарки? За среќа, на Западен Балкан такви случаи немало веќе три децении, но животот на Оливера Лакиќ, новинарка од Црна Гора, во 2018 година беше сериозно загрозен, кога беше ранета. Како и нивните колеги новинари, така и новинарките се цел на закани и коментари, но не само поради квалитетот на нивната работа, туку и поради нивниот физички изглед, поради брачниот или родителскиот статус. Физичките и вербалните закани, демнењето, трол кампањите на кои се изложени новинарките, се особено вознемирувачки, бидејќи често мета на насилниците се и семејствата на новинарките, особено нивните деца.
За да им помогнеме на колешките од регионот, Томсон медиа, во соработка со Наташа Ковачев Крстин, подготви курс за новинарките од Западен Балкан. Целта на курсот е да им се помогне на новинарките, навреме да препознаат различен вид на насилство, како да реагираат на него, но и како да ја зголемат сопствената отпорност и да им пружат поддршка на колешките на кои таа им е потребна.
Како може да ви помогне нашиот курс?
Курсот за безбедност на новинарките е развиен во насока да има два неразделни модули:
Безбедноста на новинарките во реалниот живот ќе ви помогне да:
- Препознаете различни видови насилство;
- Реагирате на начин, кој ќе ви помогне да преземете контрола;
- Им пријавите на надлежните институции дека сте загрозени;
- Ги разберете законот и судската пракса – кои дела се казниви и како се процесираат;
- Дознаете кои се обврските на државата во однос на спречување на насилството врз новинарките;
- Ги надминете можните последици од насилството и да ја зајакнете својата отпорност.
Безбедноста на новинарките во онлајн опкружувањето ќе ви помогне да:
- Научите како да препознаете онлајн вознемирување;
- Реагирате соодветно во случај на онлајн напад;
- Пријавите онлајн вознемирување;
- Ги разберете правниот аспект на онлајн насилството и потенцијалните санкции;
- Зајакнете и да се изборите со психичките последици од онлајн насилството.
Како да се пријавите на нашиот курс?
Овој курс има едноставен формат и достапен е само преку апликацијата Вотсап. Користејќи го својот мобилен телефон, дознајте повеќе за безбедноста во реалниот живот и во онлајн опкружувањето.
За да започнете со курсот следете ги следниве чекори:
1. Кликнете на линкот на веб-апликацијата Вотсап, кој ќе ве однесе до курсот на вашиот јазик.
2. Изберете Continue to chat
3. Изберете дали сакате да ја преземете апликацијата Вотсап или ќе користите веб-веризја.
4. Бидејќи го скенирате QR кодот со телефонот, системот ќе ве препознае и можете да започнете со курсот на вашиот телефон, внесувајќи го кодот 3600
5. Следете ги пораките кои ви пристигнуваат на Вотап и одговарајте на прашањата.
Сертификат
По успешното завршување на вториот модул, учесничките имаат можност да добијат сертификат од Фондацијата Томсон, за успешно поминување на курсот.
Должина на курсот
Вотсап курсот го поминувате со сопствено темпо, во време и на место кои најмногу ви одговараат. Просечно време за поминување на курсот е до 2 часа.





